Штитениците на геријатриското одделение, при Општа болница Охрид, денеска беа посетени од здружението на пензионери и активистите на Црвениот крст.Четврта година по ред, продолжува традицијата на посета на лицата на геријатриското одделение, од страна на ЗП и Црвениот крст од Охрид. 27те штитеници на овој оддел добија скромни подароци кои предизвикаа огромно задоволство и причина за пријатни моменти на лицата кои ја изразија својата благодарност. Најстариот член, Г-ѓа Ева Бочева, како и Петар Ристески, еден од ретките мажи на ова одделение, ја изразија својата голема благодарност за пријат…
Црвениот Крст од Охрид во соработка со повеќе институции и невладини организации од градов со заеднички напори во борба против семејното насилство. Во таа насока тие денес потпишаа Меморандум за соработка.Во рамките на кампањата „Заедно против семејното насилство“, денеска беше потпишан Меморандум за соработка. Преку проектот „Театар Потчинети“ – образовна алатка за промени во однесувањето на Локалната агенција за развој од Струга и потреба за заедничко секторско делување во борбата против семејното насилство во Охрид, институции и индивидуални лица од Охрид, се согласија со денешните цели…
„Се надевем дека годинава за Охриѓани и гостите приредивме достојна културна програма, не само на локално туку и интренационално ниво“, вели директорката на центарот Драгана Боцевска. Вечерва во центарот уште едн музички настан,концерт „Дуо Пијано“ со Билјана Димовска и Татјана Божиновска.„Центрот за култура Григор Прличев се пофали со успешно завршена година. Реализиравме многу промоции, концерти, хуманитарни концерти, драми, моно драми, докумнтарни филмови“, вели директорката на центарот за култура Драгана Боцевска. Таа ги издвои документарниот филм за Тоше Проевски, претставата која имаш…
Отсега на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, патниците кои ќе пристигнуваат, доколку во себе немаат денари, за да ја платат царината ќе треба да патуваат до Ќафасан. Македонски пошти ја превземаа улогата од АМСM, за наплаќање на царинските услуги. До пред неколку години ЈП за аеродромски услуги имаше право со дозвола на „Народна банка“ да врши менувачки работи. Но сега одеднаш друга фирма, со одлука на Владата на РМ, добива право да ги врши тие менувачки работи на граничните премини. Македонски пошти како избрана фирма, по се изгледа нема намера да отвори шалтер на аеродромот во Охр…
СОНК по којзнае кој пат бара на сите кои го исполнуваат условот да им се врачат решенија за работа на неодредено време. Малкумината кои добија трансформација на решенијата не се по заслуга на СОНК, туку бидејки тоа е законска обврска, обвинуваат од локалната самоуправа.Многу охриѓани се со нерешен работен статус. Вработени се на определено работно време. Малкумината кои добија трансформација на решенијата не се по заслуга на СОНК, туку бидејки тоа е законска обврска, вели раководителот на секторот за образование при локлната самоуправа.Ова што во моментов го прави СОНК е чиста фарса, обви…
Апсурд за риболовниот туризам. Тој е мисловна именка за Македонија и надлежните, бидејќи досега нема ниту понуда за развој на истиот, обвинуваат спортските риболовци. Рибарите членови на СРК Св. Апостол Петар од година во година се соочуваат со се посериозни проблеми. Нивните ангажирања да допринесат за развој на овој вид туризам, кој е од голема важност за градот паѓаат во вода. Претседателот на Клубот Радован Димитриевски вели дека во двата крајбрежни градови Охрид и Струга кои се поим за риболовен туризам, да се прават опструкции е голем апсурд и неразбирливо е на кој тоа му одговара.„Не…
Курајчани на големо се подготвуваат за традиционалниот „Василичарски мимоход“. Обичаите на влегување по селските домаќинства, посетување на сечиј дом со препознатливите василичарски маски и обичаи, и годинава неизбежен момент од карневалските доживувања. Од година во година, управниот одбор на здружението „Свети Василиј“ од с.Куратица, се организатори и носители на традиционалните вредности и обичаи на селото. Карневалот се одржува на 13 и 14ти јануари, по повод православна нова година. „Подготовките се во тек, останува само да ги пречекаме многубројните посетители, вели Горан Мицкоски, сор…
Тие ретко го пријавуваат тоа бидејќи се плашат. Оние кои се јавуваат се возрасни лица блиски на семејството, сведоци на агресијата на која се изложени децата. Само 24 деца жртви, имале храброст сами да го пријават насилството.Првата детска амбасада „Меѓаши“ го изнесе извештајот на пријавите на злоупотреба и насилство врз деца за период од јануар-декември 2009. Според извештајот се поприсутна е појавата на сексуална злоупотреба врз деца. Физичкото, психичкото и сексуалното насилство во 2009 та год се зголемени на 48,28% што е за 9% повеќе во споредба со 2008 година. Пријавата на проблемите с…