По завршувањето на новогодишните празници угостителските работници ги сумираат резултатите. Поголемиот дел од нив се задоволни од посетеноста на странските гости, но се согласуваат дека има потфрлање во однос на минатата година. Лани немаше проблеми со пандемијата и економската криза, а и додатно визната либерализација кои влијаат на сегашната ситуација во туризмот. Покрај наведените три причини, познатиот охридски угостител Љупчо Патчев, сопственик на ресторанот Далга, смета дека за намалената посетеност влијае отсуството на Стратегија за туризам, на локално и на централно ниво. Тој…
Агенцијата за катастар на недвижности од почетокот на месецов ги намали од 10 до 72 проценти износите на надоместоците за најчесто бараните услуги за запишување во катастарот на недвижности и за издавање податоци за правни и за физички лица.Според новите цени, за запишување катастарска парцела се плаќа по 350 денари, наместо 500 денари како досега, а за деловна просторија, резервоар, силос со внесување на габаритетот на објектот, по 500 денари, односно 750 денари помалку од старата цена. Се намалува и цената на услугата за запишување семејна станбена куќа со подрум и гаража, од 500 на 450 д…
Струга годинава видно актуелна на полето на историјата, културата и археологијата. Години наназад природната поставка на музејот во Струга беше оставена на забот на времето. После седумдесет години, за прв пат се превзедоаа посериозни проектни активности зацртни во програмата за 2009 год на музејот Др. Никола Незлобински Струга. Се работи за капитална инвестиција кој што започна во 2009 тата год, и следи нејзино довршување во периодот што следи вели првиот човек на оваа установа Доц. Др. Сашо Цветкоски. Годинава музејот отпочнува со подготовка за одбележување на историски јубилеи поврзани з…
Од итната медицинска помош загрижени затоа што меѓу лицата кои се обратиле кај нив најмногу имало млади.Многу работа бележи итната медицинска помош. Овие две ноќи заблежани се разни интервенции. Тие се очекувани вели раководителот на итната медицинска помош Др. Ацо Стојаноски, но загрижен е поради податокот што повеќето од лицата врз кои било интервенирано се деца со само 14 години. Стојаноски вели дека првата ноќ тешката сообраќајна незгода што се случила во Охрид била покарактеристична по обем на сериозност.Гоема фрекфенција на пациенти овие два дена е забележана и во општа болница Охрид….
Рецесијата која ја зафати изминатата година нашата земја се одразува и во оваа сфера. Премиите за осигурување на домаќинствата не се високи и се движат во просек од 3000 до 6000 денари, годишно. Плаќањето може да е и на рати, и е доста поволно во однос на штетите кои можат да настанат нагласува раководителот на Кроација осигурување, Ѓоко Танаскоски. „,Но , охриѓани како и и сите граѓани на државата ги зафати рецесијата се подготвени да осигуруваат само она што мораат законски, а тоа најмногу се однесува на авто одговорноста и зелените картони доколу патуваат во странство“ истакнува…
Со 3 килограми и 330 грама, и должина од 53 сантиметри, во 1 часот и 10 минути по полноќ, во охридската општа болница на свет дојде малата Селин. Ако по утрото денот се познава, а според првороденото бебе бериќетот за годината која следи, тогаш не очекува среќна и бериќетна година. Во Охрид во 1 часот и 10 минути по полноќ, на свет дојде Веслиноска Селин. Старите велат дека доколку првороденото бебе е женско, тогаш следи богата година. Селин на свет дојде со нормално породување и денеска веќе го забавува персоналот на гинеколошкото одделение при Општа болница Охрид, од каде велат дека со б…
Новата година на градскиот плоштад, дочекана во преубава празнична еуфорија. Десетина илјади граѓани и гости одлучија првите новогодишни честитки да си ги упатат токму таму. Невообичаено на +11 степени целзиусови, во весела и забавна атмосфера забавата траеше до долго во ноќта. За да истата биде повесела и поинтресна се погрижи гостинот од соседна Србија, Бојан Бјелиќ и „Аренси бенд“. Присутните на градскиот плоштад без ниту еден инцидент, во прекраснот ритам на музиката, се забавуваа секој на свој специфичен начин. Еуфоријата доживеа своја кулминација на полноќ, кога со величествен огномет…
Инспекциските служби и покрај празниците најавија дека ќе бидат постојано на терени со цел истиот да се спроведе. Пазарниот инспекторат задоволен од тоа како помина 2009 год. Пазарниот инспекторат минатата година работејки според законите на Р Македонија спровел 2800 надзори. Решенија во управана постапка биле поднесени 156, од кои дел во основниот суд во охрид и дел до комисијата за прекршоци, вели началникот на пазарниот инспекторат Ѓоко Бошалевски.„ Беа наплатени преку 20 000 евра глоба и мандатни казни преку 30 000 евра. Постапката што се чека повратно е над 150 000 евра за кои постапка…