Ное 7, 2009

Размена на искуства и се поголема соработка

Неофицијална посета на претставници на Лајонс клубови од Велика Британија и Ирска. Гостите беа запознаени со реализацијата на проектот „Информација за секого без предрасуди“  во рамките на програмата на ТелевизијА ТВМ, изработен со помош на Лајонс клубот „Охрид“ и Локалната самоуправа.Неофицијална посета на нашата телевизиска куќа од страна на претставници на Лајонс клубови од Велика Британија и Ирска. Тие го посетија нашиов град на покана на Проект менаџерот на кабиентот на дистриктот 132 после конвенцијата во месец мај, господинот Драган Спасески-Охридски, како дел од меѓународните активн…

Ное 6, 2009

Охридски „фастфуд“

Пред платото на гимназија „изникна“ приколка во која се продава храна. Граѓаните  и угостителите реагираат. Се прашуваат кој дозволил поставување на приколката во време кога интензивно се врши  спроведување на Хасап системот за безбедност на храна и се става под лупа работењето на угостителските објекти, посебно во поглед на хигиената. Сопственикот на приколката тврди дека поседува комлетна документација за работа, а локацијата ја добиле од Локалната самоуправа. Началникот на Секторот за урбанизам Бранко Арнаудов потврдува дека  местоположбата ја одобрила тие. На прашањето дали таа постапка…

Ное 6, 2009

52 години радио Охрид

Утрешниот празник на градов е поврзан и со почетоците на Радио Охрид. Со пригодна свеченост роденденот на овој медиум беше одбележан во ресторанот Св. Софија.Пред 52 години овој медиум започнал со емитување на своја програма со која години наназад е дел од живеењето на Охрид и охриѓани. Со пригодна свеченост роденденот на овој медиум беше одбележан во ресторанот Св. Софија.{loadposition content9}

Ное 6, 2009

Граѓаните на средба со директорот на државниот катастар

По трет пат во Охридското одделение за катастар се органираат  отворени денови. Станува збор за средби на граѓаните со директорот на државниот катастар  и државните службеници за решавање на проблемите од област ана катастарот вели Љупчо Георгиески директорот на државниот катастар. Тој додава дека од средбите со граѓаните  имаат впечаток дека застојот во решавање на проблемите не е секогаш кај нив.Проблемите се испреплетени меѓу нашата и  другите институции вели првиот човек на катастарот . Ние се обидуваме да помогнеме во решавање на проблемите преку директни средби додава тој.Граѓаните им…

Ное 6, 2009

Бесплатно психосоцијално советувалиште во Охрид

Граѓаните на Охрид во иднина бесплатно ќе добиваат психосоцијално советување. Во Охрид започна да работи психосоцијално советувалиште. Тим составен од психолог, социјален работник, дефектолог и доктор, ќе врши бесплатна  анонимна услуга, за сите граѓани кои од истата ќе имаат потреба. Оваа новина е дел од новата програма на Црвениот Крст. Целта е подигање на квалитетот на живеење на граѓаните од Охрид, превенција и надминување на психосоцијалните проблеми кои секојдневно ги мачат. „ Во однос на психолошката област ќе се врши психолошка дијагностика, разрешување на проблемите околу професион…

Ное 6, 2009

Свечена седница по повод 65 години слободен Охрид

Јубилејните шест и пол децении од ослободувањето на Охрид одбележани, ден пред датумот 7 ми ноември. Свечената седница по тој повод, беше одржана во присуство на бројни гости, граѓани, преживеани учесници на НОВ и антифашистичката револуција. Чествувањето отпочна со химната на Р. Македонија во интерпретација на гимназијалците, членови на Хорот. За значението на денот зборуваше претседателот на Советот на општина Охрид Душко Јаковчески. Тој истакна дека 65 години поминати во слобода се доволен период, за да се разберат целите на сите оние кои твореле за Охрид. Јаковчески повика заеднички сит…

Ное 6, 2009

Грбот на Република Македонија достојно да замине во историјата

Од денеска на 7 пункта отпочнува спроведувањето на иницијативата на ВМРО-НП за собирање потписи за промена на грбот. Претседателот на охридскиот огранок на партијата Ванчо Костоски очекува за три недели да се соберат потребните потписи.Време е државниот грб да замине во историјата на Р Македонија. Од денеска започнува иницијативата на ВМРО-НП за собирање 10 000 потписи за замена на сегашниото модифицирано решение на државниот грб со земскиот лав. Претседателот на охридскиот огранок Ванчо Костоски очекува поддршка на оваа иницијатива од причина што се нуди пример за државен грб од времето ко…

Ное 6, 2009

Охрид – регионален центар за потребите на децата со пречки во развојот

Охрид со денешната стручна промоција на развојно советувалиште за деца родени со ризик и пречки во развојот, добива можност да прерасне во регионален центар за потребите на оваа популација. Рано откривање, евидентирање и следење на деца родени со ризик и пречки во развојот беше тема на денешната стручна промоција. Заедничката соработка на здравстваниот дом од Охрид и ГТЗ  канцеларијата на германска владина организација, денеска презентира еден дел од линијата на згрижување на ризично родени деца. На семинарот учествуваа преку 70 стручни лица, претставници од 14 градови од Југозападниот реги…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top