Охридското Езеро порибено со 300 илјади парчиња подмладок на охридска пастрмка. Акцијата се спроведе во присуство на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски. „Според агендата на Министерството и програмата изработена во соработка со Хидробиолошкиот завод од Охрид, порибувањето ќе се одвива согласно предвидената динамика“, истакна министерот. Обезбедени се два солидни рибочуварски чамци, кои патролираат во езерото. Ваква служба има и во соседна Струга. Со нивна помош запленивме околу 3000 мрежи, вели министерот Димовски.Во што пократок рок очекуваме билатерален …
Некои медиуми скршнаа од професионалноста, кога информираа за бродската незгода. Непотребни беа лажните информации, вели Др Сашо Василевски.Катастрофалната бродска незгода што неодамна се случи во Охридското Езеро повлече низа прашања. Медиумите ја превзедоа главната улога во информативното прикажување на целокупната состојба за и после незгодата. Но по се изгледа некои печатени и електронски медиуми заборавија на својата професионалност. Во битката за сензација, се искажаа низа невистини кои претставуваат навреда, посебно за сите кои се впуштија во безрезервната битка за спасување на жив…
Меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секуловски, ги раскажува деталите од првичната слика по потонувањето на бродот „Илинден“. Тој прв го видел потонатиот брод. „Во досегашниото мое искуство немам видено таква слика“, вели Секуловски. „Кога слушнавме за несреќата, бевме во нашиот нуркачки центар во Градиште. Од моментот на јавување за 20 минути три нуркачи веќа бевме под вода кај потонатиот брод“, се сеќава Милутин Секуловски, на несреќниот 5-ти септември. „Тоа што го видовме беше ужас“, додава тој.„Се соочивме со голем ризик при вадењето на жртвите. Не знаевме каде има опсност од каб…
Од нивна страна склучен е нетранспарентен договор во четири очи со „Комунално“ Струга, вели Сашо Алчев директорот на ЈП „Охридски Комуналец“.Низа невистини беа кажани од страна на директорот аеродромот во Охрид, изјави директорот на ЈП „Охридски комунлец“ Сашо Алчев. Ваквиот став на Алчев, доаѓа како резултат на неодамнешниот прилог во нашиот дневник, во кој што беше кажано дека од неодамна ЈП „Комунално“ од Струга се грижи за хигиената на охридскиот аеродром. Алчев вели, дека единствена причина заради која дошло до прекин на соработката меѓу охридското јавно претпријатие и аеродромот е пос…
Од „ЈЗО Општа болница Охрид“ велат дека не ја санираат состојбата поради тоа што не се сопственици на парцелите. Група граѓани кај кои е развиена еколошката свест до ТВМ реагираа поради неуреденоста на дворната површина на „Општата болница“ во Охрид. Станува збор за поголем дел од тревникот во кругот на болничкиот комплекс. „Не е во ред, во центарот на градот, а притоа и во медицински центар, да се сретнуваме со ваква слика“, обвинуваат граѓаните.Првиот човек на Општата болница, Др. Арнаудов, појаснува дека состојбата со посочените парцели, не е решена со законот за денационализација, па по…
Синоќа околу 20 часот се случила тешка соораќајка помеѓу патничко моторно возило „Опел Калибра“, со охридски регистерски таблички управувано од Ф.У (22) и велосипедист Шефќет Б (78) од Охрид. Неприлагодената брзина од страна на патничкото моторно возило „Опел Калибра“ со охридски регистерски таблички засега е една од причините поради која дошло до несреќата. Роднина на настраданиот, раскажува како се случил овој трагичен настан. За неговото семејство раскрсницата од ул.„Туристичка“ и ул. „Бистрица“ во Охрид е кобна бидејќи за нецели две години им зела три жртви. Тој очајно ги пренесува дет…
Трагедијата што се случи со 15-те бугарски туристи повлече низа прашања за состојбите во туризмот кај нас. Во мноштвото прашања се наметнува и тоа како престојувала и кој ја организирал бугарската туристичка група, каква е нивната и нашата одговорност при тоа. Владо Суклоски од Агенцијата за подршка на туризмот вели во овој случај се прекршени многу Закони. Суклоски ги потенцира немањето листа на патници при влез на нашата граница, Законот за приватно сместување, Законот за организирање на туристички групи, Законот за туристички водичи. Тука несомнено затаила работата на инспекциски…
Пуштен во употреба „Мостот на желбите“. Од денеска Потпеш и Канео, се подостапни за Охриѓани и туристите. Целата инвестиција чини 2 милиони денари, и е подарок за Охриѓани од фондацијата Рамковски. Пресечена црвената лента на „Мостот на желбите“. Од денеска Потпеш и Канео, подостапни за Охриѓани и гостите. Посетителите на глас коментираа за значението на овој потег на иницијаторите, велат допрва ќе разбереме колку сме изгубиле заради досегашното непостоење на овој мост.Инвестицијата околу изградбата на мостот чини околу 2 милиони денари или околу 30 илјади евра. Овие средства се дар за о…