Сеп 23, 2009

Од небо дрва…

Во неколку наврати од него паднале крошни, сведок за тоа е гранката која 15 дена стои под дрвото, а никој не интервенира.Две недели падната гранка од дрвото Павлонија во црквата Св Софија, никој не ја подигнува . „Ова дрво претставува вистинска опаснот и за нас и за посетителите на овој храм“, велат жителите на стариот дел кои постојано се тука. „Секојдневно реагираме до институциите за опасноста која може да настане, но никој не превзема ништо. Каде и да се обратиме топката се префрла другиот и никој не превзема одговорност за решавање на проблемот, велат нашите соговорници, кои биле сведо…

Сеп 23, 2009

Нови барања

Сугерираат прилагодување на законот за заштита и спасување со законот за внатрешна пловидба. Исто така бараат веднаш да се преземат мерки да се инсталира навигационен систем за пратење на пловните објекти, како и комуникационен систем и систем за евиденција на патници.Здружението на граѓани „Охрид 5-ти септември“, на денешната пресс конференција информираше дека до денес биле собрани 8000 потписи, од граѓани кои ја поржуваат нивните цели и активности. Претседателот на ова здружение истакна дека сега бараат  да се забрза истрагата за бродската несреќа што неодамна се случи во водите во Охрид…

Сеп 23, 2009

На раскрсница меѓу живи и умрени

Животната сторија на Милјана Колевска  е тажна и потресна. Болна, немоќна и исцрпена таа секојдневно пешки од нејзината куќа во Велгошти доаѓа во Охрид да моли  милост, помош и правда од надлежните институции. „Полошо од ова не било“. Овие зборови неколку пати ги повтори Милјана Колевска од Луково која живее во Велгошти. Доведена во тешка ситуација,  притисната од сиромаштијата, со нарушено здравје бара помош. Таа пешки секојдневно тропа по вратите на институциите, од кои бара разбирање за нејзината мака. Со солзи во очи таа раскажува дека сиромаштијата  ја оставила не само без леб туку и б…

Сеп 23, 2009

Во Охрид ќе се разлее староградската песна

Охрид по 21 пат, в петок ќе биде домаќин на фестивал каде што ќе се слави староградската песна. Охрид по 21 пат, в петок ќе биде домаќин на фестивал каде што ќе се слави староградската песна. Охридските староградски средби формирани во далечната 1974 година, згаснуваат по 19 години постоење, за од лани повторно да бидат возобновени. Тоа се должи на ентузијазмот на вработените во охридскиот Центарот за култура и финансиската подршка на ресорното  министерство. Годинава на фестивалот учество ќе земат девет  македонски ансамбли. По традиција учесниците  ќе продефилираат по охридската чаршија з…

Сеп 22, 2009

Заврши притворот за Христијан Шапкар

Обвинителството, сеуште не ја има дозавршено постапката и нема конкретен епилог за случајот. Дали Шапкар ќе се терети и за што, останува да видиме.Шапкар е пуштен од притвор согласно законот. Но истражната постапка не застанува тука. По сила на законот, Христијан Шапкар со решение за ослободување од притвор пуштен е точно на денот кога му истекува одредената мерка притвор од 30 дена на 18.09.годинава, велат од Основниот суд во Охрид. Истата му била изречена само заради влијание на сведоците. Истрагата за случајот со Шапкар и глисерската незгода, во која едно лице настрада, продолжува поната…

Сеп 22, 2009

Откупот на грозје во Охрид во полн ек

Превозниците од Тиквешијата носта квалитетно грозје, но револтирани се на Власта која во моментов диктира ниски цени и грозјето го остава само за домашно производство. Добро грозје предуслов за добро вино. Винаријата во Охрид годинава по се изгледа ќе ги надмине очекувањата на откупот на грозје. Деновиве на ул. „Железничка“, редови на превозници, чекаат дури и по три дена за да истоварат во охридската винарија. Првиот човек на охридската винарија Миле Степаноски, вели дека искористеноста на капацитетите годинава ќе бидат искористени 99%, и до овој момент нема никаков проблем ниту со добавув…

Сеп 22, 2009

Охриѓани си сакаат чалам

Од локаланата велат дека во моментов се изработува студија која на велосипедистите ќе им обезбеди услови за непречено движење. Првиот човек на клубот за велосипедисти „ЕКО ДРОМ“ обвинува дека учесниците во сообраќајот немаат сообраќајна култура. 22 ри септември „Меѓународниот  ден без автомобили“, во Охрид помина незабележано. Претседателот на планинско друмскиот велосипедски клуб ЕКО ДРОМ, Александар Јованоски вели дека кај нас за велосипедистите нема услови. Тој истовремено упати и обвинувања до учесниците во сообраќајот дека немаат сообраќајна култура.Јованоски истакна дека планинско дру…

Сеп 22, 2009

Учениците ќе почекаат за бесплатни учебници

Поголем дел од учениците се и понатаму без ветените бесплатни учебници, иако одминува еден месец од почетокот на учебната година. Иако одминува еден месец од почетокот на учебната година,  поголем дел од учениците сеуште ги немаат добиено ветените бесплатни учебници. „Се снаоѓаме на повеќе начини“, велат учениците. „Позајмуваме учебници од генерациите пред нас, а најчесто запишуваме на часовите се што ќе ни диктираат наставниците, што ни е навистина тешко“, коментираат тие. „Образованиеето е систем каде сите постапки исклучително мора да се одвиваат во добро осмослена кординација“, вели Мит…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top