Сеп 16, 2009

Се санира кровот на катедралната црква Св.Софија

За овој зафат владата издвои 1 милион и 400 илјади денари.„Овој зафат беше неопходен, за да се заштити фрескоживописот кој е од непроценлива вредност“, вели директорот на завод и музеј, Тања Паскали. „Ние баравме интервентни средства. Затоа што ваков зафат немавме предвидено со годишниот план за работа 2009 год., а мораше да го спроведеме. За среќа министервото за култура излезе во престерет на нашите барања и издвои дополнителни милион и 400 илјади денари средства за санирање на кровот на катедралната црква, вели директорот на завод и музеј.“ додава таа.Од завод и музеј најавуваат дека гра…

Сеп 16, 2009

Дали Љубчо Георгиевски ќе се врати на лидерската позиција

Настапува бран големи промени во ВМРО-НП, како на локално така и на централно ниво. Третата по ред политичка опција ја докажува веќе стекнатата доверба кај меѓународните организации.Полека ама сигурно кон зацртаните цели. ВМРО-НП од Охрид во рамките на своето конституирање секојдневно е се побројна. Тоа беше очекувано и најавено од страна на локалното членство на ВМРО-НП, вели претседателот на партијата Ванчо Костовски. Според најновата реконструкција охридскиот огранок има два потпредседатели Јоне Станкоски и Венко Калачоски, лица кои имаат потполна подршка на патот кон остварување на прти…

Сеп 16, 2009

Конечно детско игралиште во „Бараки“

Децата од населбата „Гоце Делчев“ ќе добијат детско игралиште. Во низата изградени терени за игра и забава на децата, по 30 години, дојде на ред тоа да се направи и таму, најавува Градоначалникот Петрески.Населбата „Гоце Делчев“, помеѓу граѓаните попозната какао „Бараки“, по 30 години, конечно ќе добие детско игралиште. „Неколку генерации пораснаа овде, по овие стрмни улички, каде нема ниту едно метро рамна површина и досега никој не се сети на нив“, велат граѓаните од оваа населба. „Постојано детските игри овде завршуваат со повреди, токму поради неможноста тие да се одвиваат на место соод…

Сеп 16, 2009

Сериозна закана од најопасниот смет

Алармантната состојба со медицинскиот отпад ги отрезни сите структури. Тој во моментов е на сигурно, но специјалниот простор за негово одлагање е се потесен. Се кубури со простор за негово одлагање во Јавните здравствени организации во градов. Како што деновиве ТВМ информираше голема прашина се крена околу проблемот со подигнувањето и депонирањето на медицинскиот отпад. Портпаролот на ЈЗУ општа болница Охрид Сашо Василески, вели дека сериозно се пристапи кон решавање на овој проблем. Тој додава дека проблемот е присутен не само кај нас туку воопшто во целата земја со исклучок на Скопје, кад…

Сеп 15, 2009

За коректна истрага на бродската несреќа

Масовен одзив на Охриѓани за иницијативата на здружението на граѓани „Охрид 5 ти Септември“. Денеска на двата пункта  се потпишуваа граѓани од сите воздрасти. „Со Македонската православна црква договоривме датум за помен на трагично загинатите туристи“, вели претседателот за здруженито.Од денеска на градскиот плоштад и кај чинарот поставени два пунката каде граѓаните се потпишуваат и бараат коректна истрага за бродската несреќа. Охриѓани масовно излегоа да го дадат свој потпис, со што потврдуваат дека ја подржуваат иницијативата на здружението на граѓани “Охрид 5 ти септември“. Од иницијати…

Сеп 15, 2009

ОК од ВМРО ДПМНЕ обвинува

Точките од дневниот ред на  вчерашната седница се изгласаа зад нивни грб. Претседателот на советот ги негира ваквите обвунувања и вели СЕ се работеше легитимно. „Вчера точно на 5 месеци од формирањето на Советот на општина Охрид јасно видовме како се кршат сите принципи на работа на истиот од страна на карикатурално составеното мнозинство поттикнато од задоволувањето на свои интереси, наместо на граѓаните“, ова стои во дел од дописот од ОК на ВМРО ДПМНЕ испратен до редакцијата на ТВ М.Советниците од ВМРО ДПМНЕ, Реагираат за случувањата на вчерашната седница и експресното донесување на многу…

Сеп 15, 2009

Потпишан меморандум за соработка

Науката во пракса. Тое е основната цел на меморандумот за соработка, кој денеска беше потпишан помеѓу Агенцијата за промоција и поддршка  на туризмот во Р. Македонија и факултетот за туризам и угостителство Св. Климент Охридски.ФТУ од Охрид и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Р. Македонија потпишувањето на меморандумот за соработка го сметаат за голем исчекор во туризмот бидејќи конкретно со тоа науката ќе ја применат во пракса. „Заедно можеме се“ истакна директорот на агенцијата, Зоран Стрезоски. Иницијативата за меморандумот, на Агенцијата за промоција и поддршка на туризм…

Сеп 15, 2009

Започна академската година

За прв пат, после 40 години студенската година во охридскиот факултет за туризам и угостителство започнува на 15 ти септември. Тое е согласно новиот закон за високо образованиеПосле 40 години студентите на факултетот за туризам и угостителство Св Климент Охридски студиската програма ја отпочнуваат на 15 ти септември. Имено годинава високото образование, стартува со низа новини, адаптирани согласно новите законски измени. Деканот на факултетот Софроние Миладиновски вели, иако затекнати од новите измени во високото образование успеавме да се организираме.Годинава за прв пат професори од стран…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top