Таа е системска болест на коските која се карактеризира со намалена коскена густина и нарушена микроархитектура. Остеопорозата е многу често заболување кое буквално значи порозни коски. Најсериозна последица од оваа болест е скршеница на коските дури и при минимален удар или паѓање. Ова заболување може да доведе до инвалидитет, па дури и до смрт и е познато како „Тивка епидемија“. „Остеопорозата зема се пошироки, речиси епидемиски размери и освен што ја напаѓа женската популација, во последно време не е мал бројот на мажи кои заболуваат од оваа болест. Постoјат голем број на ризик фактори к…
Три месеци не функионира општинскиот совет за безбедност во сообраќајот. Претседателот на новиот состав на општинскиот совет, Спирко Николоски, избран на ова функција по завршувањето на мандатот на стариот состав, само по неколку месеци од назначувањето, од лични причини, поднел оставка. Општинската администрација досега не нашла време да го разгледа барањето на Спирко Николоски за разрешување од оваа функција. Од таму, не знаат кога и дали воопшто ќе биде ставен изборот на нов претседател, на дневен ред, на некоја од наредните седници на советот.Непотполниот состав го доведедува во прашање…
„Две и пол години во секторот за внатрешни работи се затаени моите документи“, се жали нашиот сограѓанин Ацо Климоски. Климоски обвинува дека поради несовесното работење на референтите, приморан е да се жали и до сектор за внатрешна контрола, во МВР. Од СВР пак овој случај не коментираат, само велат дека странката треба да го сочека исходот од жалбента постапка. Ацо раскажува како пред две и пол години по смртта на својот татко, оружјето кое го поседувал, уредно со записник, во рок од шест дена го предал во СВР. Но,откао се установило дека Климоски е едниствениот законски наследник на имото…
Во катердалната црква св. Софија, се одржа помен за жртвите во бродската несреќа. На церемонијата присуствуваа дел од најблиските роднини на загинатите, како и функционери од Македонија и Бугарија.Роднините имаа желба да го видат и местото на несреќата и во водите на езерото се простија од нив каде фрлија цвеќе.Солзи, црнила и молк кај Елешец, местото каде загинаа Бугарските туристи. На церемонијата по повод 40 дневниот помен од несреќата Здружениот „Охрид 5 ти септември“ и најблиските роднини на загинатите туристи во водите на езерото положија венец и цвеќа на местото каде нивните најблис…
Традиционалните, средношколски ескурзии годинава се поместени. Наместо во пролет сега ќе се изведуваат во есен. Поместувањето на терминот ги загрижува родителите. Стравуваат што патувањата ќе бидат во доцна есен кога времето почнува да заладува. Училиштата имаат оправдување за промената на термините кога ескурзиите се правеа во пролет. Екстерните испити во јуни се причината што се менува терминот на ескурзиите објаснуваат од гимназијата. Патувањето за нивните средношколци ќе биде на почетокот од ноември.Доцнат и постапките за избор на агенциите кои ќе го организираат патувањето во двете …
Во Охрид голем број објекти за домување, сеуште се градат од азбест. Овој материјал претставува минерал кој може да направи огромни штети по здравјето на луѓето. Не е мал бројот на објекти за домување или работни простории во Охрид, кои во својата структура содржат азбест. Ова и не би било загрижувачко доколку не се знае дека азбестот има низа негативни компоненти. Овој материјал, по својата структура претставува минерал, кој може да предизвика огромна штета на белите дробови кај човекот. „Тој во Охрид може да се најде буквално насекаде. Најнегативен пример е населбата Бараки, која целосн…
Законот за Охрид и охридскиот регион е во завршна фаза на подготовка. Истиот ќе биде доставен до надлежните институции на мислење, кога ќе се отвори и јавна дебата.
„Овој закон е од големо значење за Охрид, меѓутоа и за Македонија воопшто. По однос на менаџмент планот, кој го опфаќа и културното и природното наследство на Охрид, Владата веќе донесе одлука“, рече Минестерката Канческа Милеска, при својата последна посета на градот.„Овој закон е од големо значење во делот на заштитата на културното наследство и архитектурата на Охрид како град“, потенцира таа.„Министерството за култура работ…
Црвениот Крст од Охрид во соработка со ресторанот Далга, даваат придонес во кампањата на неделата за борба против гладта. Се надеваат дека до крајот на акцијата ќе им ја олеснат состојбата и ќе направат посреќни барем 100тина најзагрозени семејства.Оваа традиција се практикува со години нананзад и докажува дека граѓаните на Охрид навистина знаат да искажат хуманост. Одредена сума од досега собраните средства се вложија за купување храна која денеска беше поделена на лицата кои се хранат во народната кујна. „Нашите активности продолжуваат и наредните денови“, вели Сашо Точко, „Во градов има …