Дек 5, 2009

30 дневен притвор за осомничениот за свирепото убиство

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски ги побива шпекулациите кои прокружија по охридската јавност дека причина за грозоморното убиство била прељуба, помеѓу убиениот и неговата снаа.„Јас не го имам убиено мојот брат“, со овие зборови Живко Ангелески, кој се товари дека го извршил грозоморното убиство врз својот брат Александар пред неколку дена, се брани осомничениот.СВР Охрид поднесе кривична пријава против (34) Живко Ангелески од Охрид, поради основано сомнение дека е сторител на убиство на свиреп начин. Ангелески во моментов издржува мерка притвор во траење од 30 дена, што му ги одреди…

Дек 5, 2009

Оставки на членовите на комисијата, бараат од ВМРО НП

Политичките притисоци и пазарења кои постоеја во текот на работата на „Комисијата за одбележување празници и манифестации“ треба да бидат санкционирани, велат од ВМРО НП.Кон серијата обвиненија на сметка на доделените „Светиклиментови награди“, денеска се приклучија и членовите на ВМРО НП. Тие ги изнесоа своите ставови и забелешки по однос на одлуката донесена од страна на „Комисијата за одбележување празници и манифестации“ при советот на Општина Охрид. Забелешките во најголема мера се донесуваат на начинот, постапката и изборот на  добитник на наградата Патрон на град Охрид. На 6.10 2006 …

Дек 5, 2009

Стари проблеми, нови маки

ЈП за стопанисување со спортски објекти Билјанини Извори, неможе глава да крене од наследените проблеми. Приходите со кои во моментов располага не се доволни ни за личен доход за вработените, а не камоли за нови инвестиции, вели советникот од ВМРО НП, Јоне Станкоски.Ова релативно младо ЈП, уште од самиот почеток се соочува проблеми, наследени од времето кога негов сопственик беше Република Македонија поточно ЈП за стопанисување со спортски терени. „Уште во тој период беа потпишани штетни договори кои траат до 2017 и 2020 год“, вели Станкоски.Единствени приходи кои стигнуваат на сметката на …

Дек 5, 2009

Охриѓани, најчесто на трпеза имаат свинско месо

Во моментов охридските месарници се снабдени со квалитетно месо, а граѓаните и покрај високата цена  не се откажуваат од него. Велат, купуваме најчесто свежо, свинско месо. За појадок и за мезе со ракија на трпеза имаат и сувомеснати производи.Економската криза не ги одмина охридските  месарници. Продавачите на месо кажуваат дека за разлика од лани продажбата на месо  има блага надолна линија. Иако кризата има влијание врз неговата продажба, сепак граѓаните го купуваат вели Марија Петкоска од месарницата Римес.Засега ни месарниците, ни продавниците не размислуваат да ги намалат за 10 посто …

Дек 4, 2009

Невиден злостор

Мртвото тело што вчера беше пронајдено на патот за Велестово на 30 годишниот Александар Ангелески било масакрирано и расфрлано на делови. Мештаните од овој дел ништо не приметиле. Велат дека вакво нешто не виделе. Приведен е братот на починатиот поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело убиство.За само четири дена ова е второ убиство што се случува во Охрид. Вчера некаде околу 4 часот и 30 минути било пронајдено мртвото тело на Ангелески кој поради засега непознати околности за полицијата било фрлено на патот за Велестово. Телото го пронашол мештанин на Велестово кој веднаш …

Дек 4, 2009

Нови кумови

Здружението на граѓани „Богојавление“, денес едногласно одлучија кумството да му го предадат на Панделески Цветан и Николоски Тане. Годинава за фрлањето на крстот на „Водици“ од одборот на здружението најавија многу новини.Панделески Цветан и Николоски Тане се новите кумови на манифестацијата „Богојавление“ По тој повод денеска традиционално се одржа свечена седница. Претседателот на здружението Љупчо Арнаудов годинава рече дека и годинава нема да се прескокне свечениот чин на предавањето на кумството.Годинава ќе биде посвечено и помасовно рече Димитар Пендов, кој во знак на почит кон денеш…

Дек 4, 2009

Од денес бесплатни прегледи и ПАП тестови

Министерството за здравство до 20 ти овој месец овозможи бесплатна акција за сите жени кои немаат здравствено осигурување. Општата болница од Охрид спремна е за контрола на сите заинтересирани жени.Министерството за здравство подава рака. Согласно програмата за рано откривање и спречување на болестите на репродуктивните органи кај жената предвивено е вршење на бесплатни гинеколошки прегледи со Пап тест. Општа болница Охрид стои на располагање и ја подржува целосно оваа акција вели портпаролот Сашо Василески, со цел здравјето на жената да биде подобро и навремено да се превенира.Жените нека …

Дек 4, 2009

До каде ќе се оди со Светиклиментовите награди?

Се прекинува традицијата која се практикуваше години наназад. Имено, Свечената академија по повод 8-ми декември, денот на Св. Климент Охридски – Патронот на Охрид, годинава нема да се одржи. Оваа престижна манифестација,  со која на едно место се собираа сите позначајни луѓе од градов, Локалната самоуправа од Охрид одлучи да не се одржи. Ова е одлука на Комисијата на Советот на општината за одбележување празници и манифестации, доделување награди и признанија, донесена по доставен предлог од страна на Локалната самоуправа од Охрид. На  денот на празникот, 8-ми декември, во салата на среднот…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top