Владо Чингоски е новиот член на кабинетот на Петрески, и ќе го советува градоначалникот од правен аспект. Со тоа не е загрозено моето место вели Димитрија Вревезоски. Правно административен советник за прв пат во кабинетот на градоначалникот Петрески. Од неодамна екс председателот на советот на општина Охрид, Владо Чингоски ја доиби одговорноста да се грижи околу правните одлуки на советот. Старешинското место на секретарот не е загрозено вели Чингоски и додава дека тој се јавува исклучиво во советодавна улога на кабинетото на градоначалникот.Се става крај на бројните шпекулации кои на гол…
Овој случај треба да ни биде опомена дека во иднина градежните фирми треба да водат многу повеќе внимание за обезбедување на вработените, но и на околината на објектите каде се вршат градежните зафати.Утрово се сруши градежно скеле, во момент додека работниците ја фасадирале зградата. За среќа освем матријална штета, нема други последици. Во моментот кога се срушило скелето, во близина на објектот немало минувачи, ниту пак цеца кои често тука играат.ТВ М еден час по немилиот настан отиде на лице место. Глетката која ја затекнавме беше ужасна, но за тоа никој од станарите кои живеат во овој…
Ги Фулон вечен трагач по симболи и знаци повторно со изложба во Охрид. Со 66 фотографии во црно бела техника, 33 посветени на Охрид и 33 на Париз, вечниот трагач по симболи и знаци, Ги Фулон после две години е повторно во Охрид со нова изложба. Оние кои имаа можност да ја погледнат изложбата се воодушевени од овој стил на документарна фотографија. Преку сликите се чувствуваат искрени и топли моменти на заљубен човек во двата града. Ги Фулон е роден Парижанец кој започнал да слика аматерски од својата 13 година, а посериозно се посветува на фотографирањето од почетокот на втората светска вој…
Жителите од Подмоље, Лескоец, Велгошти и Пештани и ова лето ќе останат без приклучок на канализациона мрежа. Повеќе од 7 месеци од Републичкиот фонд за патишта молк околу давањето дозволи за прекоп на магистралните патишта М5 И М8. И овој пат изостана одговорот во чиј лавиринт е заглавена работата.Исто толку време помина и од ветувањето на Министерот за транспорт и врски дека ќе помогне да се реши овој проблем. Од локалната самоуправа потврдуваат дека до денес од Републичкиот Фонд за патишта нема издадено дозвола и работите сеуште тапкаат во место. Главните канализациони цевки треба да по…
Случајот на 4 годишно дете од Прилеп ја вознемири македонската јавност. Место за паника нема, велат медицинските тимови на Охридскиот аеродром. Досега нема пријава на авио екипажот за патник со сомнителни симптоми. Охриѓани со поделени ставови, но повеќето се оптимисти.Свинскиот или мексичкиот грип наголемо го тресе светот од епидемиолошки размери. Се појави и во нашата држава. Температура поголема од 38, кашлање, болки во грлото и телото, главоболка, треска, повраќање и пролив се симптомите на грип. За жал еден од овие симптоми може да биде показател и за новиот тип на вирусот А Н1Х1. Дено…
Законските регулативи за почитување на работното време на локалите, ноќните клубови и барови како и присуството на малолетни лица и нивно алкохолизирање тема на состанокот на кој беа присутни стручни лица од областа на полицијата, инспекциските служби и секторот за екологија. Мирна и безбедна сезона во Охрид. Ова го ветуваат вработените во Свр Охрид, но и сопствениците на ноќни локали, барови, кафулиња и дискотеки. Тони Филипов Виш инспектор при СВР Охрид на денешниот состанок со споменатите субјекти најави организирано започнување на летната сезона.Еден од клучните проблеми со кои се судру…
Со овие т.н предни канцеларии Охрид и Струга се вброја во редот на ретките градови чии локални власти на современ начин комуницираат во секојдневното решавање на предметите и барањата на граѓаните.Во Охрид и Струга, од денеска официјално започнаа со работа општинските центри за услуги. Почетокот на работата на сервисниот центар го означија градоначалниците на Охрид и Струга, Александар Петрески и Рамиз Мерко и евроамбасадорот Ерван Фуере.„Новиот општински центар за услуги е од големо значење за Охриѓани, а особено за граѓаните од околните населени места, кои ќе можат на едно место да ги под…
Фестивалот на Францускиот филм во Охрид ја донесе и првата проекција на годинешниот репертоар. Со симболичниот наслов „Добредојде“, режисерот Филип Лиоре длабоко ја трогна филмската публика. „Добредојде“ е прекрасен филм која има пораки за две љубовни приказни, едната во замирање, а другата во зачеток која за жала нема да се круниса како што се очекува и третата која говори за емигрантите во Франција вели филмскиот критичар Ѓоко Симјаноски. „Филмот го опишува животот на емигрантите во Франција и како земјата се справува со овој проблем. Филмот ги отвара прашањата како Владата се справув…