Шпански фирми заинтересирани за инвестирање во Охрид. Ова денеска го најави В.Д. амбасадорот на Шпанија во Македонија – Марија Ангелес Гарсија де Лара. „Моето доаѓање е планирано од поодамна. Ќе се сретнам и со градоначалникот на Охрид, за да разговараме за соработката на шпански и македонски фирми“, рече за ТВ М заменик амбасадорката на Шпанија во Македонија, Гарсија де Лара. Според Де Лара се работи за инвестиции за еколошки проекти за подобрување на инфраструктурата, за менаџирање со води поточно нешто што ќе ја подобри животната средина. Инаку В.Д. амбасадорот на Шпанија синоќа присуств…
Лоциран е на просторот кај старата автобуска станица. Новина ќе биде тоа што во новоотворениот објект има одели за свежо овошје и зеленчук.Супер маркетот Макси Д со нов деловен простор. На 5000 метри квадратни може да најдете над 10 000 производи како во делот на прехрамбените така и во делот на непрехрамбените произбоди. Новина ќе биде тоа што во новоотворениот објект има палета и на свежо овошје и зеленчук.Инаку ова е втор маркет на Макси Де во Охрид. Во Македонија пак има вкупно 17 маркети кои се познати под брендот СП маркет и Макси Де.{loadposition content9}
Според СВР, пријавените во периодот од Октомври 2006 до Октомври 2009 година, не презеле никакви мерки за наплата на лекови во износ од над петстотини денари со што предизвикале штета на Здравствен дом односно Буџетот на РМ. Поради основано сомнение дека се сторители на кривичното дело Несовесно работење во службата, СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицата М.Д. роден 1969 година и А.Г. роден 1967 година, двајцата од Охрид.Пријавените, во својство на Директори на Јавната установа ,,Здравствен дом ,, Охрид со свесно пропуштање на должен надзор и очигледно несовесно постапување в…
Општинскиот Црвен крст одбележа 65 години од формирањето. Прославата отпочна со полагање на цвеќе пред бистата на оснивачот на меѓународното движење, Анри Динан, пред седиштето на Црвениот крст. Голем број волонтери со свечено дефиле продолжија низ улиците кое заврши на градскиот плоштад.Таму беа презентирани големиот број активности на Црвениот крст.Во одбележување на 65 годишнот јубилеј присуствуваа и преставници од Црвениот крст од Крагуевац, Србија. Гостите не го криеа задоволството од соработката со охридскиот општински црвен крст со кој пред 5 години потпишаа спогодба за взаемна сор…
Целосната туристичка понуда на Охрид – туристичкиот потенцијал, како и културното и природното богатство, денеска ќе биде презентирано во седиштето на Европската унија На презентацијата за туристичката понуда на Охрид што ќе се одржи вечерва во просториите на Македонската амбасада во Брисел, е најавено присуство на голем број европарламентарци, како и повеќе белгиски туроператори и туристички агенции.На охридската вечер во Брисел ќе има предавања, презентација на печатени промотивни и рекламни материјали, видео-записи за Охрид, а за гостите Македонската амбасада организира и дегустација на …
Нема еколошка катастрофа тврди Атанско Михаилов и ја негира неодамнешната изјава на охридскиот градоначалник. Не е точна изјавата на градоначалникот Петрески дека на езерото му се случи еколошка катастрофа, дека е загадено и преполно со фекали од колекторскиот систем, тврди претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Атанаско Михаилов. Истакнува дека езерската вода е со извонреден квалитет. Испитувањата покажале дека на сите мерни места водата е од прва категорија, а само на две е од 2 категорија.Со изјавата за еколошката катастрофа се шокира охридската јавност, македонската се загрижи, а светската…
За прв пат денеска во нашиот град се отвори конзуларно преставништво на Турција. Првиот охридско – струшко – вевчански почесен конзул, е бизнисменот Абдураман Бајрактар. Денес се отвори првото конзуларно претставништво во Охрид. По тој повод Министерот за надворешни работи на Турција Ахмет Даутоглу денес престојуваше во нашиот град. Тој кај нас доаѓа по четврти пат. Кога се работи за Охрид, Даутоглу очигледно ги селектира најдобрите зборови. Вели, „Охрид е еден од најубавите светски градови“. Турскиот министер истакна дека со отварањето на конзуларното претставништво, се отвара куќа на сите…
Квалитетот на водата во Охридското езеро добар. Последните земени мостри од езерото од страна на Центарот за јавно здравје, покажуваат дека таа е од прва и втора категорија. Со намалувањето на водостојот на езерото се очекува да се намали и квалитетот на водата во него.Квалитетот на водата во Охридското езеро на задоволително ниво. Направена е физичко-хемиска и микробилошка анализа на осум земени мостри. Примероците за анализа се земени од локации специфични поради близината на колекторскиот систем. Три од примероците се земени од влезот на колекторскиот систем кај прочистителната станица, …