Авг 17, 2009

Високата школа за новинарство и односи со јавноста

Од минатата година, потенцијалните студенти имаат можност да се определат за уште една специфична дејност.Македонскиот институт за медиуми од минатата година ја формира првата „Висока школа за новинарство и односи со јавноста“ во Македонија. Таа е акредитирана од Министерството за образование и наука и студиите се според Европскиот кредит- трансфер систем.  Деновиве привршува рокот за запишување на студенти на новата генерација 2009-2010год. Квотата предвидена за оваа година изнесува 70 студенти и тоа по 35 студенти пооделно за двете студиски програми „Новинарство“ и „Односи со јавноста“.„ …

Авг 17, 2009

Паднаа првите пријави против скутерџиите

Охридската капетанија започна да ја применува одлуката за воведување ред во „дивеењето“ на скутерџиите по охридксите плажи. Од стапувањето на одлуката на сила до денес се поднесени 17 пријави вели капетанот Љупчо Настоски. Викендов инспекциските служби имаа полни раце работа. „Вчера во координирана акција на капетанијата, Царинската управа и езерската полиција  беа затекнати 8 скутери кои ја прекршија одлуката вели Капетанот Љупчо Настоски. Во акцијата, Царинската управа и одделението за оперативни работи во струшкиот дел на крајбрежието запленија и еден хидроглисер вели капетаното Настоски…

Авг 15, 2009

Преспанското езеро во опасност

Преспанското езеро не е запоставено само од Македонска страна. Состојбата е многу полоша во соседна Албанија.  Таму се работи на создавање на услови за основи потреби. Сепак првиот човек на општина Пустец, Едмонд Темелко, се надева дека туризмот како гранка ќе заживее и кај нив.Преспанското езеро од Албанска страна е запуштено. „Во моментов кај нас, нема услови за развивање на туризам“, вели градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко. Бараме бродска линија со која би го потикнале  развојот на туризмот, кој би бил во интерес на двете држави додава Темелко. Констатацијата дека преспанс…

Авг 15, 2009

Каде ни се одмараа пратениците

Пратениците ги очекува жешка есен. Пред да ги изгласаат законите клучни за влез на земјава во Европската унија. Заминаа на одмор. Истражувавме даде летуваа  Охридските народни пратеници. Некои  летуваа во странство, а некој останаа дома. Заедничко на сите им е што очекуваат консензуално донесување на преостанатите Закони. Петте парламентарци од Охрид, скратениот годишен одмор го поминаа дома, а некои сепак тркнаа до  туристичките дестинации во соседните земји. Пратеникот на Вмро Дпмне, Владо Стефаноски заедно со своето семејство неколку дена од својот одмор поминал на Јонското море, во Сара…

Авг 15, 2009

Метереолошка станица си доби лифтинг

Државата конечно одобри средства за заборавените метереолошки станици во државата меѓу кои е и Охридската. Раководителот на метереолошката станица, Трајче Здравев вели за оваа намена се одобрени 1.200.000 денари, а за реновирањето досега се префрлени 600.000 денари.Со поправката на зградата се подобруваат условите за работа кажува раководителот на метереолошката станица Здравев.  Се најдоа пари за реконструкција на  фасадата, кровот, вратите и прозорците. Обновата на мерни  инструменти, сепак ќе почека поубави времиња. Ќе се чека периодот по нова година и ребалансот на буџетот. „Станува збо…

Авг 15, 2009

Концерт на Ван Гог во Охрид

При крајот на концертната сезона во Охрид, на плажата во Парк настап на групата Ван Гог. Организаторите на концертот најавуваат мега музички спектакл со најдобар сараунд. Додека трае концертот ќе се снима и спот кој ќе се прикаже на ЕМ ТИ ВИ Мјузик Аворд.Легендарните српски рокери “Ван гог”, вечерва ќе одржат концерт во Охрид, на плажата пред хотелот “Парк”. Журката треба да започне на полноќ, а фронтменот Ѓуле и членовите на бендот пред Охриѓани и туристите ќе ги промовираат песните од новиот албум “Лавиринт”. Ван Гог, во Охрид не доаѓаат само за концертот. Нивниот настап ќе се искориси за…

Авг 14, 2009

Владимир Четкар втор пат со концерт на Антички

Светски познатиот музичар Четкар по успешните настапи во светот, за сладокусците на џезот, конечно со концерт дома. По 6 години од настапот на антички театар во 2003 година, Владимир Василески Четкар настапува  во својот град. Четкар  и  членовите од бендот  Хју Ваит – клавијатура, Бено Сатлер – тапани, Џонатан Харвеј бас – гитара, ќе исполнат нумери од албумот „We will never end“,  но ќе отсвират и  3-4 најнови теми кои досега не се изведувани. Настапот на светски познатиот џез музичар Владимир Василески Четкар го подржуваат локалната самоуправа и Министерството за култура. Четкар  насекад…

Авг 14, 2009

Четирите хидроелектрани веќе во завршна фаза

Инвестицијата вредна 4-5 милиони евра за изградба на хидроелектраните од страна на Турбо институт „Феро инвест“, наредните триесетина години ќе биде спас за двете општини Струга и Охрид.Комплетирани сите документи за изградба на четирите мали хидроелектрани на „Летнички извори“. Тоа беше дел од обврската на МЈП „Проаква“..Изградбата на истите последниве две години, се испостави дека е најсоодветно решение за решавање на проблемот со електричната енергија на МЈП „Проаква“. Документите за добивање одобрение за градба и употребната дозвола беше единствената обврска на МЈП „Проаква“, а финансис…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top