Фев 24, 2010

Петрески ќе бара помош од Борисов

„Градот и езерото, не им припаѓаат само на Охриѓани и на Македонија, туку тие се светско културно наследство, за кое треба да се грижи целиот свет. Кога оценав дека Владата не се грижи доволно за нас, побарав помош од соседите“, вели градоначалникот Александар Петрески, посочувајќи ја незавидната економска состојаба на балканскиот бисер.„Не ми е важно од каде ќе дојде помошта, важно е да дојде до инвестиции во Охрид, а со тоа и до решение на нашите проблеми“, додава Петрески.Градоначалникот уште еднаш укажа на фактот дека со премиерот и владата разговараат исклучиво преку прес конференции. …

Фев 25, 2010

Младите на удар од срцево-садовите заболувања

Дебелината, неправилната исхрана, пушењето и физичката неактивност се водечки причини за болестите на срцето и мозочните удари кои можат да се забележат во се помлада возраст. Општинскиот црвен крст се вклучува со низа активности за едукација на млaдите како да го зачуваат здравјето од овие заболувања. Посебен акцент во активностите на Црвениот крст ќе биде ставен на вештината на  укажување прва помош како безбедносна мерка при срцев напад и мозочен удар.Во соработка на општинскиот Црвен крст и  Центарот за јавно здравје од Охрид, во текот на утрешниот ден на градскиот плоштад „Чинар“ со по…

Фев 24, 2010

Комплексот Летница останува непроменет

Последните препукувања помеѓу централната и локалната власт околу комплексот Летница, мотив нашата ТВ куќа да испита што се случува со оваа атрактивна охридска локација. „Летница е сопственот на Охрид турист. Проектот за реконструкција го работат Софија Мизова и нејзината сестра Маргарита Трендафилова.  Тие се проектанти по барање на сопственикот на објектот“, вели раководителот на секторот за урбанизам, заштита на животната средина и комунален развој,Бранко Арнаудов. Тој додава дека сопствениците на локацијата и објектот побарале во месец март 2009 год да се изработи проект за реконструкци…

Фев 24, 2010

Старо-нов проблем за жителите на Железничка

Уште една непроспиена ноќ е зад жителите од улицата Железничка, кои се наоѓаат наспроти некогашната Винарска Визба. Нивните дворови пливаат во вода. Убедени се дека ова е резултат на работите кои се изведуваат на улицата. Тие велат дека откако започнало проширувањето на истата, се јавиле и проблемите. Спасе Андоноски, се сеќава на најголемите поплави од ’63, година, но дури ни тогаш ваков проблем немале.Спасе додава дека одливот на атмосферската вода порано бил добро решен со стариот систем на одводни канали кои атмосферските води ги спроведувале во реката Сушица. Но сега, со работите кои с…

Фев 24, 2010

Можност за полесно донесување одлука

Започнува спроведувањето на Проектот за професионално насочување на матурантите, М.О.К.У.Одлучи сам? Што ќе бидеш? Каде сега? Ова е слоганот на проектот за професионално насочување на матурантите, М.О.К.У – Матрица на очекувана кариерна успешност. Проектот, за прв пат годинава се спроведува во организација на Министерството за образование и наука на РМ и Центарот за образование на возрасните, заедно со Високата школа за новинарство и односи со јавноста како и Бизнис академијата Смилевски. Во рамките на проектот матурантите ќе се тестираат за тоа која професија најмногу им одговара, во која …

Фев 23, 2010

Дали има лек за охридското здравство

На крајот на  2008год. Фондот за здравство, со Владина одлука, на сите Јавни здравствени установи во РМ им ги отпиша долговите, така што 2009 ја започнаа со салдо нула. Јавната здравствена установа „Медицински центар“ од Охрид не ја искористи оваа поволност и минатата година повторно ја заврши со долг, овојпат во висина од 57 и пол милиони денари. Директорот на оваа установа, Д-р Љубен Арнаудов, вели дека овој долг е наследен по основ задоцнети фактури и судски пресуди доспеани во овој период, а не е новонастанат. Портпаролот на центарот, Д-р Сашо Василевски тврди дека овој долг е само вирт…

Фев 23, 2010

Дамјан Пејчиноски, прв на on-line гитаријада

На “Shred this too” гитарски натпревар генијалниот, охридски гитарист, Дамјан Пејчиноски  го освои првото место во конкуренција од 318 гитаристи од целиот свет. Ова беше одлука на жирито во состав: специјален гости-судија беше Марко Сфогли од Италија,гитарист во бендот на Џејмс Лабрие(пејачот на Дрим театер)Рик Греам и Том Квејл од Англија, Магнус Олсон од Шведкса и Крис Брукс од Австралија.После Дамјан Пејчиноски, второ пласиран беше Тум Симарат од Тајланд, на трето место се најде Брајан Еспи од САД.Интернационалниот успех на генијалниот гитарист Дамјан Пејчиноски започна во јуни мината го…

Фев 23, 2010

Патот кој води кон комплексот – Плаошник, опасност за минувачите

Обилните врнежи и археолошките зафати кои се одвиваат на локалитетот причина за паѓање на дел од потпорниот ѕид. Од Национална установа – Завод за заштита на културните споменици и националниот Mузеј, смируваат. Со санација ќе започнат веднаш штом ќе дозволат временските услови.Единствениот приод кон комплексот „Плаошник“  видно оштетен. Граѓаните од стариот дел реагираат дека ситуацијата е алармантна. Речиси половина од ѕидот е срушен во локалитетот. Но, од Национална установа – Завод за заштита на културните споменици и националниот Mузеј велат дека место за паника нема. Директорката на З…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top