Окт 22, 2009

Нема базен!

Наместо бесплатен базен охриѓани сепак ќе добијат трговски центар со катна гаража, фитнес центар, ресторан и други комерцијални услуги.И по две недели од одржувањето на јавната анкета за Деталниот урбанистички план кај спортскиот центар Билјанини извори, не стивнуваат реакциите на граѓаните кои дирекно се засегнати со нерешените имотно правно односи во тој дел. Нивните настојувања беа во насока да добијат одговор од надлежните, што е зацртано во навидум празниот Предлог детален урбанистички план за овој дел. Најсериозен проблем кој се наметна беше изградбата на пливачкиот базен. Спорната ло…

Окт 22, 2009

„Опсесија“ – љубов преточена во поетски ѓердан

„Опсесија“ е најновото поетско дело на Вера Маркулева Поповска. Опсесија, нов поетски повод,  ново дело на Вера Маркулева Поповска. Самиот наслов посочува на обземеност со мисли и идеи, љубов преточена во поетски ѓердан. Авторот сета енергија во своето ново послание ја дели на три љубовни области: љубов кон животниот сопатник, љубов кон Охрид и Македонија и  воопшто љубов кон поколението кое сепак ја прави најсреќна. „По пауза од две години по објавувањето на своето последно дело, Маркулева го менува курсот во пишувањето. Во најновиот поетски простор, таа е далеку пстрога во стилот, подлабо…

Окт 22, 2009

Позитивна отценка за Македонија во делот за животна средина во извештајот на Европската унија

Делот за животна средина многу значаен сегмент за финалната слика која Европската унија ќе ја добие за нашата земја. „Најкомплициран е делот кој се однесува на прекугранично и историско загадување“, вели Дејан Паноски преставник од министертсвото за животна средина.Македонија треба да го подигне нивото на админитстративни капацитети за управување со животна средина без разлика дали е на национално или локално ниво, стои во извештајот на Европската унија, во делот за  животна средина. „Извештајот е реален и отсликува се што моментално влијае на неа.  Во него највпечатливи се неколку елементи…

Окт 21, 2009

Видео надзор во црквите

Од МПЦ најавуваат поголема контрола над црквите. „Веќе сме во преговори за поставање на камери и алармни системи“, вели портпаролот на МПЦ, Тимотеј. Нашето непроценливо богатство мораме да го заштитиме, ова што ние се случи е неопростливо, додава владиката.По серијата кражби на икони од црквите, МПЦ како чувар и имател на големо богатство  одлучи да првземе активности за поголема нивна заштита. „Обрзани сме со закон но и морално, да ги заштитиме црквите од кражби. Околу овој проблем се консултиравме со стручни лица за заштита на културното богатство и заклучивме дека во овој момент, најдобр…

Окт 21, 2009

„Железничка“ најнебезбедна делница

Бројните препукувања околу изградбата на овој потег од магистралниот пат М-5 на релација локална – централна, навидум стивнаа. Но што од тоа? Скинати гуми, оштетени предници, искривени бандаши и расфрлани раткапни, се дел од последиците што ги трпат возачите заради раскопаната делница и бројните дупки кои месеци наназад никој не ги санира. Засега никој не превзема одговорност за незгодите, кои се позачестени во ноќните часови кога видливоста на патот е намалена.Жителите од овој дел на градот, и онаа мала надеж дека ќе се санира  „Железничка“, ja изгубиja. Тие потсетуваат надлежните да не ги…

Окт 21, 2009

Охридски Комуналец една недела е без струја

Дирекцијата од Комуналец и работната единица механизација од четвротокот се без струја. „Овој проблем настана поради актуелизирање на проблемот со трафостаниците кои ги користи ЕВН, а се поставени на земјиште од ЈП. Досега ЕВН не ни плаќаше  закупнина за тарфостаницата која е поставена на наше земјиште ние не им плаќавме за потрошена електрична енергија“, вели директорот на ЈП Сашо Алче. Тој додава дека раководството на  Комуналец е дел од тимот на градоначалникот кој води разговори со ЕВН за пребивање на долговите на општината и јавните претпријатија. „Овие преговори се со цел да се изнајд…

Окт 21, 2009

Пензионерите сепак активни

Здружението на пензионери од Охрид може да се пофали со низа реализирани активности. Годинава која е во одминување ја карактеризираат повеќе значајни активности на здруженијата на пензионери во општините Охрид и Дебарца. Една од носечките активности беше донесувањето на измените и дополнувењето на нов статут на здружението. Овој   статут е усогласен со законските прописи во законот за здруженија на граѓани и фондации и со законот за пензиско инвалидско осигурување на Македонија Во текот на годинава, согласно програмата за работа, здружанието превзеде активности. „Поради рецесијата која ја з…

Окт 20, 2009

Билјанини извори добија нов лик

Мислењата поделени. Според едни, новиот изглед привлечен за туристите, според други – изгубена автентичноста на изворите. Но дали корисникот во сите зафати постапува законски? Имено, од пролетта превземени се низа активности, со што ова култно место доби нов изглед. Дел од граѓаните задоволни, но има и такви, кои секојдневно го посетуваат овој локалитет, и се пожалија на узурпацијата на поголемиот дел од тревнатата површина. Бараат од надлежните реално да согледаат што се случува на оваа локација. ТВМ дознава дека на овој локалитет ингеренциите се поделени. Ресторанскиот комплекс Билјанини …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top