Јан 26, 2010

Името Охрид само по себе не е доволно

Ни во седмиот обид и со планиран буџет од околу осум милони денари за десетина културни проекти, Охрид не успеа да стане „Град на културата за 2010 година“. Од друга страна со предвиден буџет од  само 6.200 000 денари, но и планирани 147 културни настани, Кавадарци го доби најпрестижното културно признание годинава.Името Охрид само по себе не е доволно за да бидеме град на културата за 2010 година. Доказ за тоа се неуспешните седум обиди да го добиеме ова престижно културно призанине. Додека денес во Охрид допрва се претставуваше програмата со која конкурираме, кавадарчани од вчера го слава…

Јан 26, 2010

„Емо“ банкротирана фирма

Над 1000 вработени во „Емо“ не зеле плата повеќе од 3 години. Плата, односно социјална помош како што велат од охридската СДСМ, земаат само вработените во новоформираните ДООЕЛ-и. Но, и тие последно зеле во септември минатата година, информираат од охридскиот СДСМ. Излегоа со констатација дека „Емо“ е банкротирана фирма, некогашната гордост на Охрид сега е трагедија на човечки судбини. Со последното прекршување на законот за бруто плата ги замолчуваат работниците за вистинската состојба во која се наоѓа фирмата, додаваат од таму. Наум Јованоски, претседател на  ОО СДСМ, истакна дека на посл…

Јан 22, 2010

За државата кајмакот, за локалната трошоците

Моментот за конечна координација е тука. Кој стопанисува со езерото, чија е одговорноста за неговата заштита? „Ситуацијата е сериозна, потребен е сериозен пристап, нема место за меѓусебни критики, а конструктивниот дијалог мора да започне“, потенцира охридскиот градоначалник Александар Петрески. Треба да се лоцираат проблемите и да се дефинираат задачите кои треба да се преземат. Да се знае каде завршува одговорноста на државата, а каде започнува улогата на Локалната самоуправа. Пред се да се користат исти аршини при решавањето на проблемите околу заштитата на Охридското езеро.Бидејќи со во…

Јан 22, 2010

Кафулињата останаа празни

Нивните објекти ќе бидат затворени во рок од 24 часа во знак на револт кон Законот за заштита од пушење. Угостителите сметаат дека постоечкиот закон е премногу ригорозен и негативно се одразува на нивното работење. Со овој вид на незадоволство ја изразуваат потребата од негова итна измена. Иако ја поздравуваат одлуката за пушење на летните тераси, сметаат дека таа е неприфатлива за нив и нивното работење, па веќе поднеле барања до владата потенцира угостителот Драган Битракоски. „Тие барања се помалите објекти до 100 квадрати сами да решат дали ќе бидат за пушачи  или непушачи, поголемите н…

Јан 21, 2010

Охридските првачиња од етничките заедници го скокнаа часот по македонски јазик

Првачињата  од албанската и турската етничка заедница во основното училиште „Братство- Единство„  не одржаа час по македонски јазик. Два дена по решението на Министерството за образование во наставната програма за првачињата од етничките заедници да се воведе и изучува македонскиот јазик, првачињата го скокнаа овој час. Ситуацијата на ниво на  Републиката се рефлектира и во нашето училиште, објаснува Осман Османи, директор на оваа образовна институција. „Родителите не се согласуваат децата да учат на 6 годишна возраст три јазици во прво одделение. Мој впечаток е дека не станува збор за одбо…

Јан 21, 2010

Дебрчани не сакаат депонија во свој атар

„Депонија во Општина Дебрца не треба да има“, дециден градоначалникот, Љупчо Којчиноски. Тој има поинаква визија за тоа каде треба да биде лоцирана регионалната депонија.Иако селото Арбиново е една од локациите каде се предлагаше да никне регионална депонија во југозападниот плански регион, мештаните не сакаат ниту да слушнат за реализација на оваа идеја. Објаснуваат дека станува збор за простор идеален за развивање на еколошкиот туризам и органско земјоделство, а со изградбата на депонијата би станал синоним за депонија. Градоначалникот на Дебрца Љупчо Којчиноски е категорично против оваа …

Јан 21, 2010

Бурето, градоначалникот и Фуере

Охриѓани Масовно го прославија вториот ден Водици.  На Овој ден познат како зимско капење на рибарите не се фрла крст туку сто литарско буре. Меѓу капачите покрај Охриѓаните и градоначалникот беа и евроамбасадорот Ерван Фуере како и гости од странство.  Срароградска музика, плашици, вино и топла ракија. Вака денеска на Сараиште се славеше вториот ден Водици или ден во Охрид познат како зимско капење на рибарите. Меѓу капачите на овој ден неколку години наназад покрај тајфата на оној што го фатил крстот и  охриѓаните се и  градоначалникот на Охрид Александар Петрески како и евроамбасадорот  …

Јан 21, 2010

Денот на рибарите

Денешниот ден според риболовците, има две значења.Кога била забранета манифестацијата на фрлањето на светиот крст во Охридските води тогаш рибарите го земале односно краделе крстот (за да не се казни попот) од црквата геракомија и пред да заминат ноќта на риби го фрлале во водите на охридко езеро во месноста Сараиште, а откако ќе се разденело нивните синови, браќа и други роднини го барале крстот под изговор дека се капат за поголем берикет, односно полни мрежи со риба. А потоа кога било дозволено фрлањето на крстот се капеле за берикет на рибарите за да ја продолжат традицијата. Рибарите н…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top