Тој вели дека смената претставува директен упад на ректоратот во работата на факултетот. На само три месеци пред истекувањето на неговиот мандат како декан на Факултетот за туризам од Охрид, сменет проф. д-р Софронија Миладиновски. На седница на рекоторатот на битолскиот универзитет за В.Д. декан на Факултетот назначена е проф д-р Јованка Биљаноска. Професорот Миладиновски истакна дека станува збор за упад од страна на ректоратот и дека е изаненаден бидејќи станува збор за упад во институција од високото образование, што според него е навистина реткост. Тој истакна дека;„Позадината е униве…
Синоќа е изгаснат пожар во селото Куратица, оддалечено на дваесетина километри од Охрид. Во 20 часот и 20 минути до охридската противпожарна служба бил дојавен пожар кој зафатил летна кујна и плевна вели командирот на противпожарната единица Спасе Прентоски.Командирот информира дека во селото пристигнале за само 40 минути со 2 возила за гасење пожар и со 6 пожарникари. Причина за тоа биле 22 километри оддалеченост од градот и зимските услови на патот, високиот снег, тесниот пат и помалите одрони кои возилата за гасење морале внимателно да ги поминат. Пожарот не предизвикал голема матер…
Во 14 часот и 45 минути над Лапидариумот, во музејскиот комплекс Робевци се сруши напукнатата карпа и потпорниот ѕид на северната страна од дворното место на музејот. Одронот за среќа не предизвика голема штета, туку само ги вознемири граѓаните од овој дел на градот. На место на настанот веднаш пристигнаа дирекоторот на Н.У.Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска и директорот на Управата за заштита на културно наследство, Паско Кузман. Првите луѓе на овие две институции изјавија дека напукнувањата на карпата биле претходно констатирани, но не бил очекуван ваков сериозен одрон. „Причината …
Пиперкоски во 2011 год. со гордост најавува дека ќе работи на својот дебитански игран филм. Младиот охридски режисер Илија Пиперкоски годинава го очекуват многу работа и ангажмани. „На крајот од месец јуни и почеток на јули договорено е снимање на среднометражен филм за кој режисер и извршен продуцент сум јас, а сценариото е од колеги од Романија“, вели Пиперкоски. Станува збор за првата хорор приказна која ќе се снима во земјата на грофот Дракула, Романија. Во моментов Пиперкоски е асистент кај еден режисер со Македонско потекло, добитник на врвната нагр…
Дилемата е разрешена. На средношколскиот дом „Ванчо Питошески“, кој е дел од општинското средно училиште, нема да се стави клуч на врата. Годинава тука се врати ученичкиот џагор.Училишното раководоство нагласува ситуацијата во домот годинава се подобрила. Имаат доволен број на ученици за домот да работи рентабилно.Во неколку изминати години бројот на учениците тука бил помал и достигнувал и до 40 ученици. Иако со тоа било доведено во прашање рентабилното работење на домот, директорот Секула Баткоски е дециден дека домот и покрај намалениот број на ученици, досега нема никакви долгови …
Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против триесет и девет годишниот И.Г. од Охрид заради сомнение дека е можен сторител на две кривични дела „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“. Од СВР Охрид, соопштуваат дека приведениот управувајки го своето патничко моторно возило марка „Даеву-Матиз“ со охридски регистарски таблици, од небрежност, предизвикал сообракајна незгода во која едно лице го загуби животот. Возилото на пријавениот било пронајдено во автосервис каде било оставено…
Охридските хотели и приватните станоиздавачи започнаа редовно да ја плаќаат туристичката такса. Минатата година по овој основ хотелиерите и станоиздавчите уплатиле 19 милиони денари. Споредено со 2008 година, кога биле инкасирани 15 милиони денари, минатата година во касата на државата и локалната самоуправа се слеале 3 милиони денари повеќе вели раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски. Наплатата се должи на промената на Законот за привремен престој каде што казните се високи. Казните за неплаќачите изнесуваат до 2000 евра.Против 4 големи хотели веќе се поднесени приј…
Се работи за новитет во охридскиот етер, каде има место за сите заинтересирани за негување на македонскиот фолклор и музичари на стари и нови инструменти.Дека сеуште постои интерес за негување на македонскоиот фолклор, зборува составот на оваа неодамна формирана играорна група. Понесени од ентузијазмот кон традиционалните вредности, во ОУ „Св. Наум Охридски секој вторник и четврток од 19 часот се учи игра, оро и песна. Кореографот Зоран Тодоровски вели дека нивните амбиции се за брзо време да станат професионален ансамбл број еден во државава.Тодоровски кажа дека за брзо време првите резул…