Мар 4, 2010

Грда слика во ценарот на Охрид

Немил настан во центарот на Охрид. Камерата на ТВМ попладнево во близина на пошта 2 сними три пцовисани кучиња, кои најверојатно биле отруени. Екипите на ЈП Охридски комуналец веднаш реагираа и кучињата ги отстранија од паркот каде беа паднати. Директорот на ЈП, Сашо Алче вели дека најверојатно кучињата се пцовисани попладнево, затоа што до 12.00 часот екипите на ЈП биле на ова место и не забележале вакво нешто. Тој додава дека е изненаден од настанот затоа што кучиња скитници во овој дел на градов се ретка појава. Справувањето на овој начин со кучињата скитници е нехумано и сурово. Ова е д…

Мар 4, 2010

Вандалски чин на градските гробишта

Неколку надгробни плочи испрскани со бела боја. Случајот пријавен во СВР. Од таму велат се работи на рaсветлување на истиот. Пред два дена вработен во ЈП „Охридски комуналец“, работна единица Гробишта, пријавил оштетување на седум надгробни спомн-плочи.„Спомен обележјата беа испрскани со бела боја и некое абразивно средство“, вели Ѓоко Филипче координатор за оперативни служби во ЈП „Охридски комуналец“. СВР Охрид го потврди настанот. Портпаролот Стефан Димовски вели дека по пријавувањето веднаш се излегло на терен со цел да се соберат докази за расветлување на случајот. „По пријава добиена …

Мар 4, 2010

Ресторанот „Острово“ кај Св. Наум затворен

Предупредувањата од страна на Комуналниот инспекторат од Охрид се остварија. Изворските води кај Св. Наум, но и кај  Билјанини извори мора да се заштитат по секоја цена, став е на работната група која е формирана токму со таа цел.Се одржа состанок на работната група на ескспертски тимови на Регионалниот центар за јавно здравје, Хидробиолошкиот завод, МЈП „Проаква“ и на Локалната самоуправа. Целта на оваа група, која беше формирана минатата година, е да го следи загадувањето на изворските води на Биљанини извори и кај Св. Наум. На вчерашниот состанокот се дискутирало за моменталната состојба…

Мар 3, 2010

Војската пристигна напомош во Охрид

По целото Охридско крајбрежје се поставуваат насипи со песок, за да се спречи излевање. Денеска се состана Kризниот штаб при локалната самоуправа, Aгенцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи.По кејот поставени вреќи со песок. Акцијата од синоќа започна да ја спроведува Центарот за управување со кризи, а  денеска се вклучија и стотина војници од АРМ. Охриѓани со поделени мислења околку новонастанатата ситуација. Едни задоволни од мерките кои превентивно се превземаат, а други сметаат дека нема потреба од вакви сензации.Состојабата во Охрид и можноста од поплави ги сое…

Мар 3, 2010

Стилизмот во Охрид постои

Сашко Георгиески е дел од европскиот тим на „ШварцкопФ“. Сите позитивни искуства на највисоко и најквалитетно ниво од Париз и Европа, Георгиевски успешно ги докажа во Охрид. Салонот за убавина „Арс Нова“ го одбележува својот 11-ти роденден. По тој повод, Сашко Георгиески, единствениот стилист во Охрид, докажан на врвната академија кај познатиот француски стилист Патрик Алез од Париз, ни го раскажа патот на својот успех. Георгиески кажа дека не е лесно да се работи во една специфична средина како што е Охрид и да се задоволат најразличните вкусови на клиентите.На идеите им нема крај, вели Ге…

Мар 3, 2010

Спортските риболовци реагираат

Вонредни мерки за регулирање на водостојот на Охридското езеро. Да се заштити крајбрежниот дел е главна заложба на спортските риболовци кои деновиве се се погласни во своите реакции до надлежните. Тие сметаат дека е сосема погрешно со вреќи песок да се спречува излевањето на езерото. Брзото полнење на езерото годинава е евидентно, вели претседателот на СРК „Свети Апостол Петар“ Радован Димитриески. Тој потенцира дека тоа е резултат на зголемениот водостој на подземните извори, но и на површинските води. Струга и коритото на Црн Дрим очигледно тешко можат да се справат со оваа природна појав…

Мар 2, 2010

Охриѓани деновиве пијат бела вода

Во јавноста деновиве се крена фама поради количната на хлор и исправноста на водата за пиење. Ваквата појава ги збуни граѓаните. Многумина веќе реагирале до службите на МЈП „Проаква“, а како одговор на сомнежите на граѓаните со свој став и мислење се огласи првиот човек на претпријатието Бранислав Трпчевски. Тој истакна „оправдана е загриженоста на граѓаните после сите настани што се случија со зголемувањето на нивото на Охридското Езеро, бројните пореметувања, како и штетите од поплавите во Охрид и Струга“. Тој покрај се смирува и вели дека се е во ред со водоснабдителниот систем и водата …

Мар 2, 2010

Вандалите поопасни од невремето

Обновен е дел од Мостот на желбите оштетен пред 10 –тина дена под налетот на силното невреме и високиот водостој на езерото. Поправката чинела околу 60.000 денари и била завршена за три дена. Охридскиот угостител Димитри Пендов, иницијатор за изградба на мостот,  истакна дека скоро 90% од поправките се завршени. Се очекува Мостот на желбите  повторно да биде пуштен во употреба пред  Велигденските празници. Малите оштетувања на мостот ги отфрија сомнежите на поединци дека мостот на желбите не е солидно граден. Сепак, Мостот го издржа силниот јужен ветар и високиот езерски водостој нагласува …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top