Странците побројни на охридското крајбрежје вон сезона. Гостите ги има во органзирани тури, но и како учесници на семинари вели првиот човек на ХОТАМ, Дончо Танески. Со резервациите за семинарите и конгресите кои ќе се одржуваат во охридските хотели до крајот на октомври, се очекува да биде спасена неуспешната летна сезона кога имаше намален број на гости. „Нема конечна и конкретна бројка колку гости има вонсезона, но секако показател дека периодов е успешен е исполнетоста на хотелските капацитети од 80 посто, а во одредени термини и 100 посто, па нема слободни места“ вели Танески. …
Наградени, со нов Управен одбор, нова техничка опрема, ново товарно возило, и веќе во подготовки за јубилејното 50 годишно издание на фестивалот. Емоции и квалитет, карактеристики за претстојната 50 годишнина на Охридско лето. Активностите на овој фестивал не престануваат со неговото завршување на 20 август. Во просториите на фестивалот напорно се работи на подготовките за јубилејното 50 то. Во тек е изработката на монографијата, за што веќе се создава тимот кој ќе ја работи вели првиот човек на фестивалот Тони Симоноски. Тој, се пофали со наградата на министерството за економија.Симоновск…
Дали Бродот „Илинден“, кој е вкотвен во каналот „Студенчишта“, ќе остане само експонат, или повторно ќе вплови во водите на езерото? Ова прашање деновиве си го поставуваат охриѓани. Одговорот ќе следи одкога ќе заврши истражната постапка, велат од судот. Истражната постапка за бродот „Илинден“, се води под итна процедура за разрешување. Оваа информација за ТВМ ја потврди истражниот судија Весна Кичеец. Според неа итноста на постапката се наложила заради тоа што се работи за притворенички предмет. Сеуште се прибираат информации од распит на сведоци, се прибира писмена документација и сите ос…
Показател дали имавме или не успешна туристичка сезона треба да бидат инкасираните пари во општинската каса по основ на вкупните ефекти од туристичкиот промет. Службите во локалната самоуправа сеуште немаат целосна слика какви се овие ефекти. На ниво на Македонија добивката изнесува 3 милјарди денари за првит е6 месеци, а овој износ на локално ниво сеуште не е целсоно сумиран. Од подтаоците на Лер-от во периодот јануари – јули во Охрид престојувале 106.132 гости, кои оствариле 502.782 ноќевања. Ефектите пак од угостителскиот промет не се целосни. Не се знае точно ни колку пари се собра…
Граѓаните во Македонија употребуваат квалитетни и безбедни лекови, изјави првиот човек на Бирото за лекови Илчо Захариев. Во Охрид се одржува петтиот симпозиум на фармацевти, со учество на земји од Југоисточна Европа. Македонската фармација во чекор со светската. Ова е заклучок од петтиот симпозиум на фармацевти на Европската асоцијација за генерички лекови насловен како „Европски предизвик за националните регулаторни агенции за лекови и за индустријата на генерички лекови“. Симпозиумот го отвори Министерот за здравство Бујар Османи. Тој истакна дека денес слободно може да се пофали со гол…
Претставниците на Европската Унија секогаш се добредојдени во Охрид, изјави градоначалникот Петрески, на денешната работна посета со Дамјан Седар политичкиот советник на Фуере.Секоја посета на политички претставници на Европската Унија е од голема важност за Охрид, смета првиот човек на градот Александар Петрески. Денеска работна средба со градоначалникот и охридските советници оствари Дамијан Седар, на која главен акцент беше ставен на состојбите во Охрид посебно во делот на децентрализацијата.На средбата се очекуваше да присуствува Евроамбасадорот Ерван Фуере, но на неговото место дојде Д…
Ниту советниците не го почитуваат законот. Ѓорѓи Танески избраникот на народот од СДСМ, вчера беше фатен во сопствената мрежа. Заработи кривична пријава. ТВ М дознава советникот од СДСМ Ѓорѓи Танески, во судир со законот. Имено вчера тој околу 14.00 часот во Пештани, заедно со неговиот познаник Зоран Лекоски, го прекршиле законот. Тие постапиле против законски фрлајки мрежи во водите на езерото. Овој немил настан веднаш го регистрирала полициската патрола од станицата во Пештани, на што веднаш реагирала. Во конфискуваните мрежи, немало улов, додека Лекоски и Танески биле фатени на дело….
Поради неспоивост на функциите тој се повлече од советот на општина Охрид. На негово место доаѓа следниот од советничката листа на СДСМ, Климе Тренески.Бранислaв Трпчевски се повлекува од Советот на Општина Охрид, поради неспоивост на функциите. Деновиве градоначалниците на Охрид и Струга, Александар Петрески и Рамиз Мерко, ја потпишаа одлуката за именување на Трпчески за генерален директор на меѓуопштинското јавно претпријатие.„Проблемите на Советниците и на в.д директорот на Проаква во голема мера беа сродни. Сетоа тоа од мене бараше поголема ангажираност, но сметам дека максимално се по…