Регионална депонија спас за општините Охрид и Струга. За таа цел се врши голем притисок кон централната власт. Тука се локациите и инвеститорите, велат одговорните од двете општини. Додека сите чекаат зелено светло, од Министерството за животна средина се тактизира.Регионална депонија е повеќе од потреба. Општините Охрид и Струга сериозно ги имаат засукано ракавите и одамна го иницираат проблемот околу депонирањето на сметот. Тие во моментов немаат адекватен простор. Познато е дека Охрид, сметот го депонира во Буково, додека пак Струга во струшко поле. Според директорот на ЈП „Охридски кому…
Возачите ќе мора да се адаптираат кон најновото решение на надлежните со цел поголема безбедност на учесниците во сообраќајот. Поставени забавувачи на брзина на патот. Оваа мерка е применета на критичниот дел на патот кај клучката на бензинската пумпа „Окта“. Надлежните веруваат дека со ова, ќе им се исполнат очекуваните резултати и ќе се избегнат дел од сообраќајните незгоди, кои најчесто се случуваат заради неприлагодена брзина на патот. Црните точки на фрекфентните улици во градот, почнаа да се согледуваат како реални проблеми во сообраќајната сфера. После низата незгоди на критичната кл…
По повод денот на ослободувањето на Охрид, невладината организација „Рибари“ најавува одржување на музички хепенинг и свечено дефиле. Наближува 7ми ноември, денот на ослободувањето на Охрид. Тоа само по себе носи одредени подготовки за неговото празнување. Свој придонес во одбележувањето на овој за Охрид значаен ден, ќе даде и новоформираната Невладина организација „Рибари“, која по тој повод најавува бројни активности. „Музички хепенинг и свечено дефиле на културно уметнички друштва од градов и Струга ќе бидат дел од манифестацијата која следи. Се надеваме дека во иднина оваа манифестација…
Лета Ц.Л од Охрид,(35) од понеделникот не се вратила во својот дом.Истиот ден таа во 13 часот имала телефонски контакт со раководителот на смена во фирмата каде што работела,по што и се губи секоја трага,соопштија вечерва нејзини блиски. Висока е 168 цм, тешка околу 60 килограми. За билокаква информација јавете се во СВР Охрид и телефон 075267791{loadposition content9}
На 28.10.2009 година после 17 часот се губи секаков траг на Сребре Наумоски. Личноста е висока 175 цм на возраст од 61 година, а на себе носи црна јакна. Последно Сребре разговарал телефонски со неговиот брат кој живее и работи во САД, и видоно изреволтиран излегол од дома.За секоја информација јавете се на 075/638 022 Сашо{loadposition content9}
„Нема поголема радост и доказ за успехот на еден доктор, кога ќе допринесе еден млад живот да се врати во реалноста, вели д-р Горан Балев. Шест годишно аутистичното дете првпат проговорило по третманите со чист кислород под притисок во Општата болница во Охрид. Покрај детето и родителите, најзаслужни за овој успех се Д-р Горан Балески и д-р Ристо Медароски, кои работат на хипербаричната комора. „Аутизмот е патолошка појава на организмот која се класифицира како психичко растројство кое се манифестира со отсуство на комуникација и присуство на сиромашни и стереотипни ак…
Нов ренген апарат вреден 300 000 евра за општа болница Охрид. Предности на новиот апарат се скратено време на изготвување снимка, како и подобрување на квалитетот на истата. Општа болница Охрид доби нов софистициран ренген апарат. Модерниот апарат е повеќе од потреба во општина Охрид. Обострано е задоволството на менаџерите и медицинскиот персонал. Со овој потег се намалува обемот на работа, се добива на квалитет и проблемите на пациентите кои се шетаа од болница на болница завршуваат. Денес направени се и првите пробни снимки, од кои медицинскиот персонал посебно е задоволен, вели портпаро…
Германистите од Филолошкиот факултет во Скопје, на конференција посветена на јазикот, литературата и културата. Трета годишна конференција на здружението на Германисти на Југоисточна Европа. Овој вид на семинар за прв се одржува во Македонија. Претходно истата е одржана во Сараево и Задар. Станува збор за проект кој е финансиран од средствата на пактот за стабилизација и асоцијација заради поддршка на универзитетите во овој регион. Присутни се 60 тина учесници, претставници од 17 универзитети од Југоисточна Европа, вклучително и Австрија и Германија. Темата на конференцијата која е посветен…