Инвеститорите кои во моментов градат куќи и згради мора на сметката на ЈП „Комуналец“ да уплатат сума за вонредно одржување на јавната чистота. За вонредно чистење на улиците се плаќа според големината на објектот, цените ги утврди грaдаскиот совет, а договор се склучува со ЈП „Комуналец“. Со овој договор претпријатието се обврзува да ги активира дополнително сите служби за одржување на јавната чистота. Улиците секојдневно се чистат, а во ноќните часови се мијат, објаснува директорт на Комуналец. Првиот човек ЈП Комуналец, Алчев истакнува дека досега не се случило возачи на камиони да…
Под насловот “Македoнскиот бисер на балканот“ Охрид се најде на насловната страница на априлското издание на американското списание “State magazine”.”State magazine” се објавува секој месец од страна на американскиот Стејт департмент.Целта на списанието е да се олесни комуникацијата меѓу менаџментот и вработените дома и во странство и да ги запознае вработените со настаните кои можат да влијаат на работењето или персоналот.Списанието е исто така достапнo на лица заинтересирани да работат за Стејт департментот, како и на општата јавност.{loadposition content9}
Охридските угостители оптимистички очекуваат добра туристичка сезона – ако тоа се гледа по посетеноста на Охрид за Велигденските празници. И покрај сите случувања, има туристи и гости кои го сакаат Охрид, истакнува угостителот Љупчо Патчев.Тој ги демантира тврдењата дека Охрид е скапа туристичка дестинација. Тие не размислуваат за намалување на цените и велат нема од Охрид да направиме детска градинка. „Јас мислам дека Охрид не е скап. Aко направиме поевтини цени, тогаш од Охрид ќе направиме детска градинка на Македонија. Ќе го уништиме и оној туризам што го имаме. Родителите ќе патуваат …
Се заврши со изградбата на помошните простории за црквата. Оваа црква се наоѓа во непосредна близина на Факултетот за туризам, a е изградена во далечната 1863 година. Од јануари месец 2008 година, црквата е обновена и како парохија, најмала по обем во Охрид според бројот на семејствата. Парохијата брои некаде околу 400 домови. Отец Сашо Ристески информира дека секоја недела и за големите празници има редовна Божествена литургија и редовно се служат сите служби. Отец Ристески кажува дека средства за реконструкција се обезбедени во најголема мерка од донатори, верници, а дел се црковни средст…
Орагнизацијата на работодавачи од Европската унија, одржа семинар во врска можностите за употреба на европската легислатива во македонските компании. Овој пат предмет на расправа беше Законот за безбедност и здравје при работа. На Македонија и се потребни применливи закони, соодветни на нашиот бизнис менталитет. Најголем проблем со кој се соочуваат наште компании е неинформираноста. Македонските компании на својот пат кон европските пазари, ќе треба да се соочат со 90.000 страници европска легислатива. Втор проблем е имплементацијата на оваа легислатива, истакнува Вице Рушен, претседателот …
Најдоцна за месец и половина ќе започнат градежните активности за модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, најави раководството на турски “ТАВ“, концесионерот на македонските аеродроми.Во тек се подготвителните работи за реконструкција и на скопскиот аеродром, а вкупната инвестиција за модернизација на македонските воздушни пристаништа е проектирана на 200 милиони евра.Ревитализацијата на аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид ќе ја раководи компанијата „ТАВ констракшн“, а во тек се преговори со повеќе македонски градежни фирми за ангжма…
Се интензивираат градежните активности за изгадба на Охридскиот Менхетн. Со неговата изградба општинската каса од комуналии ќе се офајди со минимум 10 милиони евра. Градоначникот ги побива тврдењата на туристичките работници дека 2000-те стана од овој комплекс ќе ја загрозат работата на хотелите. Градежните активности кај Охридија во месноста Бејбунар се интензивираат. Градоначалникот Александар Петрески вели дека реализацијата на комплексот оди поспоро поради економската криза која не зафати. „Охридија е приваттен посед. Тие одлучуваат кој и како ќе гради. Ние само сугерираме градбите да …
Претставници на кинеските туристички агенции и медиуми денес во посета на Охрид. Тие ќе остварат и работна средба со сопствениците на локалните хотели и туристички агенции. Оваа посета е организирана од Агенцијата за промоција и развој на туризмот со цел да им помогне на туристичките работници од Охрид, да ја надминат неповолната состојба во која се наоѓа охридското туристичко стопанство. Кинезите заинтересирани за Охрид. Петнаесет претставници на кинески туроператори и претставници на шест медиумски куќи, имаа можност да се запознаат со културното наследство и убавините на Охрид. Станува …