Авг 26, 2009

Охрид доби народна кујна

Целта на Владата преку отварањето на народни кујни е да излезе во пресрет на потребите на старите и немоќни лица и лица кои се наоѓаат во социјален ризик. Од денес, по еден топол оброк секој ден ќе земаат 80 социјално загрозени лица од Охрид. Досега во Македонија има 36 народни кујни, каде бесплатно се хранат околу 3500 лица, изјави денеска министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами. Тој додаде дека овој проект се покажал како добар, и планираат во иднина зголемување на бројот на корисници и тоа покрај во урбаните подрачја да бидат задолжително опфатени  и руралните средини.За жа…

Авг 26, 2009

Пролонгирана реконструкцијата на аеродромите во Македонија

Владата донесе одлука рокот за влегување во сила на договорот со турската компанија да се продолжи до 1 ви март 2010 год.Владата нема да го раскине договорот за клучната инвестиција во авиобизнисот во државава.Рокот за реконструкција за аеродромите во Охрид, Скопје и изградбата на нов карго аеродром кај Штип, по втор пат се пролонгира. Новиот датум кој владата им го дала на Турските инвеститори е 1 ви март 2010 год. „Стартот на инвестирањето во Македонските аеродроми времено се одложува поради сверската економска криза и неможноста на инвеститорите навреме да обезбедат финансиски средства“,…

Авг 26, 2009

Завршува меѓународниот семинар за македонски јазик

Се ближи крајот на меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. Остануваат уште лекторските вежби, кои ќе се одржат утре, вели проф. Емилија Црвенковска. Годинава, на семинарот присуствуваа 85 учесници од 22 земји од светот. Интензивно работевме секојдневно по 7-8 часа, лекторски вежби, изборни курсеви, предавања, вели Црвенковска. Во рамки на семинарот се одржа дводневна научна конференција, во две секции, литературна и лингвистичка, чии трудови ќе бидат објавени во одделен зборник. Постои голем интерес кај странците за состојбата во современата мекедонска литература. Т…

Авг 25, 2009

Од 4.000 до 8.000 ден. за старт во училиште

Остануваат само 5 дена до почетокот на новата учебна година. Годишните одмори, припремите за зимскиот период, одземаат голем дел од буџетот во семејствата. Дополнително оптеретување претставуваат подготовките за во училиште. Родителите за да ја исполнат и оваа должност, доплнително ќе треба да одвојат значително голема сума пари. За неопходниот прибор кој опфаќа: ранец, боици, фломастери, тетратки, колажи, лењири, помошни ташнички и останати ситнурии, родителите минимум ќе треба да одвојат околу 1500 ден, додека оние попребирливите можат да си дозволат и луксуз од 3000 ден. Олеснителна окол…

Авг 25, 2009

Го нема ракот во езерските води

Пред три години, од страна на група истражувачи на Хидробиолошки завод, изготвен е билатерален проект за вештачко размножување на ракот. Проектот под име „Ориентациона ревитализација на ракот во Охридското езеро“,  не е прифатен од страна на министерството за образование и наука. До ден денес, од Хидробиолошки завод, не ги знаат причините за ваквиот индолентен однос од надлежното министерство. Во проектот била вклучена екипа од институтот за слатководно рибарство Пловдив, со цел истиот да подлежи на научно истражувње, вели Трајче Талевски од Хидробиолошки завод Охрид. Ракот во 80 тите годин…

Авг 25, 2009

Катастрофална туристичка сезона

„За Охридскиот туризам треба да се направи многу малку, но фалат вистинските чекори,вели директорот на хотелот Гранит, Перо Кутаноски.Охриѓани ќе ја забележат најлошата туристичка сезона. Туристичките работници мака мачат загубата да им биде од помали размери. Годинава имаме 30 до 40 насто послаба посетеност, во споредба на овој период минатата година. Најмногу имаме домашни гости, претежно повратници од странство и туристи од соседните држави, вели директорот на хотелот Гранит, Перо Кутаноски.„Јас сум оптимист и верувам дека лошата ситуација, која ја претрпевме годинава, ќе се стабилизира …

Авг 25, 2009

Што беше тоа договор на дело?

На овој начин се ангажирани воспитувачки, негувателки и технички персонал, на испразнети места од пензионирани работници   велат од локалната самоуправа. Министерството за труд и социјална политика и понатака ги  игнорира нашите барања за регуларни вработувања вели Митре Велјаноски, советник за образоавние и воспитување во локалната самоуправа. Досегашните контакти  за да се регулира вработувањето на овие луѓе со статус на неопределено работно време не вродија со плод. Ресорното министерство не го  почитува ни одобренито дадено  од Министерството за финансии. За да не згаснат градинките при…

Авг 24, 2009

До кога ќе има чекачи низ градов?

Со почетокот на туристичката сезона градот се соочи со еден од најголемите проблеми во организацијата на туризмот, а тоа е дивото посредување во туристичката дејност. За оваа појава ТелевизијА ТВМ информираше уште на самиот нејзин почеток, но ниту една институција до сега ја нема превземено одговорноста за нејзино сузбивање. Поттикнати од грубата слика која секојдневно се гледа на автобуската станица, но и во потесното градско подрачје, одлучивме да побараме дали постои законско решение за овој проблем. Законот за туристичка дејност, кој определува вршење на дејност која се нарекува „посред…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top