Надворешната реконструкција на Куќата на Уранија е целосно завршена вели директорот на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска.
Со сегашниот идентичен изглед на овој објект, се побија реакциите на е дел од стручната јавност дека Охрид со рушењето на „Куќата на Уранија “ ќе го загуби последниот автентичен објект. Паскали Бунташеска објаснува дека неопходно било објектот да се сруши заради нарушената статика, а свое стручно мислење претходно дале од Градежниот факултет во Скопје. Во тек се внатрешните зафати и уредување на дворното место. Со внимание ќе се изведуваат и работите при внатрешн…
Се нарушија односите помеѓу локалната самоуправа и Жителите на Пештани. Најавената денешна средба не се спроведе во целост. „Контактирам со месни заедници а не со иницијативни одбори“, вели Петрески. „Маките на Пештанци ги слушнав пред една недела на средба со Месната заедница“, додаде тој. Градоначалникот одбил да разговара со 13 -те Пештанци и претставниците на месната заедница, обвинуваат тие.„Во Пештани е вистински хаос. Само се ветува а ништо не се исполнува“, вели и Боре Туркалески.Од локаланата самоуправа пак имаат друга приказна. Се оградуваат дека не сакаат да ги решат проблемите…
„Цените на земјоделските производи на Охридскиот пазар, безобразно високи“, велат граѓаните. Со иста констатација и производителите. Охриѓани туристи во сопствениот град. Иако на градскиот пазар има шаренило од овошје и зеленчук, цените се толку високи што ретко кој може да си го приушти задоволството да си купи она што ќе посака.И земјоделците-производители сметаат дека цените на нивните производи се прилично високи за овој период. „Меѓутоа притиснати од бројните давачки принудени сме истите да ги нудиме по овие цени“, велат тие.Продавачите за да ја формираат својата цена поаѓаат пред се о…
Алармантен податок од центарот за дијабет при општа болница Охрид. 4824 пациенти е моменталната бројка на регистрирани дијабетичари во Охридскиот регион меѓу кои 1500 се на инзулино терапија. Бројот од ден на ден се зголемува за по 1 до 2 нови случаи. Оваа загрижувачка состојба произлегува како резултат на повеќе фактори, меѓу кои доминира стресот, велат од Центарот за дијабет при општа болница Охрид. Одговорната на овој оддел Зоре Димоска, кажа дека и старосната граница на пациентите исто така е дискутабилна. Таа е спуштена на 30-50 годишна возраст.Корисниците на дијабет терапијата сметаат…
Животниот пат од Охрид го одвел на Педагошката школа во Битола, а потоа на факултетот за ликовни уметности во Скопје. Упевче твори во сите ликовни техники и неговите слики се наоѓаат на сите четири страни од светот. Тој е познат по техниката сув пастел ,една од потешките техники која се работи со прсти, но твори и во сите останати техники. Сите слики ми се подеднакво драги вели Упевче. Уметникот постојано се носи со мисла дека следната слика која ќе ја изработи ќе биде поубава и во секоја следна имегинација на сликарот се вткајува целото негово ликовно искуство. Но , Упевче признава дека с…
Денес околу 15 часот во село Велгошти пронајдено е машко безживотно тело. Крим техника од СВР Охрид работи на расветлување на случајот. Неофицијално дознаваме дека се работи за самоубиство, кое е извршено со скокање од карпа во атарот на селото Велгошти. Станува збор за лицето А.К роден 1950 год. Кој во СВР бил пријавен како исчезнат од ноќеска. Од СВР Охрид потврдуваат дека на лице место извршен е увид од СВР, Пастолог, истражен судија и јавен обвинител. На телото на починатиот не се пронајдени траги на насилство.{loadposition content9}
Со свечено дефиле низ охридската чаршија учесниците на Балканскиот фестивал го означија почетокот на годинешното 48 –мо издание. Манифестацијата за отворена ја прогласи претседателот на Македонското Собрание, Трајко Вељаноски. Тој истакна дека големиот број ученици на фестивалот ја потврдуваат универзалната категорија на музиката која не познава граници, дневна политика, јазични и културни бариери. Македонскиот народ е познат по тоа што преку народните песни и игри ги изразувал своите чувства , кога бил среќен или тажен, кога заминувал на печалба или кога се борел за слобода при тоа кажа…
СВР потврдува дека непознат сторител одзел незначителна сума на пари и златен крст. Од таму, најавуваат расветлување на случајот и кривична пријава против сторителот.Тешка кражба во црквата Св Јован Канео. Непознат сторител влагол во внатрешноста на црквата со употреба на подесувачки алат, со што извршил кршење на катинарот од влезната врата на црквата, потврдуваат од СВР Охрид. Од цркавата одземени се незначителен дел парични средства и златен крст со димензии 40 цм, изјавија од СВР Охрид.Од СВР Охрид потврдуваат дека годинава до сега се извршени 2 кривични дела тешка кражба на верски обје…