Дек 9, 2009

Да се плаќа или не?

Правен лек за решенијата за наплата на радио дифузната такса на МРТ. Јавниот радио дифузен сервис по секоја цена ќе наплаќа такса. Граѓаните не се согласуваат со ова, а правниците ќе имаа полни раце работа.Обврска плус за Македонците. Претплатата за МРТВ, со ново име – Такса. Тоа е како резултат на најновите измени на законот за изменување и дополнување на законот за радиодифузна дејност. Во него е предвидено финансирањето  на јавниот сервис да се прави со месечна јавна давачка, која ќе оди на терет на граѓаните на Р Македонија. Охриѓани слушнале но не добиле налог со кој треба да го подмир…

Дек 9, 2009

Мирни протести на Охридските студенти

Тие денес јавно го покажаа револтот поради одложувањето на почетокот на преговори на Македонија за членство во ЕУ.„Македонија ја заслужува довербата на ЕУ“, вели претседателот на студентскиот парламент при универзитетот за информатички технологии.Студентите се обединија. Денес на мирни прортести го искажаа својот револт поради одлуката на министрите на ЕУ за одложувањето на почетокот на преговори за членство на Македонија, порди противење  од Грчка страна. „Не сме задоволни од одлуката бидејки со тоа ќе се намали слободата  на студентите, размената на знаење како и нашето дообразување, вели…

Дек 9, 2009

Охридските студенти добри крводарители

Тие масовно излегоа на денешната крводарителска акција, покажувајќи хуманост. За тоа добија привилегија од деканатот на факултетот за туризам и универзитетот по информатика, олеснување во полагањето.Студенска крводарителска акција. Традиционално и годинава во организација на Црвениот Крст од Охрид одделението за трансфузиологија при општа болница, и  факултетот за туризам и универзитетот за информатика, студентите на дело ја покажаа својата хуманост. Годинава новина е приклучувањето на студентите по информатика кон акцијата а со самото тоа и очекувањата се поголеми рече Антонио Додоски секр…

Дек 9, 2009

Информативните табли, мета на несовесни граѓани

Една од основните цели за развојот на туризмот, е преку  информирмативни табли, да се изврши мапирање или промоција на руралниот вид на туристички капацитети и природни богатаства, кои Охрид ги нуди. Информативните табли, кои имаат за цел да ги промовираат убавините на градот, несовесно се уништуваат. Една од основните цели за развојот на туризмот, беше токму преку овој вид на информирање, да се изврши мапирање или промоција на руралниот вид на туристички капацитети и природни богатаства, кои Охрид ги нуди. Проектот беше финансиран од страна на ОБСЕ, а наменет за меѓуопштинска соработка пом…

Дек 8, 2009

Основците од Св Климент Охридски го обелија образот на градот

Во предвечерието на патронот на училиштето и градот, основците од  Св. Климент Охридски со свечена програма насловена со „ Животот е убав “  го одбележаа името на својот заштитник. Пригодната програма ја проследија голем број гости и родители, а присутните со пригодна реч ги поздрави директорката на училиштето Славица Илиќ. Таа истакна дека се слави името на патронот на градот и училиштето, сесловенскиот просветител и првиот учител Св Климент  Охридски. Преку детската игра, песна и збор се слави убавината на животот  потсети Илиќ и ги повика присутните да ја пронајдат убавината на животот в…

Дек 8, 2009

Светиклиментовата награда, по секоја цена!

Политички травестити кои што во својот живот не направиле ништо, критикуваат. Наместо тоа нека отпочнат нешто да работат за градот, порача денес пратеникот Цветко Грозданов. Тој вели дека наградата за животно дело ја заслужил и ќе ја добие. „Срамот од неодржувањето на прославата на патронот на градот Охрид, 8 ми декември е голем и видлив. Локалната самоуправа е директен виновник за целото сценарио околу чествувањето на овој голем ден“, обвини денес пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Цветко Грозданов. Видно револтиран, Грозданов истакна дека политиката на владеачката гарнитура на СДСМ од О…

Дек 8, 2009

Новина во потрошувачката за вода

5 кубици ќе биде просечната потрошувачка за член од семејство на ниво на општините Охрид и Струга. Доколку се надминат истите, ќе има дуплирање на цената. На десеттата седница на советот на општина Охрид помина предлог одлуката за давање согласност на одлуката за одржување просечна потрошувачка на вода за пиење. Тоа значи дека на секој член на семејството му следува 5 кубици вода или 5000 литри што е сосема доволно за одржување на потребниот хигиенски минимум за секој, вели раководителот на финансискиот сектор во МЈП Проаква Билјана Ангелоска. Таа додава дека ова е во согласност со законот …

Дек 8, 2009

Меѓусоседска драма

Уште една груба меѓусоседска расправија. Спорната пешачка патека на ул. Бистрица ги вжешти односите помеѓу Мемети Пајазит и соседот ИА. Меѓусоседска нетрпеливост  резултираше со физичка пресметка. Во петокот, во поладневните часови,  соседи на ул. Бистрица поради долгогодишни нерасчистени имотно – правни односи, кавгата ја завршија со интервенција на полиција. Имено станува збор за Мемети Пајазит, со адреса на живеење на ул. Бистрица бр. 96, кој го обвинува својот сосед Истрефи Астрид за физички напад. „Неколку години наназад, откако соседот се досели овде постојано имаме проблеми и расправ…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top