На 05/06.02.2022 од 23 до 01 часот, СВР Охрид и Државниот пазарен инспекторат извршија контроли во угостителски објекти во Охрид, при што во два објекти регистрирани се девет прекршување на одредби од Законот за заштита од пушење.
По однос на констатираните прекршоци, поднесени се соодветни платни налози – се вели во соопштението на СВР Охрид.
На 17.12.2021 година во 17.55 часот во угостителски објект лоциран на улицата „15 корпус” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Ј.Ѓ.(36) врз Ј.С.(47), двајцата од Охрид.
Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
На 06.02.2022 во 14.55 часот во СВР Охрид приведен е Б.В. (23) од Битола. При преглед, извршен на улицата „Васил Стефоски” во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа алуминиумска фолија со остатоци од хероин.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
На 18.12.2021 година во 01 часот во СВР Охрид приведен е Љ.С.(46) затоа што во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз Н.К.(28) и С.П.(43), сите од Охрид.
По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Во текот на вчерашниот ден (06.02.2022) на територијата на СВР Охрид спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 39 возачи.
Од нив две возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 30 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а девет надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. А во Кичево пак, биле затекнати 22 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол кои веднаш се исклучени од сообраќај и од…
Недостигот на лекарски кадар на Одделението за детски болести при Општата болница во Охрид привремено ќе се решава со позајмица на двајца педијатри од Клиниката за детски болести во Скопје.
Тоа го најави министерот за здравство, Венко Филипче, при посетата на Охрид, појаснувајќи дека најавената ротација ќе биде спроведена откако ќе бидат изгласани измените на Законот за здравствена заштита што ќе овозможат лекарите од сите установи да работат насекаде низ државата.
Инаку, одделението за педијатрија во Охрид моментално работи со скратено работно време поради недостиг од педијатри.
Споре…
На првата седница на Управниот комитет на проектот “ЕУ за општините” со кој претедава министерот за локална самоуправа, Горан Милевски беше потврдено дека во наредните три години во општините Велес, Радовиш, Тетово, Аеродром, Врапчиште, Охрид, Струмица и градот Скопје ќе се реализираат големи иновативни проекти во вкупна вредност од 5,5 милиони евра.Средствата за реализација на проектите ги обезбедува Европската Унија, а кофинансирањето од 15% го покрива Министерството за локална самоуправа со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка.
„Благодарение на поддршката од ЕУ, со …
Православните христијани во Македонија утре го празнуваат Свети Никола Чудотворец, светецот заштитник на децата, морепловците, девојките, сиромашните, учениците, пекарите, аптекарите, трговците, патниците…
Свети Никола е еден од најпочитуваните светци, a го слават и православните и католиците, но и дел од муслиманите, особено во Турција. Во Македонија и во светот има безброј цркви, манастири, икони и фрески, кои се посветени на овој светец. Многу македонски семејства утре вечер со богата посна трпе…