Соопштенија, табли на клучните места и 5000 флаери за предупредување, се дел од превентивните мерки кои ги спроведуваат од Националниот парк „Галичица“,во пресрет на летната жега.„Непријатното сеќавање на изгорените 6500 хектари шума, во 2007год. го крена нивото на одговорност кај нас па внимаваме и на најситните детали“, вели Наум Новески од секторот за заштита при националниот парк „Галичица“. „Јасно е дека доколку превентивата е добро спроведена и штетите ќе бидат минимални. Затоа од денеска,во пресрет на екстремно високите температури кои се најавуваат, воведуваме дополнителни мерки на …
Неподносливата бучава од кафулињата и терсите во старот ден на градот и оваа сезона ги остави жителите без сон. Раководителот на општинскиот инспекторат признава дека под притискок ја искинал пријавата за летната тераса „БАС“, лоцирана во строгиот центар на градот, во зона на домување.Група граѓани неможејќи да најдат решение за овој проблем кај надлежните, се обратија со писмо до нашата редакција. „Од најавите дека конечно ќе се стави ред на ноќниот живот во Охрид, нема ништо. Од година во година продолжува нашата агонија, меѓутоа она што се случува во моментов се граничи со безобразлук. С…
Охриѓани реагираат, по Ј’но не смееме да дозволиме да го изгубиме и Сараиште. Ќе направиме се тоа да го спречиме, сложни се граѓаните.Информацијата дека Mинистерството за транспорт и врски го издаде Сараиште под концесија, ги вознемири жителите од стариот дел на Охрид. Жителите од овој дел на градот, деновиве забрзано изнаоѓаат начин, како правно да реагираат и да го спасат последното парче слободно охридско крајбрежје. Во тек е постапка за формиње на здружение за спас на Сараиште. Од таму, со барање до претседателот на Советот на општина Охрид, на следната седница закажана за 28-ми овој м…
Претставата „ Мадам плаза“ во изведба на група „Ананија“ ќе понуди едно необично доживување за секој посетител, бидејќи жанровски не може да се дефинира, а ги поттикнува сите сетила, вели Ѓорѓи Јолески, драмски селектор на фестивалот и додава: „ Мадам плаза“ претставува изненадување само по себе и ќе биде едно од најнеобичните доживувања кое посетителите ќе имаат можност да го проследат во рамките на програмата на фестивалот „ Охридско лето“.Во претставата станува збор за женственоста на телата, каде тие воздивнуваат за слобода. Четирите жени ја живеат ноќта и ги препуштаат своите сетила на…
Директорот од здравстевен дом, денес доби налог за иселување од општинските простории. Овој е втор обид на Локланата во неколку години, да си ги добие назад своите простории.Утрово во Здравствен дом добија налог за иселување од општинските простории. „Мене ми е жал што на ваков начин се решава овој проблем, но здравстен дом години е сместен во општински простории, а за тоа не плаќа ништо“, вели градоначалникот Петрески.Од локалната тврдат, дека долго време се труделе на секаков начин да се изнајдат компромисно решение за просториите, но сите средби поминале без конкретни решенија. „Тие про…
Денеска беше потпишан меморандум помеѓу Атлетската Федерација на Македонија и градоначалникот. „Со овој зафат, започна да се реализираат моите заложби кај Билјани извори да се изгради мал олимписки центар“, рече градоначалникот Александар Петрески.Атлетската Федерација на Македонија претставувана од претседателот, Цветко Грозданов и Општина Охрид, т.е градоначалникот Александар Петрески, денеска потпишаа меморандум за изградба на атлетска патека.„Овој меморандум се склучува врз основа на веке склучената соработка помеѓу Атлетската Федерација на Македонија , Македонскиот Олимписки комитет, …
Во одбрана од високите температури, Црвениот крст во соработка со „ИЛИНА“ од денес и во наредните три дена ќе дели вода на минувачите. Медицински екипи ќе вршат мерење на крвен притисок и ќе интервенираат доколку за тоа има потреба.„Летните горештини се очекува да го достигнат максимумот, а тоа претставува голем ризик по нашето здравје, па треба да се придржуваме до оние основни правила за да се заштитиме“, вели Сашо Точко.Граѓаните ја поддржуваат ваквата акција и велат дека во овие жешки денови треба почесто да има вакви случувања со цел за превенција на здравјето.„Акцијата за контролирање…
Уште еден белег по кој Охрид ќе биде препознатлив. На цитаделата кај долна порта ново откритие.Санацијата и реставрацијата на бедемските ѕидини на Самоиловата тврдина , продолжува со забрзано темпо. Реставрацијата се спроведува во фази, зависно од стредствата добиеми од министервото за култура, велат од завод и музеј. „Долна потра била од огромно значење за некогашен Охрид“, вели Паскали. „На ова место пронајдена е уште една кула, која е со многу поголеми димензии од оваа која што во моментов се реставрира.Од завод и музеј најавуваат нејзина санација и доиздрадба на истат со што ќе го добие…