Сите погледи кон небото. Денот на отворање на фестивалот „Охрдиско лето е тука но, дали грандиозниот настап на Мориконе ќе пропадне во вода? Дали постои друга опција, освен античкиот театар како место за почеток овој гламурозен настан? Спортската сала Билјанини извори која изминативе години беше каква таква опција, годинава неможе просторно да му излези во пресрет на организаторот на фестивалот. Останува да видиме кои опции се во игра, ако воопшто ги има и дали Спортската сала се враќа повторно во игра како опција?{loadposition content9}
Реакција на група граѓани од месноста Даљан. Стојан Стојаноски, во име на поголема група граѓани, жители крај Грашница, реагира на вчерашната изјава на директорот на Ј.П „Проаква“, Бранислав Трпчевски.Фекалиите кои што се влеваат во езерото во делот кај Грашница, според граѓаните, се резулатат на неработењето на колекторскиот систем,заради заштеда на електрична енергија. Трпчевски вчера изјави дека тоа се случува поради приклучувањето на диво во атмосферската инсталација и фрлање цврст отпад во фекалната.Стојан Стојаноски, во име на групата граѓани жители крај Грашница, ја негира изјавата н…
Денеска од касарната „Михајло Апостолски“ Охрид, свечено беше испратен македонскиот армиски контигент во мировната мисија „ИСАФ“ Авганистан. Нашите војници беа испратени со достојни пораки упатени од високиот државен врв.Свечениот чин на испраќањето на македонските војници во Авганистан помина на високо државно ниво. Во присуство на Претседателот на РМ и врховен командант на армијата Ѓорѓе Иванов, македонските војници учесници на мировната мисија „ИСАФ“, беа назначени како најдобри македонски амбасадори на демократијата подготвени за најголемата и најсложена мисија. Претседателот на држават…
Сопствениците на кафулињата на Самоилова, од ден на ден поставуваат се помасивна урбана опрема која ја стеснува улицата. Раководителот на секторот за урбанизам, Бранко Арнаудовски пред еден месец за ТВМ кажа дека во времените дозволи кои ги издаваат, сопствениците на угостителските објекти имаат дозвола да постават минимална урбана опрема.Реалната слика на терен покажува нешто сосема друго. Ионака тесната улица и без урбана опрема, сега речиси и ја губи својата функција на сообраќајница. Со овој секојдневен проблем се соочуваат жителите од Месокастро, за кои, во одредени ситуации, оваа улиц…
Фестивалот на народни песни и ора „Балкански фестивал“, завршува утре со настапот на ансамбли од Грција и Србија. Гостите учесници на фестивалот воодушевени од организацијата, од убавините на Охрид и од луѓето во градот.Вечерва настапува токму ансамблот од Хрватска, по него следат и ансамблите од Северен Кипар, Никозија и Косово. Со претстсавување на културните друштва од Грција и Србија завршува овогодинешниот Балкански фестивал. Со свое присуство нема да не удостои најавуваната атракција од Нигерија-Африка.„Фестивалот е можност на многубројни фолклорни групи од земјава и од светот да им г…
Во овие топли, летни денови граѓаните најдобро се освежуваат со пивото, па реагираат на Законот за трговија кој ги ограничува да го купуваат овој пијалок по 19 часот навечер. Некои сметаат дека пивото не е тежок алкохолен пијалок и не слушнале дека некаде во светот се ограничува неговата продажба освен на малолетни лица. Бараат можност да го купат во продавниците барем до 21 часот. Иако има гласини дека наскоро во собраниска процедура ќе се најдат предлог измени на овој закон , пазарните инспектори порачуваат почитување на одредбите кои се сега на сила. Ѓорѓи Бошалески, раководител на …
Три охридски хотели добија мандатни казни од по 800 евра. Ова е резултатот од контролата на Пазарниот инспекторат.
Началникот ги демантира гласините дека некои хотели си допишуваат ѕвездички за да ја зголемат категоризацијата. „Барем ние не сме затекнале ваков случај“, вели Бошалевски. Со какви хотели располага Македонија? Која е категоризацијата на хотелите во Охрид? Ова се најчесто поставуваните прашања деновиве, откако во јавноста се појавија информации дека дел од хотелите сами си допишуваат ѕвезди на своите категоризации. Туристичките работници за ова се погласно зборуваат, но не сакаа…
Концесионерите на Охридските плажи се здружија. Велат дека барањето на Mинистерството за транспорт и врски за покачување на концесијата, финансиски е неиздржано.Концесионерите на Охридските плажи ни на небо ни на земја. Четворократното зголемување на цената за закуп на плажите, кое што го наметна Министерството за транспорт и врски, остана неприфатено од страна на концесионерите. Тие велат дека не се спремни да ја платат цената од 160 денари по метар квадратен, но нема да дозволат и друг да стопанисува со истите.„Државата од сите страни зема данок. Наместо да се посветиме на работата, ние с…