Петставници на хотелските капацитети, локалната самоуправа и раковоството на ЈП “Биланини извори” седнаа на заедничка маса. Разговаа за тоа кој колку може да помогне во развивањето на спортскиот туризам во градов. Генерално хотелите се согласија да учествуваат во проектот, но побараа да се формира тело кое би требало да направи анализа од каде треба да се почне. Охрид може да живее и од спортски туризам, посебно вон сезона. Ова е ставот на претставниците на хотелите, локалната самоуправа и првите луѓе на ЈП “Билјанини извори” по денешната заедничка средба.Целта на состанокот, инициран од Ј…
По околу една година пауза АД „Илинден“ со својата механизација се стационира на овој потег. Раководниот инжинер на објектот, Горан Домазетоски вели дека добиле нова дозвола за изведба на ул. „Железничка“ потпишана од градоначалникот Александар Петрески. Таа се однесува за целосна градба на улицата за разлика од претходната дозвола каде имале право за изградба само на дел од истата. Домазетоски вели дека со новото одобрение за градба отпочнати се повеќето активности, од кои приоритет се дава на првиот проект кој се однесува на атмосферската канализација. И покрај комплетираната документаци…
Водостојот на oхридското езеро ја достигна критичната точка. Заклучно со денес, како што не информира Константин Угрински хидролог од Хидрометеоролошка станица во Скопје водостојот е 68 см. Со тоа максимумот е надминат и достигнатата кота од 693,85 се смета за критична, бидејќи за 10 сантиметри е повеќе од договорената кота со Р. Албанија. Угрински предупреди дека под итно потребна е регулација на водостојот што ја врши ХЕЦ „Глабочица“ за да нема несакани прелевања на водата од езерото. Абнормалниот водостој на езерото според Дејан Паноски, од билатералниот секретаријат за заштита на води, …
Копјата се кршеа помеѓу традицијата и новите партиски сили. Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, конечно доби свој челник. Атанаско Михаилов, актуелниот директор на ЗЗЗ е човекот кој во наредните години ќе се обиде да му донесе победа на ВМРО ДПМНЕ и на локално ниво.Сценариото за избор на претседател на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ што ТВМ го пласираше пред извесен период, синоќа стана реалност. Прв човек стана личност со партиско искуство, но сериозен играч беше и личност од новите партиски сили. Атанаско Михаилов е новиот претседател на општинската ВМРО. Вака било одлучено синоќа на…
Колку и да врне, реката Даљан нема да се излее, рече градоначалникот Александар Петрески. Тој вети дека локалната ќе ги обештети сите кои беа поплавени според записникот кој го направи комисијата, но го повика и Цветко Грозданов да си го исполни своето ветување. Излевање на реката Даљан, нема да има. Со градежните зафати кои ги спроведовме после поплавите го спречивме тоа. Состојбата со водотеците во охридско, будно ја следиме. Сега државата треба да си ја заврши својата работа. Треба да даде дозвола за испуштање на езерото колку што е потребно, истакна градоначалникот Александар Петрески. …
Опасниот одрон над музејскиот комплекс Робевци што се случи пред 10 –тина дена се расчистува. Досега се исчистени околу 30 м3 од срушениот материјал информира директорката на НУ “Завод и Музеј”, Тања Паскали Бунташеска. Таа додава дека лошите временски услови ги попречуваат работите и придонесуваат расчистувањето да се одвива со побрз интензитет. Се додека не се исчисти просторот не може да се каже ни првичната проценка колкава е настаната штета нити што ќе се прави понатаму. Мора да се исчисти земјата над карпата и да се согледа компактноста на карпата од која понатака ќе зависат сите заф…
Општина Охрид ќе обезбеди времено сместување на жителите од “Железничка”, кои изградбата на овoj булевар ќе ги остави без покрив над глава.„Нема да дозволиме нашите сограѓани да останат на улица иако не сме обврзани да превземаме вакви активности“, истакна градоначалникот Александар Петрески.Овој проблем го третираме како проблем од висок ранг. На седница на Совет веќе помина одлуката, жителите на кои ќе им бидат срушени куќите да не плаќаат за комуналии. Ова не се многу големи пари, но сметам дека колку толку ќе им бидат од помош“, истакна Петрески.Градоначалникот појасни дека семејствата…
Охридски комуналец со полни раце работа. ЈП во целост ги спроведува заложбите на локалната самоуправа, подеднакво да се уредени и центарот на Охрид, но и периферијата. Покрај зголеменото ангажирање на комуналците во чистење на кејот поради брановитото eзеро и неповолното време, деновиве вработените во ЈП покрај редовното собирање на сметот, превзедоа и вонредни активности за расчистување на дивите депонии.Минатиов викенд, десеттина работници и механизацијата на „Комуналец“ беа aнгажирани на расчистување на дивите депонии во с. Лескоец. Се чистеше сметот натрупан на одредени локации, при шт…