Јун 27, 2009

„Нико Нестор“ и од септември со исти проблеми

Средните училишта Нико Нестор и Ибраим Темо, многу веројатно и од септември ќе се соочат со старите проблеми. Министертвото за образование излез гледа во изградбата на новите училишта за кои веќе имаше распишано тендер. Но градежни зафати сеуште нема поради натегањето помеѓу централната и локалната власт.Ќе се решат ли проблемите во средните училишта Нико Нестор и Ибраим Темо?  Многу веројатно дека и покрај желбата и на локаланата и на централата власт, за надминување на проблемите во овие училишта, учениците и годинава ќе ја поминат на стара локлација и со исти проблеми.  „Министерството з…

Јун 27, 2009

Охриѓани го сакаат албанското море

На самиот старт од  сезоната на летните одмори голем број охриѓани, во зависност од стандардот и желбите ќе заминат на летување или пак ќе останат дома.Од туристичките агенции се задоволни од досега продадените летни аранжмани за Грција и Турција. Охриѓани  посебен интерес пројавиле за летување на Јонското море во Валона, соседна Албанија вели Елида Битрак од ТА „Елида Турс“. Додава дека оваа дестинација е барана пред се заради близината, добрите плажи, се подобрата услуга и пристапните цени. Годинава изостана интерсот на Охриѓани за летување во Црна Гора заради високите цени, и во Бугарија…

Јун 27, 2009

Побарувачка за купување станови има, но нема понуди

Во моментов во Охрид најбарани се викенд становите со големина од 30 до 45 метри квадратни и тоа во Централното градско подрачје, Билјанини извори, Расадник и Болничкиот комплекс. Во зависност од местоположбата на становите цените се движат од 600 до 1500 евра по метар квадратен вели Никола Иванчиќ од агенцијата за недвижности „Ваш-Наш Дом“. Побарувачката за купување станови во Охрид има, но нема понуда и цените се на исто ниво како и лани  кажува Иванчиќ.  „Растот или падот на цените е во зависност со понудата и побарувачката, а некој драстичен пад на цените нема, а понуди за  просторни мо…

Јун 26, 2009

Конференција за справување со отпад

Се отвора процесот за донаторска конференција за помош на спроведување на законот за рециклирање на пластика  во Општина Охрид. Начинот на воспоставување на законот за регулирање на работа ќе оди во две фази и по бугарски терк. „Целта е да го отвориме процесот, да биде транспарентен, да биде јавен и на крај да биде онаков каков најмногу ќе им одговара на граѓаните“, вели Тоска„Големи амбасади во Реп. Македонија располагаат со средства кои можат да се искористат во процесот за заштита на животната средина. Истите се движат од две или три илјади  до десет илјади евра кои ЈП Комуналец може да …

Јун 26, 2009

Во средното угостителско училиште има слободни места

Во ОУТУ Ванчо Питошески сеуште има места за најатрактивните струки: келнер, готвач и хотелско угостителски техничар. Овие три профили во образованието се мошне важни и очекуваме голем интерес во вториот уписен рок, вели директорот на угостителско.Матурантите на генерација 2008-2009год, велат дека ја постигна целта на својата определба. Повеќето од нив дадоа  добри препораки за ова средно училиште.Професорите велат дека се повеќе средношколците одбираат своето образование да го продолжат во стручните школи. Повеќето од учениците наменски го завршуваат средното образование определувајќи се ст…

Јун 26, 2009

Руралниот туризам во слаб подем

Охридското подрачје покрај езерскиот туризам има голем капацитет за развој на еко или селски туризам. Природни убавини има на претек во селата како што се Лакочереј, Скребатно, Елшани, Велестово од цркви па се до излетнички места. Во околината постои и ликовна Галерија сместена во селото Белчишта, а која досега не им е презентирана на туристите иако поседува околу 500 уметнички дела од домашни и странски уметници.Секторот за туристички и локален економски развој организира  разни манифестации како Ѓомлезијадата или  Лето 2009 со кои  нуди и развој на руралниот туризам.Но, на странските тури…

Јун 25, 2009

Од први јули летен режим на сообраќај

Советниците денеска ја изгласаа оваа одлука, но со забелешка дека на Охрид му недостасува сообраќајна студија за режим на сообраќај за преку цела година. Советниците ја изгласаа Предлог Одлуката  за изменување на одлуката за организирање на режимот на сообраќај во општина Охрид. Градските избраници денес презентираа идеи за подобро организиран сообраќај во Охрид, но сепак на крај дадоа зелено светло за летниот режим на сообраќај, идентичен на оној од мината година.Советничката од НСДП, Верица Хајба, не се согласува со моменталниот статус на сообраќајниот режим иако го прифаќа. Таа рече  дак…

Јун 25, 2009

Како се трошат буџетските пари

Изгласана Предлог  одлука  за усвојување на Извештајот за  остварување   на буџетот за периодот од 01.01.-31.03. 2009 год. Советниците од ВМРО ДПМНЕ со низа забелешки за потрошените пари.Советниците од ВМРО ДПМНЕ со низа забелешки за потошените пари.„Џабе ќе бидат жалопојките некој не блокирал, со ваков буџет ќе си се блокираме сами“, рече советникот Дејан Паноски.„Прв пат го гледаме извештајот за потрошените средства од буџетот за општина Охрид. Ваков слаб извештај, немам видено, вели советникот Дејан Паноски. Но и покрај забелешките изнесени од страна на  советниците од ВМРО ДПМНЕ за изве…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top