Ное 14, 2009

Незадоволство од Законот за градба

Отворена дискусија со градоначалниците, околу новините во законот за просторно и урбанистичко планирање, се одржа во Охрид. Присуствуваа над 150 претставници, кои во текот на вчерашниот и денешниот ден дискутираа за начините на имплементација, новините во законот се со цел да се олесни животот на граѓаните и да им се намалат административните бариери. Новините во законот ги презентираше Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. „Новиот закон опфаќа и новини кои ги превзедовме од извештајот на Светската банка. Зедовме примери од соседните земји во делот на законодавството. Го превзема…

Ное 14, 2009

ХПВ вакцината има позитивно влијание

Караванот кој е дел од кампањата за превенција од ХПВ вирусот, помина и во Охрид. Неговата цел е да  даде до знаење дека постои начин како да се заштитиме од ХПВ вирусот, кој што е многу раширен, а  е причинител за појава на рак на грлото на матката.  Вакцината која практично е внесена во редовниот календар за имунизација во сите развиени земји, конечно станува достапна и за нас. „Ова е вистинскиот чекор кон заштита од оваа појава. Сметам дека е многу важно младите да бидат информирани зошто само така го заштитуваат своето здравје. Единствено на овој начин во иднина ќе обезбедиме поздрави м…

Ное 14, 2009

Стартува проектот Топ 10 на Лајонс клубот Охрид

На одржаниот натпревар по знаење  учествуваа 120 ученици од 4,5,6 ,7 и 8 одделение. Основците беа тестирани на 20 прашања од математика, англиски јазик,македонски јазик и информатика ,вели претседателот на Лајонс клуб Охрид, Ангел  Јанев.Талентираните и примерните ученици се многу често запоставувани од заедницата  и училиштата потенцира Ангел Јанев, па овој проект има за цел квалитетните ученици да бидат извлечени од анонимност и да бидат соодветно наградени.Во првиот циклус на одржаното тестирање беа избрани најдобрите Топ 10 ученици. Тоа се Алексоски Бобан од 4 одделено, петодделенецот Р…

Ное 14, 2009

Охрид ќе добие дом за стари лица

Проектот „Дом за стари“ по се изгледа ќе ја доживее својата реализација. Лицата кои ќе одлучат своите зрели години да ги поминат во ваква институција, конечно тоа ќе можат да го сторат и овде во Охрид. Преку швајцарска донација, градоначалникот Петрески конечно најави дека изградбата на овој објект ќе добие зелено светло. „Таа проекција е во завршна фаза. Ние очекуваме Швајцарците до крајот на овој месец да дојдат и да потпишиме конкретен договор. Со почетокот на следната година ќе започне изградбата на овој толку посакуван објект“, вели Петрески.„Ние како здружение веќе подолг период амавм…

Ное 14, 2009

Урбаната политика на Охрид – хаос

Со новите измени на законот за просторно и урбанистичко планирање,  не само што се олесна постапката за добивање дозволи за градба туку се дефинира и ставот на локалната самоуправа. Со новите ингеренции, советниците одлучуваат кој ќе добие локална урбанистичка планска документација со која може да се врши уредување и користење на просторот со определување на градежна парцела во и вон плански опфат.Наезда на урбанистички планови. На неодамна одржаната девета седница на советот на општина Охрид, советниците во еден здив дадоа зелено светло по однос на дваесетина точки од урбаната сфера. Имено…

Ное 12, 2009

Ноември – месец на хибернација за туризмот!

Тешки денови за туризмот во Охрид. Залагањата на одговорните чинители на туризмот во градов – да имаме гости преку цела година – паѓаат во вода. Се наоѓаме во мртов период, кој започнува од октомври и трае до крајот на месец декември. За туризмот, како главна носечка гранка на охридското стопанство, најбројни се изјавите во летниот период, кога одговорните во секоја втора изјава велат дека се прават напори за развој на истиот. Верица Хајба, туристички работник од Охрид, вели дека стихијното работење не вродува со плод. Сите се свесни за проблемот, но треба добро да се засукаат ракавите и да…

Ное 12, 2009

Состанок за квалитет на водата

„Презентирани се сите резултати кои досега сме ги направиле…. констатирано е дека постои загадување во одредени периоди од годината. Заклучокот е дека ескспертски тимови на сите овие институции во многу скоро време ќе излезат на лице место, со цел да ги откријат сите загадувачи“ вели Сашо Точков, претставник од ЗЗЗ и додава дека состојбата со квалитетот на водата на Билјнините изворите воопшто не е загрижувачка. Изворската вода може да пие и е со добар квалитет. „Во текот на 2009 год. 90 насто од земените примероци од водата во Билјанини извори покажа дека е квалитетна“, потенцира Точков….

Ное 12, 2009

Охриѓани сепак имаат доверба во банките

Граѓаните на Охрид имаат долга традиција на штедење, која не била прекината и нарушена и во најтурбулентните времиња. Постојаниот пораст на депозитната база кај двата пазарни сегменти – населението и правните субјекти, укажува на лојалноста на граѓаните кон банката како институцијата. „Парите, доколку ги има се разбира дека се за во банка, а не за под перница“, коментираат граѓаните. Со состојбата од 30.09 2009 год. вкупните депозити на на државно ниво, само во Охридска банка АД Охрид, изнесуваат 4,85 милијарди денари (или околу 79 милиони евра). Притоа 2,1 милијарди денари (односно 34,7 ми…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top