Мар 1, 2010

Сорабтока на студентите стоматолози на меѓународно ниво

Уште една можност за македонските студенти по стоматологија, да разменат искуства со своите колеги од другите земји. Покрај дружењето, идните стоматолози ќе имаат можност, да се запознаат со студентските програми од другите земји и да презентираат свои идеи за проекти кои би сакале да се реализираат.Организацијата на полугодишниот состанок на Меѓународната асоцијација на студенти стоматолози е можност македонските студенти стоматолози, одблиску да се запознаат со работата на оваа организација како и нејзиниот моментален статус. Станува збор за асоцијација која обединува студенти стоматолози…

Фев 27, 2010

Градоначалникот побара совет од експерти

Доктори на науки, екологисти, архитекти, претставници од „Проаква“ седнаа на иста маса со градоначалникот. Дискутираа за новонастаната состојба со водостојот на Охридското езеро и опасноста од негово излевање. „ Мора да се превземат мерки во домен на градоначалникот за да се спречи оваа состојба“, рече д-р Здравко Крстаноски од хидробилошкиот институт.На прашањето дали смее Охридското езеро да се третира како акумулација, Крстаноски потенцираше дека тоа е проблем кој е решен уште пред 55 години, со изгадбата на ХЕЦ Глобочица и Шпиље, затоа што дел од езерото уште тогаш бил одреден да служи …

Фев 27, 2010

Филмот „Љиља засекогаш“ со порака за младите

Волонтерите од Клубот на млади при Црвениот крст Охрид за основците од „Христо Узунов“ го прикажаа филмот „Љиља засекогаш“, на тема трговија со луѓе. Црвениот крст ги има правата за прикажување на овој филм, вели Кристина Шалкоска, волонтер на ЦК –Охрид. Таа  објаснува  како се информираат младите за опасностите кои ги демнат од трговијата со луѓе. Обучени се 300 средношколци и основци од кои поголемиот дел претходно не беа свесни за проблемот на днешницата кој се нарекува и ропство на 21 век, но после предавањата стравуваат од оваа појава кој станува се поактуелна.  За запознавање на млади…

Фев 27, 2010

„Граѓанска иницијатива за зачувување на достоинството на Охрид“

Група граѓани денеска ја започнаа иницијативата  за зачувување на достоинството на Охрид. Ние група интелектуалци, граѓани на Охрид, неформално се здруживме и би сакале да реагираме поради последните случувања во Охрид и да дадеме наш осврт на нив, вели Горан Шибакоски, и додава „Последните препукувања помеѓу партиите беа пресудни да го преземеме овој чекор“Шибакоски потенцира дека нивна цел е зачувување на достоинството на градот, неговите вредности и традиции. Сметаме дека, со последните случувања, Охрид беше навреден и омаловажен. Во политичката битка помеѓу луѓето кои треба да се грижат…

Фев 27, 2010

Инспектори и полицајци во лов на таксисти со небаждарени таксиметри

Повеќе охридски таксисти фатени како возат без баждарени таксиметри. Оваа контрола е во надлежност на пазарната инспекција и се прави поинтензивно во летниот период, но такси возилата се проверуваат и во останатите месеци од годината, вели Ѓорѓи Бошалески. За да не се случи граѓаните кои се возат со такси да бидат измамени колку километри поминале и колку треба да платат, секој таксист треба да има баждарен таксиметар во своето возило кажува Бошалески.Во заедничката координирана акција, возилата биле   проверувани и дали  употребуваат соодветно гориво или пак користат од недозволеното, поеф…

Фев 26, 2010

Проблеми допрва ќе има

„Допрва не очекуваат проблеми поради високиот водостој на езерото“ истакна архитектот Димитар Зарчев. Штетите ќе бидат повеќекратни и долгорочни, а опасност му се заканува и на колекторскиот систем, тврди некогашниот раководител со фирмата која го градеше. На оваа тема Зарчев ќе дискутира и на стручната трибина во организација на општина Охрид на која покрај него ќе земат учество експерти од хидробиолигијата, екологијата, ЕКО-Здруженијата и НВО. Трибината е свикана со цел отстранување на опасностите во иднина од слични појави. Во контекст на ситуацијата со обилните врнежи и водостојот на ез…

Фев 26, 2010

Просветни инспектори го скенираат ОУ „Св. Климент Охридски“

Тим од државни просветни инспектори трет ден  ја скенираат работата на основното училиште „Св.Климент Охридски“. Под лупа се ставени планирањето и подготвувањето на наставата, следење на наставните часови, постигнувањата на учениците, работата на наставниците, раководењето со институцијата како и целокупната инфраструктура.Претседателот на инспекцискиот тим, Митре Шуминоски,  нагласува дека работата на ова училиште е случаен избор за нивниот увид. Контролата има за цел учениците да добијат подобар наставен  и образовен процес во училиштата, вели Шуминоски.Забелешките, сугестиите и проблемит…

Фев 25, 2010

Борба со природата

Тешка е борбата со природата. „Актуелната состојба со водостојот на Охридското езеро е сериозен проблем. Кој ќе биде конечниот епилог никој не може да предвиди“. Ова синоќа го изјави Премиерот Никола Груевски и рече дека се прават максимални напори за да се надмине состојбата. Тој потенцира дека државните институции максимално биле ангажирани во насока на спречување на поплавите. Груевски додаде дека во оваа состојба се наметнуваат две прашања, дали се дава потребниот максимум од страна на Владата и второ дали Владата ќе успее да ја победи водената стихија.Министерот за транспорт и врски Ми…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top