Јун 30, 2020

ОИК: Завршени се техничките подготовки за работата на Избирачките одбори

  Завршени се сите подготовки за нормално функционирање на избирачките одбори на сите гласачки места во општина Охрид , информира Климент Камнароски, претседател на ОИК. Поделени се 880 решенија на претседатели, заменици претседатели, членови и заменици на членови кои се во составот на избирачките одбори. Од претходниот состав на ИО 40 лица биле иземени и на нивно место се поставени  нови членови од страна на ДИК“ , кажува Камнароски. „Има промени на луѓе кои се иземени од работни позиции кои заминале в пензија, се на боледување или се со хронични заболувања кои се ослободени од членови и…

Јун 30, 2020

Под посебни протоколи ќе се отвараат аеродромите во земјава

Со лет на WizzAir утре се отвора Меѓународниот аеродрoм Скопје, додека аеродромот во Охрид „Свети Апостол Павле“ ќе се отвори еден ден покасно, во четврток со лет со кој ќе допатуваат туристи од Холандија и Полска, соопшти генералниот директор на ТАВ Македонија, Алпер Ерсој. Протоколите се подготвени и се по сите светски стандарди. Како што напомена Ерсој, патниците мора да дојдат три часа пред летот зашто проверките поради заштитните мерки се малку позабавени. – Во авионите нема да има ограничување на местата за седење зашто, летањето би било неисплатливо. Патниците ќе мора да носат зашт…

Јун 30, 2020

Политичките партии го искористиле рекламното пано на Охридско лето за поставување на свои рекламни материјали

НУ „Охридско лето“ реагира на злоупотребата на политичките партии кои во изборниот период, за свои лични интереси, го искористиле рекламното пано на Охридско лето за поставување на свои рекламни материјали. „Ценејќи дека нашиот најреномиран фестивал Охридско лето не е место за политички мегдан, а уште помалку за политикантство, упатуваме апел политичките партии да ги тргнат рацете од највредниот културен настан кој има светско реноме. Развојот и успехот се единствените цели по кој стремиме и чекориме и секакво инволвирање на Установата, посебно во партиски цели, за нас е неприфатливо. Секо…

Јун 29, 2020

Д-р Бакраческа: Подобрување на кадровската екипираност и раст на платите во здравството

На Охрид и Македонија им е потребно квалитетно и модерно здравство. Затоа ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на подобрување на кадровската екипираност и континуиран раст на платите  во здравството, порача денеска на прес конференција, кандидатот за пратеник од ВМРО ДПМНЕ и Колаициајта Обнова на Македонија, д-р Грација Бакраческа.„Предвидуваме континуиран раст на вредносната капитација кај матичните лекари и стоматолози, како и ревизија на медицинските и стоматолошките пакети; рационализирање на работното време на матичните лекари, зголемување на ефикасноста и ефективноста како и оптимизација на процеси…

Окт 31, 2021

Пецаков: Убеден сум дека Охрид ќе биде почеток на промените

Кандидатот за Градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“, Кирил Пецаков утрово го искористи своето право на глас на избирачкото место 1262 во ООУ “Григор Прличев„. Пецаков беше придружуван од својата сопруга и за медиумите изјави дека во вториот круг очекува уште поголема разлика во негова корист. За разлика од првиот круг, во овој втор круг имаше зголемени притисоци, закани и уцени. Буквално целиот институционален механизам кој самата власт го нуди посебно од апсолутна позиција на моќ, го искористија овој пат властите и се надевам дека денешниот ден нема…

Јун 29, 2020

Акцијата за отстранување нелегални објекти на плажите продолжи на Канео

Утрово на плажата Канео, како што беше најавено од општината,  продолжи акцијата за отстранување нелегални градби и урбана опрема согласно владината уредба за враќање на плажите во првобитна состојба со цел вoведување ред на крајбрежјето по препораките на УНЕСКО. До денеска општината им даде рок на сопственици на објекти на потегот на крајбрежјето во делот на населбата „Канео“ како и Далјан и од „Свети Стефан“ до „Градиште“ на источното крајбрежје, сами да ги отстранат платформите и урбаната опрема кои нелегално ги поставиле. Туристичките работници сметаат дека со рушењето на објектите на п…

Јун 29, 2020

Колев: Реформи во администрацијата и промена на политичкиот систем

Петар Колев, претседателот на Граѓанско демократскат унија во Охрид, заедно со носителот на Изборната едница 5, Даниел Јорданоски и со останатите колеги од листата и ИШ ги запознаа охриѓани и регионот со нивните приоритети за овие избори. Колев, напомена дека ГДУ како еден од основните столбови и приоритети во својата основната политичката платформа и во предизборна програмата ја има поставено реформата во администрација и промената на политичкиот систем. „Затоа ГДУ се залага за намалување на бројот на пратениците во Собранието на РМ на 90 по моделот на Словенија, во првата етпа од првиот …

Јун 29, 2020

ВО ОХРИД ПОСТАВЕНИ НОВИ ПАТОКАЗНИ ТАБЛИ

Во соработка со Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, на повеќе локации на територијата на општина Охрид се поставија патоказни табли. Овие табли се однесуваат на локациите ба природните културните и историските знаменитости кои во огромен број ги има низ Охрид и неговата периферија. За почеток со информативни патоказните табли се означија неколку локации низ стариот дел на градот, како и централното подрачје. Целта на ваквата акција е полесно пронаоѓање на знаменитостите во градот.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top