По долго затишје во културното живеење на охриѓани, првото театарско освежување ќе биде в среда, со детската претстава „Петар Пан“, во режија на Ташко Лаброски. Претставата е заедничка соработка на Центарот за култура „Григор Прличев“ и театарската детска работилница „Мулти-Култи“ вели директорката на центарот, Драгана Боцеска. Во периодот што претстои таа најави нови културни содржини, за кои охриѓани чувствуваат потреба. Боцеска за досегашното културно затишје објасни дека тие и досега се обидувале да донесат театарски престави од Скопје, но тоа досега не им успевало, заради немање …
Во водите на езерото беа пуштени 200 илјади единки охридска пастрмка од минатогодишниот мрест со тежина од околу 70 грама, прв подмладок одгледан по вештачки пат во новоизградените капацитети на Хидробиолишкиот институт во Охрид.- Во преговори сме со албанската страна и наскоро ќе се сретнам со ресорниот министер од Република Албанија, со кого ќе ги дефинираме работите, односно ќе побараме забрана за риболов на охридската пастрмка од двете страни на езерото, изјави министерот Димовски.Директорот на Државниот земјоделски инспекторат Ванчо Димитриев, кој присуствуваше на акцијата за уништувањ…
Пред стартот на туристичката сезона се одржа нова трибина на која се изнесоа добро познати, стари проблеми, поради кои туризмот во Охрид со години наназад тапка во место. Присутните ја кажаа секој својата мака. Проблемите кои го кочат развојот на туризмот се изнесуваат теоретски, а никој не кажува како практично да се решат, недостасува меѓусебна комуникација истакна Горан Устијаноски, капетан и туристички водич. Посочи дека градот нема јавни тоалети, патоказни табли, Музејот на вода е без пристаниште, нема бродска линија Охрид-Струга, Струга- Охрид и Струга-Св. Наум. На тој начин се исп…
Отворен новиот дел на одделението за педијатрија при ЈЗУ Општа болница – Охрид. Одделот Б како што го нарекоа целосно е наменет за создавање подобри сместувачки и здрваствени услови во лекувањето на најмладите пацинти. „Идејата за проширување на одделението со искористување на слободен простор во делот т. н тераса со површина од 220 метри квадратни, се роди пред две и пол години од страна на стручнот тим на Р.Е Педијатрија. Нашата желба брзо беше прифатена од раководниот тим на општата болница, а за нејзина комплетна реализација се погрижи Ротари клубот од Охрид“, вели началникот на детскот…
Финишираат подготовките за детската претстава Петар Пан. Раководителот на мулти култи ценатарот повеќе од задоволен од постигнатите рзултати на децата. Претставта премиерно ќе биде прикажана во среда на 21 април, во 19 часот.Охрид има талентирана театарска младина. Мулти култи ценатрот од Охрид во среда ќе го престави проектот кој два месеци го подготвува со охридѓанчиња за нивните другарчиња. Во проектот Петар Пан учествуваат 13 деца.„ За нивната воздраст се одлични . Работиме цел февруари и март, а во април имаме секојдневно проби“, вели режисерот на претставата Ташко Лаброски. Младите …
„Примена на современа технологија во управување со водоводни системи“, е темата на стручното советување кое деновиве се одржува во Охрид. Советувањето е во организација на австриската компанија ЕВТ-ЕЛИН и Техноскоп-Скопје. Целта е претставување на системот и размена на искуствата од примената на истиот.Системотот на далечинско очитување на водомерите ветува. Една од најреномираните светски компании за производство на водомери EWT– ELIN Wasserwerkstechnik од Австрија, заедно со долгогодишната партнер фирма Техноскоп од Македонија го претставија системотот на далечинско очитување на водомери…
Занаетчиската комора на Република Македонија во партнерство со Занаетчиската комора Кобленц спроведува партнерски проект за унапредување на занаетчиството. Во рамките овој проект е и семинарот за можностите за финансирање на коморите преку употребата на германското искуство.Кои се можностите за финансирањеи самофинансирање на занаетчиските комори и организации со самостојно управување? Проектот за унапредување на занаетчиството кој се реализира заеднички помеѓу Занаетчиската комора на Република Македонија и Занаетчиската комора Кобленц од Германија, ќе овозможи размена на искуства и нивна с…
Извештајот на Комисијата за обештетување на поплавените граѓани сеуште не е готов. И по два изминати месеци од поплавите што ги зафатија делови од Охрид и од околните населени места, Комисијата не ја обелоденува сумата за обештеување, а граѓаните чекајќи финансиска помош загубија надеж дека ќе ја добијат.На лажните ветувања од локалната самоуправа им нема крај. И покрај многубројните ветувања дека конечно ќе излезат со сумата со која треба да се обештетат поплавните граѓани и овој пат не го одржаа својот збор. Раководителот на Фондот за комунален развој, Емин Селман, тврдеше дека проц…