Дек 1, 2009

Охриѓани пијат вода, а не плаќаат

Голем број граѓани и должат на МЈП „Проаква“. Ова претпријатие само годинава има побарување за наплата од милион евра. Охриѓани пијат вода на вересија. Четири милиони евра изнесува долгот на Охриѓани кон МЈП Проаква. Оваа сума не е за потценување велат од Јавното претпријатие. Ако се знае дека наплатата на корисниците е реална потреба за да функционира претпријатието, тогаш нормално е да се има побарување за наплата вели првиот човек на Проаква Бранислав Трпчевски. Тој додава дека претпријатието бележи зголемување на приливите по однос на процент од фактурираното.Трпчевски бара максимална к…

Ное 30, 2009

Сериозна опасност

На карпата, надвисната над дворното место на Куќата на Робевци се констатирани нови напукнувања, и  преставува сериозна закана за околните објекти. За елиминирање на опасноста, директорот на Завод  и Музеј, Тања Паскали Бунташеска вели  сериозно му пристапиле на проблемот и поднеле проект до ресорното министерство.  „Тие напукнувања се резултат на септичките јами кои сеуште се присутни во овој дел од градот, но и од градежните активности кои ги изведуваат сопствениците на куќите а при тоа не мислат за последиците, потенцира Паскали Бунташеска“. По стручните консултации што ги извршил Завод …

Ное 30, 2009

Не се прави плажа секаде

Од Хидробиолошкиот завод, јавно проговорија за узурпацијата на крајбрежјето во Охридскострушкиот регион. „Апелираме до надлежните институции, онаму каде нема природни услови за плажи, да не се прават“, вели Ленче Локоска доктор по биолошки науки.   Тајни средби помеѓу претставници од министрството за транспот и врски, хидробилошкиот завод и локалната самоуправа од Струга. Тема на дискусија издавањето под закуп на плажи во струшкиот регион. По најавите дека годинава треба и струшките плажи да се издадат под концесија, Министретвото за транспорт и врски побарало мислење од хидробилошкиот заво…

Ное 30, 2009

Потрошувачката кошничка, се помала, a се поскапа

Неколку начини на кои граѓаните би можеле да заштедат, посочуваат од Организацијата на потрошувачи на Македонија.Се поголемата потрошувачка на граѓаните денес претставува глобален проблем. Потрошувачкото општество е базирано на понуда на мошне голем асортиман на различни производи и услуги, високо професионален маркетинг, насочен кон потрошувачите. Ова создава амбиент на потрошувачка еуфорија надвор од реалните потреби и можности на населението. Сето тоа, во период на економска криза прави дополнително оптеретување на и онака кревкиот буџет на населението. Малите примања, високиот стандард …

Ное 28, 2009

Ќе стартува долго најавуваната субвенција на авио превозот

Повеќе странски гости на охридската ривиера во престојната туристичка сезона е заложбата на локалната самоуправа.Градоначалникот Александар Петрески во таа насока, деновиве, оствари средба со преставници од Хрватската „Croacija air lines“ за воспоставување директна авио линија на релација Охрид-Загреб, два пати во неделата. Локалната самоуправа би го субвенцинирала овој авио лет појаснува Петрески. Градоначалникот очекува кон нивната иницијатива за повеќе госѕи и заживување на охридскиот аеродром да се приклучат општина Струга и државата.Стрезоски, исто така  информира дека од јануари 2010 …

Ное 28, 2009

Неосновани барања на сточарите

Барањата на сточарите и фармерите за скратување на постапката за користење средства од ИПАРД фондовите, се неосновани. Овие критериуми не се комплицирани, туку едноставни, вели министерот за земјоделство, Љупчо Димовски. Би било штета Р Македонија да не ги искористи овие европски пари, додава деканот на Факултетот за земјоделство. „Не можеме и не смееме да ја скратиме процедурата за добивање на средства од ИПАРД фондовите. Овие критеруми во суштина не се толку комплицирани, туку едноставни. Барањата на сточарите и фармерите се неосновани“, вели министерот за земјоделство, Љупчо Димовски. Вл…

Ное 28, 2009

Израелскиот Амбасадор го посета на Охрид

Давид Кохен, Амбасадорот на Израел во неколкудневна работна посета на Охрид. Тој изрази искрена подготвеност голем дел од нивното искуство да го сподели со нас. Нерезиденцијалниот амбасадор на Израел, Давид Кохен во неколкудневна работна посета на Охрид. Досегашните активности на релација Охрид – Израел тема на денешната средба. Пред одреден период Петрески беше во посета на Ерусалим, каде што оствари средба со тамошниот градоначалник. Исто така беа остварени средби со безнисмени, кои се подготвени да инвестираат во Охрид пред се во изградба на хотели и големи трговски центри. „Неколку год …

Ное 27, 2009

Навреди и препукувања

Паноски бара извинување и објаснување од Петрески. Пештанци засегнати од колекторскиот систем, фрлаат со дрвја и камења по локалната. Петрески вообичаено има одговор за се.Емисијата „Отворен контакт“, која се емитуваше на ТВМ на 21 овиј месец отвори многу прашања. Во неа гостуваше градоначалникот Александар Петрески, кој одговораше на низа прашања поврзани со актуелните случувања во нашата општина. Неговите одговори предизвикаа низа коментари. Реагираше Дејан Паноски советникот на ВМРО-ДПМНЕ. Паноски рече дека најновите изјави на Петрески се одраз на морален пад на човек. Тој најмногу е зас…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top