„Илинден“ е исправен и на неговиот труп нема никакви знаци на оштетувања. Според првичните резултати од истрагата околу потонувањето на бродот „ИЛИНДЕН“, тој бил исправен и на неговиот труп нема никакви знаци на оштетувања.Освен скинатата сајла, ништо сериозно не укажува дека бродот потонал поради некакво насилно оштетување, потврди директорот на Управата за безбедност при МВР, Љупчо Тодоровски. На бродот кој во моментов е вкотвен во каналот Студенчишта не биле пронајдени траги на оштетувања. Со ова се исклучува можноста „Илинден“ да бил насилно потопен,вели Тодоровски.Причините за потопув…
Бродот Илинден исплива на површина со помош на балони. Акцијата на извлекување на потонатиот брод се изведуваше околу 4 часа, под водство на стручниот тим од фирмата “ДУБИНА ИНЖИЊЕРИНГ од Хрватска.„Сега засега не можеме да видиме видни штети на бродот, но тоа ќе го утврдат нашите стручни лица, рече директорот на бирото за јавна безбедност“, Љупчо Тодоров.Екипи на оваа специјализираната компанија по извлекувањето на бродот со пумпи ја извадија водата од трупот на ИЛИНДЕН кој беше оспособен за да може безбедно да биде извлечен на копно. После повеќедневно координирање, утрово акцијата за изв…
Најголемата урбана единица „Биљанини извори“, ќе добие спортски терен. Оваа иницијатива е поддржана од страна на секторот за урбанизам но и од градоначалникот. Се чека само утврдување на можна локација за реализација.Ако е задоцнето да не е заборавено. Иницијативата на советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дејан Паноски, деновиве доби зелено светло од релевантните фактори на општина Охрид за изградба на спортски терен во урбаната единица „Биљанини извори“. Паноски вели дека се дополнува мозаикот на приоритетните работи во општината кои се од општ интерес како на жителите на оваа урбана един…
„Туберколозата и тебе те демне, препознај ги симптомите“ е мотото под кое е означена неделата за борба против оваа болест. Иницијативата е реализирана во соработка на Црвениот крст и Институтот за градни болести при ЈЗУ Охрид.Со намера за подигнување на јавната свест, во насока на симптоматологијата, дијагностицирањето и лекувањето, Црвениот крст од Охрид во соработка со Институтот за градни болести, организира „Недела за борба против туберколозата“. Оваа болест е предизвикана од бактериска инфекција која најчесто ги зафаќа белите дробови. „Ова заразно заболување се пренесува преку контакт …
Немаме подготвени проекти по теркот на Европска Унија. Престои ризик земјата да остане без парите на европските фондови. Потребно е зајакнување на административниот капацитет е заклучок на претседателката на Националниот совет за евроинтеграции Радмила Шекеринска. Општина Охрид е позитивен пример како еден град може да ги искористи парите од европските фондови. По сите основи, Македонија на располагање до 2013 година има стотина милиони евра. Познато е дека со проекти во најголем дел средствата можат да ги извлече Владата, но и претпријатијата, невладините и општините. Едно од основните на…
Државниот Грб на Република Македонија кој датира од 1946 година ќе се менува. Се предлага петокраката да се отстрани од националниот симбол, на која покрај неа се прикажани пејсажните карактеристики, венецот со култури кои се одгледуваат во Македонија и традиционалниот вез. Ова е најнов владин предлог со цел да се исфрли петокраката од досегашниот грб како сибмбол на социјалистичкото време. Ваквата иницијатива наиде на различни рамислувања кај охриѓани. За некои новиот систем не може да се поистовети со старите симболи, а некои пак сметаат дека грбот не треба да се менува.Охридските пра…
Министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи ги утеши претставниците на Невладиниот сектор. Годинава буџетските средства за подршка на невладините организации се многу пониски. Охридското езеро ќе се заштитува преку меѓудржавна соработка. После подолго време Министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи седна на иста маса со претставниците на еколошките друштва од Охридскиот регион. Целта на средбата беше запознавање на министерот со можностите, идеите и проблемите, со кои што се соочуваат Невладините организации во рамките на нивното делување во обл…
ТВМ дознава дека деновиве до регионалниот центар за заштита на културното наследство во Венеција, била доставена иницијатива за отворање на Локална канцеларија на УНЕСКО. „ Постапката е во тек и очекуваме позитивни сигнали“, вели Антонио Балев, член на Македонската делегација во УНЕСКО:Во тек е иницијатива во Охрид, да се формира локална канцеларија на УНЕСКО. На последната работилница на оваа организација на Обединетите неции, од Југоисточна Европа, која се одржа во Црна Гора, била покрената иницијатива за отворање на Локална канцеларија на Унеско и евентуално УНЕСКО и Светски центар за …