Потона бродот Илинден.Најмалку петнаесет лица го загубија животот а неколку се водат за исчезнати во трагичната несреќа што денеска околу 10 часот и 35 минути се случи во водите на Охридското Езеро на околу 200 метри од автокампот Елешец ,на длабочина од 6-8 метра. Неофицијално, бродот, балансот го одржувал со помош на метални сајли. Се претпоставува дека едната од саjлите пукнала по што, според изјави на очевидци, бродот се преполовил и потонал за неколку минути. Oчевидци ни изјавија дека несреќата се случила многу брзо и дека бродот потонал за само неколку минути.
Ова го потврдуваат и фо…
Денешната сединца траеше само 30 минути. Веднаш на почетокот претседателот на Советот Душко Јаковчески помина на главното, и од предвидени 20 точки на дневен ред, седницата се сведе само на пет. Воглавно, советниците го испочитуваа неодамнешниот старт на новата учебна година, и приоритет дадоа на предлог одлуките за формирање на паралелки со помалку од 25 ученици во повеќето охридски средношколски центри.На денешната седница беше усвоена и одлуката за давање под наем на училишните спортски сали, поточно се утврди начинот на нивното издавање.Наредната седница е закажана за 14 септември и на …
Од 125 –те предвидени слободни места, во двата уписни рока, се примени 80 бруцоши. Гласините кои се шират низ охридската чаршија дека на Универзитеот се примаат студенти, членови на Вмро Дпмне, ректорот Благоја Самакоски ги отфрла како чиста глупост. „Сум слушал многу за интриги во малите места, но ова е врвна глупоста која сум ја слушнал досега.Би било добро охриѓани и Охрид да сфатат каков историски чекор направи Владата што го лоцира Универзитетот во Охрид. Сега во Охрид се враќа центарот на образованието кој бил и центар пред 1000 години. Секој кој го сака Охрид и неговиот просперитет…
Градежните зафати на пешачката патека се при крај. Неколку денови пред официјалното отворање Kапетанија со обвинувања, дека за мостот нема одобрение за градба и дека не се гради по сите прописи. За Мостот кој ќе ги поврзува Г`рдано и Потпеш, нема одобрение за градба, обвинуваат од Охридската капетанија. Капетанот Љупчо Настоски вели дека секојдневно доаѓаат граѓани кои од нив бараат да изнајдат начин со кој ќе ги стопираат градежните зафати. „Нас како дражавен орган, ни локaлната, ни инвеститорот не не имаат известено за градбата на пешачката патека кај Потпеш“, се жали капетанот.„Потего…
Судбината на младите неоженети Балканци кои се во потрага по европски сопруги преставена на филмско платно. „Плати и жени“ е македонски филм на режисерот Атанас Ѓорѓиев, кој десет години го следел овој социолошки феномен. Темата е купување сопруги заради добивање на пасош, нешто што многумина Балканци го прават за да се здобијат со европско државјанство. При тоа поминуваат различни голготи и се судираат со бирократски ситуации. Филмот во македонско-австриска-хрватска-американска копродукација, со бројни меѓународни награди од публиката, ќе се прикажува во Центарот за култура на девет…
Тлото на поствулканскиот дел во Косел наликува на тлото на планетата Марс. Но за жал, научно истражувачките мисии на Марс се многубројни и доста чести, а за сулфатарот „Дувало“ во Косел, многу малку се знае. Сулфатарот „Дувало“, поствулканската појава која се наоѓа во непосредна близина на Косел, треба да влезе во мапата на алтернативната понуда за туризмот во Охрид. Окната што се надзираат на местото кое е своевидно сведоштво на големо тектонско поместување пред многу стотици илјади години се скоро затрупани, велат Коселчани. Тие додаваат, дека според кажувањата на нивните предци окната б…
Мега проектот „Водовод и канализација на општините“, се покажа како неефикасен. Станува збор за задолжувањто на Р. Македонија со кредит во износ од 20.800.000 Евра кај ЕБОР, согласно Договорот за Проектот Акциона програма за унапредување на 6 општини, во кои беше вклучена и нашата оштина. Проектот имаше за цел да го реши проблемот со третманот на отпадните води и да го намали загадувањето на животната средина. „Кредитот како кредит е многу добар посебно имајќи го во предвид фактот дека се работи за инфраструктурното подобрување на водоводот и канализацијата, но изведувачите направија многу…
По прилогот кој ТВМ го објави вчера, а се однесуваше на депониите по крајбрежието на Охридското езеро, денеска јавно се огласи дир. на ЈП „Комуналец“, Сашо Алчев. „Не сме задолжени за одржување на хигиената на површините околу плажите и хотелите, кои се во приватна сопственост. Тоа оди на товар на сопствениците“, посочуваат од ЈП Комуналец. „Не е во ред вината за ваквата состојба да ни се префрла нам“, вели Сашо Алчев, директорот на ова јавно претпријатие.„Комуналец“ работи според план за јавна чистота кој е донесен од страна на советот на Општина Охрид. Во него се утврдени приоритетите, од…