Окт 6, 2009

НП „Галичица“ ќе се модернизира

Прва експертска мисија на претставници од меѓународната унија за заштита на природата во НП „Галичица“. Таа е во рамките на три-годишниот проект „Поддршка на НП „Галичица“, за трансформација на паркот во модерен.НП „Галичица“, во завршна фаза на палнот за десет годишно управување. За таа цел поканети биле и претставниците на меѓународната унија за заштита на природата. Нивната мисија се состои во изнаоѓање на прагматични решенија за се поголемиот притисок врз животната средина и развојните предизвици, како и поддршка на научните истражувања. Оваа унија важи за најстара и најголема глобална …

Окт 6, 2009

Дрва сеуште се крадат

Македонски шуми и министерството за транспорт и врски не кријат дека во Македонија сеуште се крадат дрва. „Ситуацијата, за разлика од минатите години, многу се подобри, но овој процес не можеме веднаш да го запреме“, признава,претседателот на синдикатот на шумарство и дрвна индустрија, Живко Митревски.Во Македонија сеуште масовно бесправно се сечат и крадат дрвја, а со тоа се уништуваат Македонските шуми.„Овие појави во државава сеуште ги има, поради тоа што дрвото како енергенс сеуште има висока цена, вели државниот советник за шумарство и ловство при министревото за животна средина.„ Со н…

Окт 6, 2009

Мишко Танески ќе ги освојува Хималаите

„На ова мое патување Охрид и Македонија ќе ги претставам во најдобро светло“ вели Танески. Тој е дел од светската експедиција, која од 9-ти октомври до 7-ми ноември ќе се обиде да го освои врвот АЛАНПИК на Хималаите. Сонот на секој алпинист е да се качи на врвот на светот. Охриѓанецот Мишко Танески тргнува во нови освојувања. Тој заедно со уште тројца Македонци ќе биде дел од светската експедиција која од 9-ти октомври до 7-ми ноември ќе се обиде да се искачи на врвот АЛАНПИК на Хималаите висок 6189 метри.„ Врвот е во кругот на Монт Еверст….тој е на 15 километри воздушна одалеченост од на…

Окт 6, 2009

Ставот на охриѓани, прифатен од Бугарија

Македонија и Бугарија после големата бродска трагедија мора да ги надминат сите негативности и недоразбирања. Оваа порака упатена е од страна на здружението „Охрид 5 ти септември“ во знак на понатамошна соработка меѓу двете земји, на полето на туризмот.Големата бродска незгода во која 15 бугарски туристи се удавија во водите на Охридското езеро, не треба да делува врз досегашната добра меѓудржавна соработка на полето на туризмот. Оваа се дел од настојувањата и пораките на здружението „Охрид 5 ти септември“, упатени до Бугарскиот конзулат во Битола и сите останати инволвирани во случајот со …

Окт 6, 2009

Флуоризираното млеко ги исплаши и охриѓани

Владината програма за флуоризирано млеко ја разбранува и охридската јавност. Многу родители во 5-те објекти на детската градинка “Јасна Ристеска“ не дале согласност децата да им пијат флуоризирано млеко. Само 130 родители од 280-те деца кои треба да бидат опфатени со програмата на возраст од 3 ,4 и 5 години, потпишале согласност вели директорката на градинката Марина Тодороска Петровска.Раководителот на Стоматолошката служба при „Здравствен дом“ Охрид, специјалистот по детска и превентивна стоматологија, д-р Вера Наумоска,  порачува, место за паника нема. Дека флуорот влијае врз редукција н…

Окт 5, 2009

СДСМ обвинува за неисполнети ветувања

Нереализираната Железничка, лаги околу изградбата на спортски сали, компјутери кои не функционираат, се само дел од купот лаги на премиерот Груевски, обвинува Томе Чингоски. Бројни обвиненија на сметка на неисполнетите ветувања на ВМРО ДПМНЕ и Владата на Груевски.„Ветувањата на Прамиерот дадени пред 7 месеци, поточно на 18.3.2009, дека конечно ќе бидат решени проблемите на жителите по улица Железничка, завршија само со поставување на камен темелник за отпочнување на работите. Со изградбата на оваа Северна транзитна сообраќајница, им се ветуваа услови за пристоен живот на грѓаните, меѓутоа 7…

Окт 5, 2009

Нема превработеност во општинската администрација

Секретарот на општина Охрид, Димитрија Вревезоски ги отфрла како неосновани гласините кои кружат низ чаршијата дека локалната самоуправа е пренатрупана со нови вработувања. Вревезоски смета дека 140-те  вработени кои во моментов се ангажирани соодветствуваат на задачите кои ги извршуваат за Советот и Градоначалникот. Тој ги отфрла и забелешките на јавноста кои се однесуваат на бројот на возачите кои се ангажирани во општината дека може да им позавиди и Галеб. „ 6- те вработени возачи  се целосно ангажирани. Ние имаме надлежности кои се одвиваат на терен, а тука се секторот за финасии и дано…

Окт 5, 2009

Филевски останува во притвор

Уште 30 дена притвор за капетанот на бродот „ИЛИНДЕН“, вака денеска одлучи кривичниот совет при основниот суд во Охрид. Мерката притвор која на Сотир Филевски му ја изрече министерството за внатрешни работи  , после бродската несреќа, му истекуваше денеска. Кривичниот совет при Основниот суд во Охрид донесе одлука да му биде продолжен притворот на капетанот на бродот „Илинден“, Сотир Филевски, за уште 30 дена.Министерството за внатрешни работи против Филески поднесе кривична пријава за извршено „тешко дело против безбедноста на луѓето во сообраќајот“, при што му беше изречена мерка притвор …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top