Донација од садници на јапонски цреши, ќе го означи чинот на продлабочување на пријателството помеѓу нашата земја и Јапонија. Нови садници на Јапонски цреши, од денеска ќе го красат плоштадот на градот. Паркот покрај споменикот на браќата Кирил и Методиј, е местото каде беа засадени дрвцата кои се подарок од јапонскиот филозоф Даисаку Икеда, преку неговата фондација во Токио. „Овие садници имаат култно значење во нивната матична земја, а секако и овде кај нас ќе добијат посебно внимание“, истакна градоначалникот Петрески. „На овој начин, гостите од земјата на изгрејсонцето, го ставија Охрид…
Месноста Рача црна точка на магистралниот пат Охрид-Св. Наум. Се почести се сообраќајните незгоди на овој патен правец. Најчесто возилата завршуваат во светлечки столбови. Утрово повторно катастрофална незгода.Урнат светлечки столб, превртено возило марка БМВ со скопски регистарски таблички, остатоци од крв, јакна и други предмети утрово осамнаа на патниот правец Охрид-Св Наум. Според извештајот на СВР, незгодата се случила во 4 часот и 30 минути. Патничкото моторно возило управувано од Ф.Т. роден 1986 година излетало од десната страна на патот и удрило во светлечкиот столб при што се превр…
Градоначалникот наместо да носи Јапонски цреши, треба да се потруди да донесе Јапонски инвеститори, обвинува советникот од ВМРО ДПМНЕ Јованка Дамоска. Според неа недостигот на директни странски инвестиции во нашата општина е очигледен. „Климата за странски инвестиции ја прави државата, вели Петрески.Честите патувања во странство градоначалникот треба да ги искорити итро. Владата е таа која ја создава бизнис климата, меѓутоа градоначалникот е тој кој ги воспоставува контактите и кој треба да привлече финасиери за да инвестираат во градов. Во нашата општина недостигот на директни странски ин…
Здравствен дом во Охрид повеќе од неопходен. Конечно усоглесени ставовите на централно и локално ниво. Градот ќе добие нов здравствен дом, се чека само да се изгласа ДУП за болнички комплекс.Охрид под итно треба да добие нов здравствен дом. Владата средства за овој голем проект има обезбедено одамна. Во моментов се чека само одлука на советот на о.Охрид. Прашањето од страна на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Борис Стефановски на последната седница, дојде во вистински момент. Одлуката на Владата, Охрид да добие нов здравствен дом градоначалникот Петрески целосно ја оправдува. Според негом место…
Осум куќи наспроти Св. Софија години наназад се соочуваат со горлив проблем. Имено, овие куќи не се конектирани на канализационата мрежа, бидејќи не настапила втората фаза предвивдена со проект, финансиран од странски фондови. „Проаква“, ќе излезе во пресрет.Во срцето на градот наспроти црквата Св. Софија години наназад 8 куќи не се приклучени кон канализационата мрежа. Овој горлив проблем, денес, на осмата седница посветена на советнички прашања го наметна советникот Томислав Тунтев. Според него недозволиво е во денешни услови да постои ваков проблем. Тунтев има одредени сознанија според с…
Комесарот за проширување на Европската Унија Оли Рен на денешната прес конференција во Брисел, соопшти дека Европската комисија ќе препорача почеток на претпристапните преговори за полноправно членство во Унијата.Општинскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид го одбележа овој момент.Македонија доби препорака за отпочнување на преговори со ЕУ. Македонија се оправда пред Европа преку исполнување на критериумите кои и беа поставени како услов да зачекори кон нејзиниот праг. „Би сакал да подвлечам дека препорачавме отварање на преговорите за пристап во членството на ЕУ за Р Македонија. Државата пос…
Советниците љубопитни, кога ќе завршат градежните активности на „Железничка“. Градоначалникот појасни дека постојат објективни причини поради кои не е завршен овој проект. Петрески се надева дека до почетокот на следната туристичка сезона Булеварот ќе биде готов.Советниците покажаа интерес за интензинтетот на градежните работи на Железничка. На осмата седница на чиј дневен ред имаше советнички прашања, интерес за интензитот околу градежните работи на булеварот, покажа советникот Владо Цветкоски.Булеварот „Железничка“ ќе биде завршен следната година најави, градоначалникот Александар Петреск…
Тој смета дека општината не е должна да помага во оваа акција, бидејки приоритет треба да им даде на верските објекти во регионов, кои се доста запуштени.„На секоја црква пишува, направи добро и не кажувај никому. Јас тоа го направив, дадов пари но не ме прашувајте колку“, рече градоначалникот Александар Петерски кој одлучил лично да се вклучил во акцијата за санирање на штетите од пожарот што неодамна го зафати ова големо духовно светилиште. Тој смета дека е доволно што државата се вклучила во обновата на Бигорскиот манастир,потенцирајки дека општината треба да се грижи за своето култур…