Фев 22, 2010

Седницата на советот, жртва на меѓупартиската „комуникација“

Денешната петнаесетта седница на Советот на општина Охрид, бојкотирана од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Паноски, изјави дека причина за бојкотот е тоа што официјалната веб страна на општината е злоупотребена во политички цели, како и за изнесување на најниски навреди против личности, се со цел, нивна деградација. Тој додаде дека овој вид на комуникација претставува срам за Охрид, а советничката група на ВМРО ДПНЕ мора да реагира соодветно. Советниците на ВМРО бараат извинување за последните два текстови и нивно повлекување од општинската веб страна како …

Фев 22, 2010

Традицијата на „Опел Старт“ продолжува

Со традиција од 20 години успешно работење и само неколку вработени на почетокот,  денес „Опел Старт“ е  реномиран продажен авто-салон, кој брои околу 20-тина вработени кои се вклучени во  активноста на фирмата. Во текот на двете децении од постоењето  на авто салонот, љубовта кон автомобилите му дала поттик на соптвеникот Глигор Пљакоски, својот животен век да го посвети на продажба и сервисирање возила. Управителот на авто-салонот Горан Чалоски пред бројните гости истакна дека успехот на „Опел Старт“ се должи на довербата која купувачите ја имаат кон нив. Не беа заборавени ни поранешните,…

Фев 20, 2010

Пештанци под вода

Подрумските простории им се поплавени веќе еден месец. Загрижува фактот што од ден на ден нивото на водата се повеќе расте. Иако во повеќе наврати било пријавувано во кризниот штаб, оттаму до ден денес не превзеле ништо. Жителите се жалат дека никој од надлежните не дошол ниту да ги види, а камоли да им помогне. Тие стравуваат дека водата секојневно им уништува се што печалеле со години. „Не спиеме по цели ноќи. Водата ни направи огромна матријална штата“ велат пештанци. Поплавените куќи во пештани денеска ги посети градоначалникот Александар Петрески. Тој рече дека комисијата за кризи од …

Фев 20, 2010

Угостителите бараат европска терапија

Македонското угостителство веќе е на колена, велат од Туристичко-угостителската комора. Од надлежните бараат под итно да направат измени во Законот за заштита од пушење. Туристичко-угостителската комора на Македонија на едно место, во срцето на македонскиот угостителски туризам. Од Охрид тргна караванот под името „Забраната е  штетна за демократијата – дискриминацијата убива, бараме европска терапија„. Oд надлежните бараме да учествуваме во измените на членот 2 и 3 од законот, со што на пушачите, ќе им дадеме права како и на непушачите. Да имаат избор, додаде Бербери, претставникот на Турис…

Фев 20, 2010

Желбите паднаа во вода

Се урна мостот на желбите. Временските услови кои го зафатија деновиве Охрид, пред се силниот ветар од југозападен правец и големите бранови, урнаа дел од пешачкиот мост наречен „Мостот на желбите“.Мостот беше направен за 17 дена. А иницијаторот за неговата изградба Митко Пендов при пуштањето во употреба изјави: „Мислам дека со векови ќе биде од корист на сите.“ Инвестицијата за мостот чинеше околу 2 милиони денари или околу 30 илјади евра.  Овие средства беа дар за охриѓани од фондациајата Рамковски. Сега  е време за нова желба: „да се поправи мостот,и да се направи по сите стандарди за да…

Фев 20, 2010

„Охрид нема да биде поплавен“-смирува Николовски

Состојбата се следи и мора да се смири тензијата и паниката која настана кај дел од граѓаните, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски. Тој потенцира дека многумина кои што сакале да го посетат Охрид викендов, се откажале од таа намера стравувајќи од она што го слушаат по медиумите за критичната состојба на езерото.Николовски во име на стручниот тим од експерти кои се задолжени да ја следат кризната состојба гарантира дека состојбата со езерото е стабилна. Тој вели дека градоначалникот Петрески не бира средства и начин за да дојде до политички поени.Николовски ја коментираше и…

Фев 20, 2010

Паркинзите во Охрид зонирани

Зонското паркирање во Охрид функционира. Добар дел од улиците во градот имаат простор за ваков вид паркирање. Она што годинава се работи во Скопје во однос на паркирањето, во Охрид е воведено уште пред четири години, вели Зоран Шикалоски од Одделението за комунален развој и сообраќај. Тој додава дека мора да се земе предвид разликата која е во територијалната поставеност и големината на градовите. Шикалоски веќе го најави вториот дел на зонирањето во Охрид. Како што кажа, извршена е сондажа на паркинг просторите во Охрид и годинава планирано било да се реализира дооформувањето на сите парки…

Фев 19, 2010

Секој си ја тера водата на својата воденица

„Одземените пари од сметката на општина Струга се согласно законската регулатива“, велат од Министерството за финансии. Но, од друга страна, не им е познато дека проектот за кој се земени парите, воопшто не бил технички примен.Нови моменти во врска вчерашниот прилог на ТВМ Телевизија за олеснувањето на струшката општинска сметка. Покрај општина Струга, тука се и општините: Куманово, од каде беа подигнати 13.700 000 денари, потоа општина Струмица, од чија сметка беа одземени 12.000 000 денари и општина Штип од каде се подигнати 8.300 000 денари. Во Законот за задолжување на Република Македон…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top