Силниот ветер кој што од синоќа го зафати нашиот регион нанесе големи материјални штети. За последиците од ваквата елементарна непогода надлежните не сакаат да коментираат.Мост од топола на каналот „Студенчишта“. Од силниот ветер што синоќа го зафати нашиот регион падна старо дрво од страната на воениот центар за обука на вода. Тоа се урна врз три пловни објекти нанесувајќи им голема материјална штета. Ветерот како елементарна непогода по старото добро правило знае да ги изненади надлежните. Направена е само материјална штета. Каналот не е единственото место што претрпе последица од ветеро…
Благодарници и златен привезок на лицата кои несебично помогнаа во спасувањето на жртвите од бродската несреќа која се случи на 5 ти септември.На свеченоста по повод празникот 11 ти Октомври, доделени благодарници, на поединци, клубови и здруженија, кои несебично дадоа придонес во спасувањето на жртвите од бродската несреќа која се случи на 5 ти септември. Во име на Општината и граѓаните, градоначалникот Петрески, јавно им се заблагодари на: Петар василев, Зоран Гилевски, Васко Јанески, Димитар Пероски, Душко Рувчески, Марика Гаврилоска, Слободан Гаврилоски, Мартин Бошкоски, Рубин Данески, …
Со пригодна свеченост, означен почетокот на регулацијата и уредувањето на реката Грашница. Долгогодишниот проблем на граѓаните од населбата Грашница, конечно ќе добие среќна разрешница. Во низата свечености кои локлната ги организираше по повод празникот 11ти Октомври, се постави и камен темелник за регулација и уредување на реката „Грашница“ од ммостот на улицата „Гоце Делчев“ во должина од околу 150 метри. „Денешниот почеток на работите во овој дел на градот , претставува само еден дел од процесот на поставување на цевководи, проширување на улиците и воопшто отстранување на вливот на река…
Туристичката такса, од која 20 посто завршуваат во Министерството за економија, се наплаќа само во Охрид вели раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски. Додава дека охридските хотели и приватни станоиздаватели подлежат на наплата на туристичка такса, a тоа не e случај со останатите туристички центри во земјава. Инаку, податоците покажуваат дека за 8 месеци годинава во Охрид се остварени 446.194 ноќевања од кои 358.037 ноќевања во хотелите, а 88.157 во приватните сместувачки капацитети од помал обем. Од хотелите и останатите сместувачки капацитети за 8 месеци, пак се нап…
Актуелниот вршител на должност директор на Ј.П. „Охридски Комуналец“, Сашо Алче ќе остане на оваа функција најмалку до завршување на трансформацијата на јавното претпријатие.Ова го најави градоначалникот Александар Петрески коментирајќи ги бројните шпекулации што деновиве проструија во јавноста.„ Јас сум задоволен од работата на директорот , а верувам и вработените, затоа што за само три месеци задоа неколку заостанати плати“, вели градоначалникот Александар Петерски.Инаку, до неодамна првиот човек на ЈП Комуналец го избираше советот, но поради можноста ова тело политички да делува, направ…
Тие два дена ќе дебатираат на тема социјален дијалог, како најважен сегмент за подобро утре на работниците. Одговорните сметаат дека синдикатите во Македонија мора да се обединат заради надминување на алармантната состојба на работниците.Социјалниот дијалог кај нас не е на високо ниво. Сеуште треба да се апсорбираат знаењата од Европските претставници за прашањата на работниците. За таа цел три дена во Охрид Унијата на независни синдикати со присуство на европски експерти дебатира на тема „примена на нови технологии и создавање на социјални мрежи за поттикнување на Социјален дијалог во сре…
Тренд во медицинска пракса во светот и кај нас моментално претставува зачувувањето на матични клетки на новороденчето. Зачувување на матични клетки од папочна врвца, е нова и актуелна тема во областа на медицината. Во моментов тие се сметаат како највредни за да бидат зачувани за понатамошна употреба, поради тоа што со нивна понатамошна примена можат да се лекуваат над 70 заболувања, не само кај новореденчето туку и во неговото семејство. Денес со земањето на овие матични клетки и нивно нивно евентуално користење подоцна во случај на болест, пронајдено е најдоброто решение, со најефективни…
Над 1000 охридски земјоделци покажале интерес за одгледување на растителни култури, живина и добиток кој финасиски ги подржува државата. Бројот на заинтерсираните земјоделци постојано се зголемува вели раководителот на Агенцијата за потикнување и развој на земјоделството, Билјана Ѓорческа.Засега, охридските земјоделци се најзаинтерсирани за одгледување на грозје за кое добиваат по 2,5 денари за секој предаден килограм во охридската винарија. Интерес има кај сточарите за одгледување телиња по вештачки пат, а и за продадено кравјо млеко во млекара. Од годинава се добива финансиска под…