Авг 13, 2009

21 – ва Поетска ноќ во Велестово

Дваесет и прво издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“.Оваа манифестација завзема видно место во рамки на културното претставување пред светот. На неа говореле плејада на уметници кои оставиле трага во македонската и светската култура.Оваа година ќе се одвива на повеќе локации, информира Славе Ѓорго Димовски. Ќе започне во Домот на култура во Велестово со филмска проекција, продолжува на средсело, а третиот дел ќе се одвива во домот на актерот Мирче Доневски, кој трагично загина па со тоа целокупната вечер ќе му биде посветена нему. Во програмата на манифестацијата ќе бидат вк…

Авг 13, 2009

Несоница и во останатите делови од Охрид

Бука, гласна музика и самоволија . Покрај во стариот дел на градов, граѓаните не можат да спијат и во останатото централното градско подрачје. Реакции во ТВ М пристигнуваат од сите страни на Охрид. Деновиве најбројни се поплаките за прегласната музика од Неполеон. Соседите на ноќниот клуб Наполеон се жалат на бучава, викотници, гласна музика и самоволија од страна на гостите. Вознемирените граѓани спас од овие секојдневни вознемирувања, побараа во ТВ М.   „Секое утро од дворовите сами ги чистиме чашите, сметот… Знаеме дека сопствениците на локалот неможат да го спречат самоволијата на гос…

Авг 12, 2009

Пристигнаа бесплатни учебници во Охрид

Во Охрид пристигна првата пратка со околу 500 бесплатни учебници за основно образование. „Овај потег на Владата е убав, но треба да има кординација помеѓу Министертвото за образование, Локалната самоуправа и училиштата. Пред стартот на учебнита година се судривме со проблем во средното стручно образование“, вели раководителот на Одделението за образование при Локалната самоуправа, Митре Велјаноски и додава:„Идејата на ресорното министерство децата да ги обезбеди со бесплатни учебници е добра, но имаме проблеми со реализацијата на истата. Очекуваме голем проблем во делот на стручното образов…

Авг 12, 2009

Дебатна емисија за туризмот на телевизија ТВМ

Каде оди туризмот во нашиов град, одговори на голем број прашања.Дебатна емисија во врска со туризмот на телевизија ТВМ,  со гости, градоначалникот Александар Петрески, професор доктор Науме Марионски и директорот на Агенцијата за промоција на туризмот магистар Зоран Стрезовски.Видео – Каде оди туризмот во нашиов град – прв делВидео – Каде оди туризмот во нашиов град – втор делВидео – Каде оди туризмот во нашиов град – трет дел{loadposition content9}

Авг 12, 2009

„Еколозите“ обвинуваат, „Mетеоролозите“ се бранат

Навистина несовесно однесување кон белодробието на Охрид, обвинуваат екологистите од градов. На дрвата кои се исечени им беа потребни 50год. да израснат, а луѓето од метеоролшката станица ги исекоа за приватни потреби.„Сведоци сме на уште еден пример на несовесно однесување кон благодетите на природата“, обвинуваат еколозите од Охрид. „Пред 50год. ученици од повеќе училишта од градот и дел од жителите на Охрид  засадија  борова шума на потегот над  училиштето „Св. Климент“, а сега вработените од метеоролшката станица се дрзнаа истата да ја исечат и тоа за приватни цели. Не ни е јасно до кад…

Авг 11, 2009

Урбаната опрема, нужно зло?

Комуналните и инспекторите за храна со врзани раце. Сопствениците на тезги ги злоупотребуваат добиените дозволи. Од Локалната самоуправа објаснуваат дека тезгите за продажба на храна се пренаменуваат.Низ охридската чаршија и ова лето се продаваат крофни и пченки на импровизирани тезги. Со тоа не се испочитуваа најавите од Дирекцијата за храна дека  летово  низ охридската чаршија нема да има место за ваков  вид на продажба на храна. Сега инспекторите велат дека не можат да постапуваат според законот затоа што сопствениците на ваквите тезги им покажуваат одобренија за работа добиени од страна…

Авг 11, 2009

Ќе се чисти Н.П. „Галичица“

Во природата нема место за отпадоци. Тој проблем не го заобиколува ниту НП. Цврстиот отпад претставува најголема закана за природното богатство на паркот. НП „Галичица“ и ЈП „Охридски Комуналец“, во заедничка борба против сметот и дивите депонии. Конечно се постигна договор да се исчисти паркот од секаков вид на отпад. Стратегија за управување со цврстит отпад веќе е во имплементација, се очекува акција од Комуналец. Досега на „Галичица“ не е посветено внимание на проблемот со управување на цврстиот отпад. Последиците врз животната средина и природните вредности веќе се присутни во паркот,…

Авг 11, 2009

Семинар на „Македонисти“

Меѓународниот Семинар за македонски јазик, литература и култура, традиционално по 42 – ри пат се одржува во Охрид. Започна вчера и ќе трае до 27 – ми овој месец. Во конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ вчера свечено започна 42-от Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, на кој учество ќе земат професори, студенти, преведувачи, слависти и балканисти од 23 замји од светот.„ Очекуваме како и досега семинарот да биде успашен“, вели  Проф.Др. Емилија Црвенковска, „бидејќи има доста млади луѓе од светот каде се изучува македонскиот јазик“.„Се разбира при…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top