Мар 12, 2010

Се повеќе Македонци бараат азил

Причина за тоа е  економската нестабилност на земјата. Денеска во Охрид експерти на ЕЗА, во организација на Унијата на независни синдикати дебатираа на тема „Миграција и мобилност на вработените“ . Професор Даниел Наваз Вега говореша за добрите и лошите страни на визната либерализација. Според него позитивна е потребата да се оствари човековата потреба, патувањето. Во услови на светската економска криза, покрај патувањето, постои можност и за вработување, а со тоа и миграција додаде тој. Мигрантите треба да се информирани за се она што ги очекува во земјата каде што сакаат да заминат и кои …

Мар 11, 2010

Што се крие во утробата на езерото?

Најопасниот комунален смет-медицинскиот отпад распослан долж охридското крајбрежје. За Државниот инспектор при Министерството за ЖСПП Игор Трајкоски, отпадот е со поминат рок и според него не претставува опасност. Шприцеви, инфузии, шишиња од сирупи, празни скатули од таблети, е само дел од отпадот кој што од саботата се наоѓа покрај крајбрежниот дел на езерото. Очигледно состојбата со медицинскиот отпад исплива на површина. ТВМ во повеќе наврати информираше за овој сериозен проблем. Нерешавањето на истиот од страна на надлежните, доведе до оваа грда слика и закана за еколошка катастрофа. Д…

Мар 11, 2010

Петрески уште не распакуван, Црвенкоски му ја чекира картата за назад

Има ли комуникација помеѓу локалната и ОО на СДСМ која е матична партија на градоначалникот Александар Петрески. Додека портпаролот на локалната Томе Џамтовски тврди дека градоначалникот останува во Австралија, првиот човек на ОО на СДСМ спротивно на тоа вели дека Петрески со првиот авион се враќа назад.  Градоначалниот Александар Петрески ја прекинува посетата на Австралија и се враќа во Охрид. Ова денеска го потврди претседателот на ОО на СДСМ, Науме Јованоски.„Во споредба со ВМРО ДПМНЕ, СДСМ отсекогаш знаела да разликува битно од небитно, важно од неважно  и секогаш во интерес на граѓани…

Мар 11, 2010

Кик-бокс старт за Охриѓани

Кик-боксерите од кик-бокс клубот „Мастер“ од Охрид, со нок-аут ја започнаа оваа година. На ревијалниот турнир одржан во Тетово, од петмината охридски кик-боксери од овој клуб, двајца се вратија со нок-аут победа.  Кик-боксот во Охрид живее. Хазир Емуш веќе една и пол година е член на кик-бокс клубот „Мастер“. Првите позитивни резултати се тука. Од неодамнешниот ревијален трунир кој се одржа во Тетово, на кој учество зедоа кик-бокс клубови од целата држава, тој се врати со победа. На турнирот беа застапени дисциплините фул-контакт и лоу-кик-к еден дисциплина. Негов сон е да стане дел од маке…

Мар 11, 2010

Велгошките улици бербат

Велгоштани револтирани. Повеќе од година дена атмосферските води течат низ нивното село. Велгоштани се едниствени во своите барања. Работите кои според ветувањата требало да бидат завршени за три месеци, а се пролонгирале на година дена, бараат конечно да бидат завршени.Година дена атмосферските води се по велгошките улици. Започнатите работи за поставување на канализационата мрежа, ги уништија улиците. Работите за кои ни ветија дека ќе бидат завршени за неколку месеци не се завршени веќе една година, револтирани се велгоштани. Претседателот на Месната заедница на село Велгошти, Димче Шапка…

Мар 11, 2010

Охридски комуналец во акција

Деновиве механизацијата на ЈП „Охридски комуналец“ги расчиствува одводните канали во студенчишкото блато. „ Високиот водостој носи талог, песок и муљ поради што мора редовно да се интервенира“, вели директорот Сашо Алчев. Активностите кои не ги спороведе координативното тело за справување со кризи, на свој грб ги превзеде ЈП „Охридски комуналец“. Механизацијата на ова ЈП ги чисти одводните канали, за да не се повтори поплавата која неодамна ја зафати езерската полиција. „ На овој потег интервенираме на два до три дена, со цел да се намали водостојот во студенчишкото блато“, вели директорот …

Мар 11, 2010

Локалната со сопствени сили и ресурси се справува со проблемите

Покачувањето на нивото на Охридското Езеро, ја раздрма локалната самоуправа. Од таму велат дека се преземени низа активности за заштита на населението во градските и приградските средини. Тим од локалната, покрај тоа што во координација со Дирекцијата за заштита и спасување е постојано на терен, работи и самостојно, вели Емин Селман, раководител на секторот за комунални дејности. „Прво го заштитивме цевоводот од пумпната станица од Пештани до Елешец. Следна наша активност која ја спроведуваме секојдневно е чистење на речното корито во Даљан, на Коселска Река и Грашница“- вели Селман. Тој до…

Мар 11, 2010

Охридското езеро „повраќа“ медицински отпад

Охридското езеро во саботата на потегот од градска плажа- Мизо па се до хотелот Милениум  „повраќаше“ шприцеви, шишенца,амбалажа од инсулин, таблети и друг медицински отпад.Телевизија ТВМ со цел да дознае што се случува со езерото, зошто исфрла медицински отпад на брегот и како тој доспеал во неговите води стапи во контакт со Министерот за животна средина и просторно планирање, Неџати Јакупи и Државниот инспектор за животна средина и просторно планирање од Охрид ,Игор Трајкоски. Но место ние да добиеме информации од нив , излезе дека се затечени и дека информацијата за таквата состојба прв …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top