Ное 26, 2009

Меѓународна средба на писатели за деца и млади

Меѓународна средба на писатели за деца и млади, за прв пат во Охрид и Македонија. Проектот е на нациналаната установа Библиотека Григор Прличев, а е подржан од министертвото за култура на Р Македонија. Резултат од средбата ќе биде укоричено издание на книга за деца, колаж од творби од учесниците на средабата во Охрид. „Идејата е со оваа средбата е да се направат согледувања за положбата на книгата за деца и млади во земјите од кои доаѓаат писателите , како и подигнување на нејзиниот статус во општеството“, вели директорот на Библиотеката Тоде Илиевски.Во рамките на средбата ќе се одржи чита…

Ное 26, 2009

Важен момент за Охрид

Претставници  на УНЕСКО во декември во Охрид. Повод за тоа е готовиот нацрт план за управување со културното и природното наследство на Охрид. Новина е што член на Националната комисија на УНЕСКО е Дејан Паноски.Два готови производи на една маса, нацрт планот за управување со културното и природното наследство на градот и нацрт на законот. Дејан Паноски поставен пред нова работна задача, член на Националната комисија на УНЕСКО. Паноски во име на новата обврска изјави дека конечно се става рамка на се она што смее да му се случува на Охрид, а што не смее.Претставници од УНЕСКО ќе бидат прису…

Ное 26, 2009

Пеколна приказна

Подобро добар развод отколку пеколен брак. Ова се зборовите на жртва на семејно насилство која година и пол живеела во пекол. Потресна приказна на жена, жртва на семејно насилство. Во период кога светот ги одбележува деновите на борба против семејното насилство ова е уште еден пример колку далеку можат да одат семејните несогласувања.  Судбината на 30 годишната охриѓанка која сакаше да остане анонимна, покажува колку животот може да биде брутален. „Мојот проблем датира од 2004 год“, раскажува нашата соговорничка. “Со мојот сега веќе бивши сопруг се зедовме од љубов. Се беше во ред додека на…

Ное 26, 2009

Патиштата во Охрид препуштени сами на себе

Граѓаните нема каде да се обратат доколку имаат потреба од општински инспектор за патишта.Од локалната најавуваат дека набрзо ќе се реши овој проблем. Веќе се споменуваат имињата на оние кои ќе седнат на новите работни места.Во Охрид нема општински инспектор за патишта.  Согласно законот, мора да постои овластено лице кое будно ќе ја следи состојбата на патиштата во градов. Неговата улога би била увид и контрола над сите легални и нелегални инфраструктурни зафати. Одговорниот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски вели, дека подолго време општина Охрид нема назначен инспектор по патишта…

Ное 25, 2009

Охридските угостители на врвот во Европа

Со сребрен медал се закити Средното Општинско Училиште „Ванчо Питошески“, на 22 от по ред натпревар по кулинарски вештини во организација на  Европската асоцијација на школи за хотелиерство и туризам. За прв пат СОУ „Ванчо Питошески“, зеде учество на 22 по ред натпревар по кулинарски вештини со еден ученик претставник, придружуван од директорот на училиштето, Секула Баткоски. Годинава меѓународниот натпревар се одржа во Дубровник од 17-22 овој месец, во организација на Европската асоцијација на школи за хотелиерство и туризам, каде член е и нашето училиште. Околу 1000 претставници на разни …

Ное 25, 2009

Рани куче да те лае

Гаврилоска Цвета после 32 години мир, последниве две години се соочува со голем проблем. Таа за да влезе во својот дом од сите страни е обиколена во ѕидови и огради. Ја барам правдата, но безуспешно, додава таа. Маките се по народот. Оваа мисла секојдневно е присутна меѓу луѓето, а воедно и најактуелна тема во јавноста. Цвета Гаврилоска две години живее обиколена со огради и ѕидови. Патот до влезната врата на нејзиниот  дом за неа претставува секојдневен кошмар. Ми оставија место колку да можам да поминам, раскажува Гавриловска. 32 години, патот беше на општината и  никој не ме консултира з…

Ное 25, 2009

Серија обвиненија на сметка на Митре Вељаноски

Не стивнуваат страстите помеѓу Атанско Михаилов од Заводот за здравствена заштита и Митре Вељаноски од секторот образование. Продолжуваат препукувањата на релација ЗЗЗ – Локална самоуправа. Имено, првиот човек на охридскиот завод, Атанаско Михаилов овојпат упатува критики за работењето на Митре Вељаноски, советник за образование при локалната. „Пред одреден период, вели тој, дознав дека локалната од Охрид оформила комисија за превенција од зависности. Можам да дадам пофалба и да кажам дека е добро што ова тело е формирано, меѓутоа во рамките на истото треба да се вклучат луѓе кои се стручни…

Ное 25, 2009

Спорна градба како присутна опасност

Руиниран објект потенцијална опасност за учениците од Св Климент Охридски кај Даљан.  Овој објект секој момент може да падне, а досега надлежните не интервенираа. Спорна е сопственоста на градбата. Безбедноста на учениците во подрачното училиште Св. Климент Охридски во Даљан, загрозена. Причина е руинираниот објект, кој е во непосредна близина на училиштито. „За Локалната самоуправа безбедноста на децата е во прв план, но за да превземеме мерки околку овој проблем, постои постапка која мора да се испочитува“, вели првиот човек на секторот за образование во општина Охрид, Митре Вељаноски. Со…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top