На новогодишниот декор за најлудата ноќ се работи со полна пареа. Од локалната најавуваат дека овојпат со минимални средстава, градот ќе блесне во најубаво светло во споредба со изминатите години. Охрид наголемо се подготвува за дочек на новата година. Како и изминатите години, така и овој пат новогодишното декорирање започна на 1ви декември и се предвидува да заврши на 19ти. Граѓаните сметаат дека средствата вложени за новогодишно украсување на градот се добра инвестиција. Тие се многу задоволни од понуденото и очекуваат со нетрпение најлудата новогодишна ноќ да ја дочекаат на градскиот …
Проблемот е идентификуван од страна на надлежните служби на МЈП „Проаква“, и веќе се превземени мерки. Варошани, заостнатиот долг нема да го плаќаат одеднаш, велат од Проаква.Пропустот е на инкасаторот задолжен за тој дел од градот, вели првиот човек на МЈП „Проаква“ Бранислав Трпчевски. Констатирано било дека читачот на тој реон подолго време на си ја извршувал својата работна обврска согласно нормативите на претпријатието. Кон тоа лице превземени се најрадикалните мерки на одговорност вели Трпчески.Поради интерниот проблем кој настанал со читањето на водомерите од стариот дел на градот, к…
Туристичките водичи од Охрид и Струга се здобија со нови знаења во својата област. Туристичките водичи од Охрид и Струга се стекнаа со нови знаења. На интерактивна обука тие презентираа свои сознанија за пристапот кој го имаат кон туристите. Размената на искуства и знаења, ја спроведоа стручни лица од ФТУ. Инструктор на туристичкото водење во доменот на природните вредности, беше проф. Науме Мариноски. Проф. Сашо Коруноски ги презентираше културните вредности, комуникативните активности беа спроведени од страна на експерти од областа на оваа проблематика, а промотивните активности како пр…
Препораките на УНЕСКО, да влезат во финална верзија на Менаџмент Планот за охридскиот регион. Ова беше целта на тридневниот семинар што се одржа во нашиот град. Македонија овој план до УНЕСКО треба да го достави најдоцна до јануар идната година, по што за шест месеци, Комисијата за светско наследство треба да се произнесе по него.Во организација на УНЕСКО, 20 претставници од министерства, локални самоуправи, институции го подржаа Менаџмен планот за Светско наследство од охридскиот регион од културен и историски аспект со неговата природна животна средина. Се работи за акционен план, кој и…
Покрај теоријата професорите на ФТОН работат на проект, кој директно влијае да се постигне комлетна едукација на студенти кои можат да одговорат на потребите во угостителството.Се почнува и завршува со храна. Гастрономијата и нејзините приоритети од неодамна на ФТОН се применуваат и во пракса. Студентите рамо до рамо заедно со професорите 2 пати неделно спремаат рецепти од кулинарството. Рецептите на баба не се забораваат толку лесно вели Проф. Др. Гордана Речкоска доктор по техничко технолошки работи. Таа додаде дека вистинска умешност е да се пренесат трајните вредности, преку заеднички …
Загрижува податокот што во нашата земја неодамна МВР заплени поголемо количество фалсификуван алкохол, а Охрид имун од тоа. Внимавајте со алкохолот. Македонскиот народ се труе со фалсификувани алкохолни пијалоци. Мастика, узо, вотка, коњак и друго се најфалсификуваните производи на македонскиот пазар. Тие најчесто завршуваат на места каде што најтешко може да се препознае фалсификат од оргинал. Ги има во дискотеките и во кафулињата каде најчесто се мешаат со мраз и безалкохолен пијалак, па дури и најупатените конзументи тешко можат да ги препознаат. За можност од ваква појава во Охрид, надл…
Со поставените 17 –тина тезги на малиот плоштад продолжува вообичаената слика на предновогодишниот амбиент во Охрид. Просторот кај Чинарот и понатака е запоседнат со импровизирани тезги, покриени со најлони, каде што се продаваат новогодишните украси. Сликата покажува дека нема трага од најавуваните куќарки во охридски, староградски стил кои требаше да внесат современ, европски предновогодишен дух во градот.Директорот на ЈП „Комуналец“, Сашо Алчев објаснува дека нивната намера паднала во вода. Нема да ја реализираат затоа што на огласот за јавни набавки не добиле нити една понуда според…
Преку видео -презентација и друг промотивен материјал, Охрид ја промовираше својата понуда, во Брисел на меѓународната и конференција посветена на развојот на туризмот. Под мотото „Охрид град на седумте чуда“ во европската престолнина Брисел, минатата недела свое претставување имаше и Охрид. Преку видео -презентација и друг промотивен материјал, градот ја промовираше својата понуда. Истовремено во Брисел се одржа и меѓународна конференција посветена на развојот на туризмот. Меѓу седумте чуда со кои се промивираше градот беа Светиклиментовиот универзитет, пастрмката, заштитата под УНЕСКО…