ЕВН при изведба на ископ за инсталација тотално го уништи дрворедот наспроти механизација на Комуналец обвинуваат од таму. Од ЕВН велат дека се внимава при работата, но работите тргнаа по судските инстанци.Затрупан дрворед. На ул. АСНОМ кај познатата 110 целосно уништена е зелена површина. Според раководниот тим на паркови и зеленило во ЈП Охридски Комуналец, направена е огромна штета врз зеленилото, поточно целиот дрворед настрадал од ископините на инвеститорот за потребите на ЕВН од електрична инсталација. Раководителот на паркови и зеленило Вера Оравник вели дека со овој потег на инвест…
„Сопствениците на шанкови имаат целосна документација за истите, поради тоа ние се оградивме од рушењето “, вели градоналалникот Петрески.Министрвото за транспорт и врски пресече. Нема концесија за Сараиште , нема шанкови. Натегањата кои подолго време се водеа помеѓу месното население, локалната самоуправа и министерството, завршија во корист на граѓаните. Познато е дека Министерсвото за транспорт се откажа од издавањето на овој атрактивен дел од Охрид под концесија, под услов шанковите кои се таму да се отстранат. Акцијата за рушење на истите денеска ја спроведе државниот инспекторат з…
Македонија во земјоделството ги применува законите донесени според европските директиви. Фитосанитарната политика на земјава ја уредуваат три закони,изменети и дополнети во текот на оваа година, Законот за здравјето на растенијата, законот за производи за заштита на растенијата и законот за ѓубрива.„Заштитата на растенијата е неминовна агроехничка мерка и претставува еден од најважните работни процеси кај сите земјоделски култури. Директно од неа зависи квалитетот и квантитетот на еден земјоделски производ, но и економичноста и рентабилноста на земјоделското производство во целина“, вели …
Несовесното однасување кон природата ги премина сите граници. Локалитетот Мауцкер на кој за денот на дрвото беше засаден солиден фонд на нови садници од јасен преставува огромна депонија. Таа наликува на огромен рид од неколку илјади метри квадратни, составен од секаков вид на отпад. Има шут, цврст отпад, како и старо воено орудие. „Навистина е жално вака да се однесуваме кон природата, и сметам дека е крајно време локалната од Охрид како најзасегната во случајов, да ги превземе работите во свои раце и конечно да изнајде решение за санирање на овој проблем, Се согласувам со вас дека не треб…
Согласност за раздружување на меѓуопштинското ЈП Проаква, од владата на Република Македонија, односно од Министерот за финансии Зоран Ставрев, денеска побараа од партијата ВМРО Народна. Двете организации кои би настанале со поделбата, без никакви технички проблеми би продолжиле со својата работа. „Од истото ниту би трпеле граѓаните, ниту пак вработените, а со тоа единствено ќе им се олесни работата на работните групи кои делуваат на овој терен. Ефектот од ова раздвојување би бил многу поголем како техничко технолошки, така и персонално, односно административно. Имено територијата на овие д…
Изговорите од типот, да оставиме за друг ден, или несмеам да го дадам мобилниот телефон на одговорните, нималу не кореспондираат кон она на што се стреми Македонија-транспарентност за влез во ЕУ.Состојбата во некогашниот стопански гигант – ЕМО, алармантна. Неисплатените четири плати од минатата година, вработените му ги простија на претпријатието со надеж, годинава да тргне работата. Но се повторува лошата слика. Вработените кои не сакаа да говорат пред објективот на нашата камера, плашејќи се да не ја изгубат работата се пожалија дека последна плата им била исплатена за месец јули годинав…
Драгоцен камен на НП Глаичица. Вака, претставниците на италијанската амбасада го нарекоа новиот информативнен центар, кој денеска и официјално беше пуштен во употреба на Националниот парк. Центарот се градеше некаде околу 7 месеци, со средства во износ од околу 200 000 евра донација од италијанската амбасада. Според изјавите на првиот човек на паркот Зоран Ангелоски во иднина, тука предвидено е да бидат сместени канцалариите на НП Галичица, и уреден дел за посетители. Но новина е, што на ова место, предвиден е ресторан со македонски специјалитети и ботаничка градина додава Ангелоски Првиот …
Нормални тарифи за категоризираните станоиздавачи. Општинскиот инспекторат од Охрид, на страна на народот. Проблемот кој деновиве настана кај приватните станоиздавачи со ЕВН, заради наплатување на индустриска струја на овие корисници, надминат. Имено, раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски, вели дека неможе туку така да се фрлат во вода нивните тригодишни напори за категоризација на сместувачките капацитети во Охрид. За таа цел постигнат е договор со ЕВН, во интерес на барањата на станоиздавачите, додава Танасоски.Танасоски рече доколку некој од станоиздавачите по грешка п…