Апр 6, 2010

Веслањето не смее да згасне

Александра Иваноска од веслачкиот клуб „Југ“ од Охрид тренира веслање веќе десет години. Љубовта кон овој прекрасен спорт таа ја наследила од своите родители. Чувството да се биде дел од овој спорт не може да се раскаже, може само да се доживее, вели таа.Кога во биографијата ви стои дека вашата мајка е некогашен балкански првак и државен првак на поранешна Југославија во веслање, тогаш љубовта кон овој спорт ви е генетски пренесена. Александра Иваноска веќе десет години е членка на веслачкиот клуб „Југ“ од Охрид. Задоволна, вели дека во клубот се работи сериозно. Се знае кога е време за раб…

Апр 5, 2010

„Идеа плус“ ќе го изработи проектот за изгледот на Светиклиментовиот унивезитет

Заврши меѓународниот конкурс за изработка на идејно решение за изгледот на Плаошник односно на Свети Kлиментовиот универзитет. Работите на Плаошник воопшто не се прекинати тврди директорот на Управата за заштита на културно наследство, Паско Кузман. Тој додава дека голем дел од откритијата се конзервирани, реставрирани и презентирани. Проектанската група „Идеа плус“ избрана за да го изработи главниот проект за изгледот на Плаошник односно на Свети Климентовиот универзитет. Според најавите по изработката на проектот ќе се распише тендер со кој ќе се одбере фирма која идејата ќе ја реализира …

Апр 5, 2010

Помалку барања за градби споредено со лани

До службите на Секторот за урбанизам и просторно планирање, градителите и инвеститорите во првите три месеци од годинава  поднеле помалку барања за издавање дозволи  за градба, информира раководителот на секторот, Бранко Арнаудов. „Во првото тромесечие лани имало 40-тина барања  за одобренија на градби, а годинава интресот е за 30% помал“ објаснува Аранудов.Намалениот интерес за градење не се должи на намалениот атрактивен простор во градот туку на рецесијата, дециден е Арнаудов. Во Охрид, споредено  со останатите градови во земјава, има најголем интерес за градење и е на врвот по издадени …

Апр 5, 2010

НАССР – КАСАП на охридски начин

Што е HACCP?H – Hazard – ОПАСНОСТA – Analysis – АНАЛИЗАC – Critical – КРИТИЧНИC – Control – КОНТРОЛНИP – Points – ТОЧКИHACCP е систем на работа (самоконтрола) кој е превентивен и кој служи сите опасности по здравјето на консуматорот да се отстранат или да се сведат на прифатливо ниво за време на производството, преработката или складирањето на прехрамбените производи.А која буква во кратенката е за КОНТЕЊЕР ВО МЕСАРНИЦА???Се смеам а ми се плаче. Месарницава е охридска, фотографот беше турист.{loadposition content9}

Апр 3, 2010

Распоред на богослужби за Велигденските празници

Централната богослужба за Велигден во Охрид ќе се одржи во Св. Климентовиот храм „Св. Пантелејмон“ на Плаошник со почеток во 23:30 ч. Со неа ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.Велигденска богослужба ќе има во сите парохиски цркви во Охрид.Распоред на богослужби за Велигденските празници:03.04.2010 – ВЕЛИКА САБОТА (ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО)Воскресна богослужба во сите градски цркви со почеток во 23.30 ч. Митрополитот г. Тимотеј ќе богослужи во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, со почеток во 23.30 часот.04.04.2010 НАУТРО: Втора света литургија во црквата…

Апр 3, 2010

Велигден е семеен празник, велат советниците

Тие признаваат дека и годинава вообичаено ќе празнуваат во домашна атмосвера. Градоначалникот првото „Христос воскресе“ ќе го слушне во црквата Св Никола во долна Влашка Маала.Велигднските празници во домашен амбиент и во духот на традицијата. Советниците едногласни дека празникот за нив е нешто свето и дека не ни помислуваат да го прослават надвор од својот дом. Тие велат „ Велигден е семеен празник и ќе го прославиме дома“.И градоначалникот празникот ќе го помине дома. „ За празников очекуваме многу гости во Охрид, а јас како домаќин треба да им посакам топло добредојде на сите и да да ги…

Апр 3, 2010

Охридските хотели за Велигден празни

Во градов престојуваат гости кои претежно имаат свои станови. „Ако денот се познава по утрото, а сезoната по овој прв наплив на гости, тогаш не треба многу да се надеваме за годинешната туристичка сезона“, велат тустичките работници. Охридските хотели за Велигден полупразни. Слична е ситуацијата и со приватните сместувачки капацитети. Хотелиерите тврдат дека најголем дел од аранжманите за Велигденските празници  се откажани. Некои од нив ги намалија  и цените на сопствените аранжмани, но велат дека сè е попусто. „Во однос на минатата година, цените ги намаливме за 40% можеби и повеќе. Тие ц…

Апр 3, 2010

Пешачката патека за едни благодет, за други мака

Патеката од мостот до хотелот Парк е пешачка патека.  Ова беше неодама договорено помеѓу локалната и СВР Охрид. Овој договор очигледно некому му смета. Синоќа физичките препреки несовесни граѓани ги отстраниле. Потрпаролот на СВР, Стефан Димовски, вели дека се е фотографирано и докумнтирано, и уште додава дека надлежните работат на откривање на сторителот на делото, за кого ќе следи и соодветна пријава.Инаку оваа зона, по барање на СВР Охрид  беше назначена како пашачка пред околку две недели, по што мостот кај каналот се подигна и беа поставени соодветни собраќајни знаци и физички препреки…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top