Фев 12, 2010

Наместо нива, провалија

Имот оставен од дедо прадедо, заврши во бездна. Половина од нивата на Кире Кочоски сега буквално ја нема.Сите предупредувања дека може да остане без својот имот не вродиле со плод. Од нива со површина од 900 м2 сега едвај да остана половина. Наследството на Кире Кочоски за кое неговиот прадедо во 1920 година платил 30 златници, полека но сигурно ке исчезне во целост. „Во  месец мај минатата година тројца инвеститори извршија незаконско владеење на нашиот имот, имот кој е во наша сопственост од 1920 година“, кажува Кире.Кочоски додава дека истата година два месеци подоцна, истите лица со теш…

Фев 12, 2010

Билјанини извори повторно со бактерии

Последните анализи од контролата на водата за пиење од Билјанини извори, во месеците јануари и февруари, покажале повторно загадување.Последните анализи од контролата на водата за пиење од Билјанини извори, во месеците јануари и февруари, покажале повторно загадување информира директорот на Центарот за јавно здравство, д-р Атанско Михаилов. Анализите покажуваат дека водата не е исправна за пиење. Во одредени периоди се појавува загадување со присуство на бактериите ешерихија коли и ентерококи кои се забранети да ги има во водата за пиење. Општината мора да реагира и да постави табла со забр…

Фев 12, 2010

Минофрлачи од прва светска војна

2 минофрлачи и едно ѓуле беа извадени од водите на Охридското езеро. Охридските нуркачи се носители на акцијата за отстранување на неексплодирани боеви средства. Акцијата је води дирекцијата за заштита и спасување при завод и музеј од Охрид. Експонатите беа извадени од езерото во непосредна близина на хотел „Палас“ на длабочина од околу 5 метри. Минофрлачите се смета дека потекнуваат од првата светска војна а произведени биле во 1916 година во Нинберг Германија додека пак ѓулето потекнува од 15 век, вели кустосот во музејот, Никола Целакоски.„Првични претпоставки се дека тоа се орудија на б…

Фев 11, 2010

Нашите мировници истакнати насекаде

Мировниците на АРМ, амбасадори на нашата татковина. Денеска во касарната „Генерал Михајло Апостолски“ во Охрид се одржа свечената церемонија по повод враќањето на последниот контигент на мировната мисија од Авганистан. Началникот на Генерал Штабот на АРМ,Мирослав Стојановски рече дека најголемо е задоволството што сите мировници од мисијата во Аганистан се вратија живи и здрави во Р. Македонија. Тој додаде дека тие се вратиле со  стекнато искуство кое е од непроценливо значење за подготовката на наредните контигенти. Стојановски рече дека овој пат мисијата во Авганистан била изложена на ви…

Фев 11, 2010

СДСМ возвраќа на обвинувањата

По обвинувањата упатени од пратеникот Александар Николовски во врска со, како што беше речено уништувањето на градот, денеска се огласи и ОО на СДСМ. „Фактите говорат дека комплексот Летница, од кој Николоски сака да направи ТЕМА, е приватен имот истакна претседателот на ОО на СДСМ, Науме Јованоски.ОО на СДСМ преку прес конференција му одговорија на пратеникот Александар Николоски, во врска со обвинувањата кои тој ги упати кон градоначалникот. „Не знаејки како да ја покријат задужбината на вождот Никола Груески, која осиромашениот македонски народ ќе го чини 200 милиони евра, во стилот на …

Фев 11, 2010

“Сараевска зима” го награди со Повелба “Охридско лето”

Фестивалот “Охридско лето”, со нови награди и признанија. Од Сараево директорот се врати со  Повелба за ширење на културата. „Наградата оди во вистински раце“, истакна претседателката на Европската комисија за култура и образование , Дорис Пак.Ново признание за успешност. Директорот на фестивалот “Охридско лето” од Сараево каде деновиве се одржува фестивалот „Сараевска зима“ се врати со Повелба  за ширење на културата на балканот. „Ова признание годинава за прв пат се доделува и признавам дека сум горд што ни беше доделено токму нам“, истакна директорот на “Охридско лето”, Тони Симоноски. „…

Фев 10, 2010

Дивоградбите ќе се рушат но списокот се намалува

Локалната не се откажува од рушењето на дивоградбите во Охрид. Акцијата само се пролонгира поради лошото време, вели градоначалникот Александар Петрески. Тој додаде дека се чека и стапувањето на сила на законот за легализација, за да се спаси и не се руши се што може да се легализира. Во стариот дел од Охрид ќе се рушат 20-тина дивоградби, затоа што тие никако не можат да се легализираат, вели градоначалникот Александар Петрески. Се она што може да се вклопи, нема да се руши, дециден е Петрески.Списокот со дивоградби инспекторите одамна го имаат изготвено, се чека потопло време за да се спр…

Фев 10, 2010

Николовски контра Петрески

„Александар Николовски е универзален незнајко и незнае ништо“, истакна градоначалникот Александар Петрески, во знак на револт по вчерашните обвинувања упатени од пратеникот Николовски кон него во врска со како што беше речено уништувањето на градот. „Додека градоначалникот на општина Центар создава планови за развој на својата општина, градоначалникот на Охрид од редовите на СДСМ продолжува со уништувањето на градот“- обвини пратеникот Николовски.„По низата спорни урбанистички планови со кои трајно го наруши изгледот на Охрид и го уништи туризмот градоначалникот на Охрид по налог на својот …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top