За прв пат се издвоени средства од буџетот на општината. Ова е само зародиш на идејата, за чија целосна реализација ќе биде потребна помош и од државата.„На Охрид му е потребен, различен, проевропски театар, театар како институција, јавен сервис кој ќе биде во функција на граѓаните“, изјави Горан Стојаноски подржувач на идејата за формирање професионален театар во Охрид. Овој театар треба да има сопствен буџет и да функционира како институција во која ќе работат луѓе кои ќе прават театарски претстави. Советот на општината донесе одлука за финансирање професионален театар. Издвоени се финан…
Советниците од ВМРО ДПМНЕ велат дека поради спецификата и увидот на истите не е можно да се разгледаат и да поминат толку точки на дневен ред за една седница.Се јавија првите проблеми околу увидот на точките за локална планска докумнтација.Совентниците на ВМРО ДПМНЕ велат дека овие точки поминуваат експресно на седниците на советот но без доволна концентрација на советниците за што го даваат својт глас.Посебно кога се работи за централното градско подрачје поминуваат без дискусија. Тоа е апсурд и затоа барае селекција и разретчување на тие точки.„ Не е можно по 19 точки квалитетно да се дис…
Загадувачите досега не превзеле никави активности за решавање на проблемот. Локалната самоуправа најавува акција за нивно затворања.Сопствениеците на угостителски објекти во Св Наум, незаинтересирани за изнаоѓање решение со кое ќе се стави крај на загадувањето на изворската вода. Очигледно седумте месеци кои локалната самоуправа им ги додели почнувајки од месец ноември мината година за да го решат проблемот со пречистување на отпадните и фекалните води кои се создаваат во текот на нивното работење,не им беа доволни. Началникот на комуналниот инспекторат, Танас Танаскоски вели дека приоритет…
Од второто полугодие во нижите одделенија од општинските основни училишта ќе стартува воведување часови по физичка култура. Проектот е наменет за учениците од 1 до 4 одделение, за подобар психо-физички развој, а ќе биде подржан од локалната самоуправа. Од таму информираат дека за таа намена ќе бидат ангажирани професори по физичка култура во осумте општински училишта.До секторот за јавни дејности, професорите треба да понудат програми, а во нив потребно е да го прецизираат изведувањето на часовите. Станува збор за одржување часови по физичка активност кај специфична возраст, која пак,…
Охридскиот планинар Мишко Танески утре заминува за Мендоза, Аргентина од каде ќе го освојува врвот Аконкагва на истоимената планина, висок 6962 метри. Танески за само 18 месеци има искачено 8 врвови во Европа, Африка и Азија, сите со височина од над 4000 м. Со патувањето на Јужноамериканскиот континент, Мишко ја продолжува зацртаната стратегија – на секој континент по еден врв. Во планинарските кругови Аконкагва важи за еден од потешките врвови за освојување, нагласува Танески. Планината е мошне ладна, температурата достигнува и до -30 степени целзиусови, а тoj ќе се искачува по потешкиот…
Дирекцијата за заштита и спасување, денеска на прес конференција ги соопшти деталите и информациите од акцијата .После 50 години дното на Охридското езеро ќе биде исчистено од сите експлозивни средства. Акцијата ќе трае еден месец и ќе се одвива на 4 локации во езерото. Ќе се вадат неексплодирани експлозивни сретства од Балканските војни и Првата и Втората светска војна. Со скенирање од пред неколку години, само се потврди дека рачни бомби, гранати и мини се распослани во должина на брегот на самото дно. Опасните материи се наоѓаат на оддалеченост од 50 метри од брегот, на длабочина од 4 …
Иако оваа седница требаше да помине во знакот на урбанизмот и донесување локалната урбанистичка планска документација за одделни градежни парцели, поинтересни за пратениците беа точките од дневниот ред поврзани со МЈП „Проаква“. Најмногу врева крена одлуката за давање согласност на одлуката за кредитно задолжување на „Проаква“. Ништо помалку интересна не беше ни Предлог одлуката за предавање на водоводната мрежа од МЗ Вапила и Ливоишта на „Проаква“. Оваа точка секако, започна со споредбата со ситуацијата во Лескоец и обвинувања до првиот човек на „Проаква“.Директорот на меѓуопштинското ја…
Денеска се обележуваа местата а од утре специјално обучени екипи ќе ги отстрануваат неексплодираните средства. Донатор на акцијата со која езерото комплетно ќе се исчити од минскоексплозивни средства е американската влада, преку Министрството за надворешни работи.Неескплодираните мини, бомби, гранати од најразличен калибар, како и експозивните средства конечно ќе се извадат од Охридското езеро. Опасните материи се наоѓаат на оддалеченост од 50 до 100 метри од брегот, на длабочина од 4 до 5 метри. Денеска специјално обучени нуркачки екипи ги обележаа 4-те локации каде има сконцентрирано п…