Чекачите на гости групирани на повеќе локации низ централното градско подрачје, во голема мерка ја нагрдуваат првичната слика на туристите за Охрид. Општинскиот инспекторат, врз кого се префрла сета вина, немоќен да ја реши оваа состојба.Турканици, кавги и разни недолични дофрлувања е првата слика која ја гледаат туристите кои летово решиле својот одмор да го минат во Охрид. Станува збор за таканаречените чекачи кои во борба за обезбрдување на некаква егзистенција, буквално ги напаѓаат и ги растргнуваат туристите, нудејќи приватно сместување. Гостите остануваат вчудоневидени од ваквиот доче…
Најдобрите снимки од подводниот свет во Охридскотот езеро претопени во ДВД. Нуркачкиот клуб „Амфора“ на граѓаните ќе им подари 40 минутен документарен филм, кој ќе биде дистрибуиран преку еден дневен весник во тираж од 10.000 примероци. Професионалните нуркачи од Охрид, доживуваат посебни мигови преку својата пасија нуркањето, снимајки неповторливи моменти.
Филмот започнува со снимки кај изворите во Св. Наум. Преку ова ДВД, гледачите ќе имаат можност за прв пат да видат мрест на пастрмка во природен амбиент, да го видат живиот свет во езерото, дел од подводните археолошки истражувања во по…
Холандски и Македонски музичари на музички план ќе ги приближуваат културите на двете земји.Дваесетина млади музичари и композитори од Македонија и Холандија со проектот „Технологијата навлегува во традицијата“, ќе создаваат музика и ќе ги приближуваат двете култури вели организаторот на музичката работилница, Александар Велиновски. Музичарот Катерина Пејоска од Холандската фондација „Зои“ е воодушевена од локациите каде што музичарите добиваат посебна инспирација за творење. Вели дека изборот да се твори на различни места в долж охридското крајбрежје се покажал многу успешен. Гера…
Превоз за само 2 денари од центарот на градот до Градиште со ВИП.Во екот на туристичката сезона, покрај многуте недостатоци со кои се сретнуваат туристите, еве и една позитивна иницијатива, која заслужува внимание. Имено, мобилниот провајдер ВИП овозможува превоз од центарот на градот до сите плажи на потегот до Градиште за неверојатни 2 денари.Едноставен и уникатен пример како треба да се работи во екот на туристичката сезона. Иако ваквиот пример требаше да се практикува, досега никој од Локалната самоуправа не се сети да го примени. Мобилниот оператор ВИП, преку договор со една локална к…
Вработените на МЈП Проаква веќе 4 месеци одат на работа без пари. Првиот човек на ова меѓуопштинско претпријатие Бранислав Трпчевски објаснува зошто дошло до оваа состојба.Голем број вработени во МЈП Проаква, на нашиот портал се пожалија на заостанати лични доходи. Во ова претпријатие плата имаат замено заклучно со втори месец годинава. Вработени во МЈП Проаква зад камрата на ТВМ велат дека финансиски сосема се исцрпени и додаваат дека неможат да сврзат крај со крај во месецот. Посебно се загрозени семејставта кај кои и двата сопружници работат во ова меѓуопштинско претпријатие. Без пари с…
СВР Охрид, ќе ги информира граѓаните како да се заштитат од кражби. Овој проект има превентивен и едукативен карактер,за граѓаните, вели портпаролот на СВР Охрид. Статистиката покажува дека најголемиот број кривични дела кражба се резултат на навниманието на граѓаните.Спречете дрска кражба, внимавајте на својот паричник, заштитете го вашиот автомобил,се само дел од предупредувањата кои СВР Охрид ги упатува кон граѓаните и туристите. „Досегашните анализи на секторот за внатрешни работи укажуваат дека граѓаните мора да бидат повнимателни со чувањето на своите добра“, вели портпаролот на СВР …
Официјалните податоци од светската туристичка организација за земјите од Европа,поразителни. Бројот на туристи драстично мал и во Охрид.Светската економска криза го зеде својот данок во туризмот.Официјалните податоци од светската туристичка организација, за првите четири месеци од меѓународните туристички движења се поразителни. Само за Европа истите бележат пад од 10%. Катастрофално е намален бројот на туристи и кај нас, вели Дончо Таневски претс. на здружението на хотелиери. Во изминативе години, најголем број од туристите на Охридското крајбрежје, беа гости од нашите соседни земји: Албан…
При првиот бран на гости во Охрид, жителите од стариот дел на градов останаа без вода. Досега ќе се средеше проблемот со водоснабдувањето во овој дел на Охрид, ако Заводот за заштита на спомениците на културата не ги закочеше градежните зафати, вели првиот човек на Проаква.Жителите од Стариот дел на Охрид веќе почуствуваа проблем во водоснабдувањето. Првиот бран на гости, и зголемениот протек на вода во повисоките делови од стариот дел, ги секна чешмите во Месокастро. Овој проблем одамна требаше да биде решен, велат од Проаква. Уште на почетокот од месец мај, Ј.П превзеде градежни зафати…