Константин Георгиески, градоначалникот во заминување, на својот наследник, Кирил Пецаков денеска му ја честита победата.
Ја користам оваа прилика да му го честитам изборот на новиот градоначалник на Охрид, господинот пратеник Кирил Пецаков, да му посакам пред се добро здравје и успех во работата – истакна Георгиески.
Георгиески им се заблагодари на сите граѓани кои гласаа за него на локалните избори.
Ми беше чест овие две и пол години да им служам на граѓаните на Охрид и на Охрид. Решававаме навистина крупни проблеми, сработивме големи проекти кои ќе останат зад нас, а оставаме и…
Регионална ТелевизијА ТВМ – Охрид во интерес на подобро информирање на јавноста за програмите на партиите учесници на предвремените парламентарни избори 2020 год во рамки на медиумското покривање на изборната кампања реализира интервјуа со кадидати за пратеници од 5тата изборна единица.
Интервјуата ќе се емитуваат почнувајќи од денес после првото издание на дневникот на ТВМ ТелевизијА.
По паузата поради Ковид – 19 мерките и Уредбата од Владата од денеска НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид е повторно отворена. Библиотеката ќе работи од понеделник до петок во терминот од 8 и 30 до 16 и 30 со пауза за дезинфекција на просториите во терминот од 12 до 12 и 30 часот.
НУ Библиотека од Охрид применува протокол за работа кој бара дициплина и одговорност и од вработените и од читателите. Задолжително е секој посетител да носи заштитна маска и да го почитува редот за дезинфекција пред влегување во установата.
Од НУ Библотека „Григор Прличев“ известуваат дека отворен е одделот…
Во текот на изминатото деноноќие (04/05.07.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 432 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.
На својот Фејсбук профил, Филипче напиша дека е остварена одлична дискусија со младите здравствени работници, дека се слушнати нивните предлози и пораки – заеднички да се унапредува здравствениот систем.
Филипче посочи дека младите здравствени работници се активно вклучени во креирањето на здравствените политики, затоа што само младите знаат што е најдобро за нив.
Министерот истакна дел од реформите кои се однесуваат на младите здравствени работници, но и на стандардот на медицинските лица воопшто.
Направивме да се чувствуваат вреднувани и мотивирани.
Со шест месечна платена работа почн…
Безживотното тело на 49 годишен охриѓанец со иницијали СЈ денеска попладне беше извлечено од водите на Охридско езеро на кеј Македонија, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
„Во 14:30 часот во СВР Охрид беше пријавено по телефон дека на Кеј Македонија наспроти угостителски објект е забележано безживотно тело на маж во водите на езерото. СВР Охрид и јавен обвинител направија увид и констатираа дека станува збор за 49 жител на Охрид со иницијали СЈ. Екипа од Итна медицинска помош констатирале смрт. На телото не се забележани видливи траги на насилство. Телото е предадено на о…
Венко Филипче, министерот за здравство се сретна со охридските лекари и медицински персонал во ЈЗУ Општа болница и специјалната Св Еразмо Охридски и ги слушна од прва рака проблемите со кои се соочуваат за време на епидемијата на Ковид 19. Министерот е задоволен како досега охридските лекари и медицински кадар се справуваат со целокупната ситуација при лекувањето на пациентите и при тоа им искажа благодарност. За секојдневниот голем број на позитивни пациенти со Ковид 19, Филипче кажа дека засега се прават пошироки тестирања, со кои навреме се предвидува притисокот на здравствениот систем и…
Спасителите на плажи се грижат за безбедноста на капачите пред неколку охридски хотели. Засега се ангажирани на 8 капалишта дванаесетмина спасители, информираат од ОО на ЦК во чии рамките функционира спасителната служба на вода. На плажите пак, каде што нема концеисонери, а општина Охрид ги одстранува нелегално поставените објекти, нема спасители кои ќе се грижат за безбедноста на капачите. За нив допрва според Планот за управување со културното и природното наследство на охридскиот регион, предвидено е да се изработи урбанистичка документација со која ќе биде дефинирано да има плажи, инфор…