Хидробилошкиот институт со полни раце работа. Во моментов се работи на национални проекти. Кралството Норвешка финасира проект тежок околу 150 илјади евра а се однесува на биолошки мониторинг на езерото од Македонска и Албанска страна. Првиот човек на инстутут најавува дека следната година ќе започне проет кој се однесува на утврдување на староста на Охридското езеро.Успешни но скромни. Хидробилошкиот институт работи на национални проекти, кои ги финасира министерството за образование. Внимание привлекува проектот финансиран од кралството Норвешка, вреден околу 150 илјади евра, а се одне…
Охрид може да се пофали со најмодерната атлетска патека и тоа не само во Македонија туку и пошироко. Патеката ќе ја оправда својата намена наскоро, со одржувањето на атлетскиот митинг на 19-ти мај. Промотор на митингот ќе биде поранешниот светски рекордер во скок со стап и еден од најдобрите атлетичари на светот на сите времиња, Сергеј Бупка.Станува збор за најмодерната атлетска патека, не само во нашата земја туку и пошироко. Патека направена по највисоки стандарди, за чијешто поставување се одговорни повеќе институции, вели претставникот на ИО на Атлетската федерација на Македонија, Иван…
Нафтена дамка во водите на езерото. Оваа појава вчера во попладневните часови ја регистрира екипата на ТВМ за што веднаш алармира. Надлежните веќе формираа координативно тело и се проверуваат сите шахти во градов со цел да се детектира потеклото на излеаната нафта и сторителот на ова дело. Се потврди информацијата дека масната дамка во водите на езерото потекнува од нафтени деривати. Имено, како што ТВМ информира, надлежните екипи на МЈП „Проаква“, Општинскиот и Државниот инспекторат, од вчера постојано се на терен на кејот од езерото каде што е регистрирана оваа појава. Тие се единствени …
Во месноста Мазија, охриѓани ќе добијат Холандски парк. Поголемиот дел од средствата наменети за паркот се донација на холандската амбасада во земјава, а дел од локалната самоуправа. Покрај спомен обележјето на холандскиот писател, Аден Долаард, посветен на традиционалното македонско –холандското пријателство, сега се подига и парк. Хортикултурно уредената површина ќе има повеќе содржини кои ќе бидат градени во три фази, најавува проект-координаторот од локалната самоуправа, Антонио Балески.„Проектот опфаќа не само класичен парк туку функционална, урбана модерна целина која ќе има повеќе с…
Со одводот на отпадните води проблеми имаат и граѓаните од населбата Радојца Новичиќ. И покрај преземените активности, односно, вклучување на две додатни пумпи, нивото на водата во системот во оваа населба сеуште е високо, информираат од МЈП „Проаква“. Очигледно се работи за прилив на вода од непознато потекло. Од ова претпријатие апелираат на соработка со жителите од оваа населба и доколку граѓаните знаат за постоење на диви приклучоци или дефекти, истите да ги пријават на тел: 046/230-020. Сервисирањето ќе биде бесплатно. Доколку тоа не го сторат во рок од една недела, МЈП Проаква ќе при…
Крајбрежниот простор, што води покрај патот за Горица Прва, хортикултурно ќе се уредува. Овој дел од брегот многу скоро ќе се претвори во зелено катче, излетнички простор, во кој охриѓани и гостите ќе најдат пријатно место за одмор, најавува првиот човек на ЈП „Комуналец“, Сашо Алчев.Просторот во моментов е запуштен, несреден и со купови шут, неодамна изваден од езерските води кога се закануваше прелевање. Алчев информира дека просторот ќе биде исчистен од шутот веднаш штом се подобрат временските услови. Желбата за чисто крајбрежје на комуналците им ја мати Министерството за транспорт и…
Жителите на улицата „Дејан Војвода“ се жалат на проблеми со шахтите кои неколку месеци стојат незаштитени. Велат дека проблем има и со атмосферската канализација на оваа улица. Од Одделението за комунален развој ветуваат скоро решение на комуналните проблеми на оваа улица. Веќе неколку месеци неколку шахти им задаваат главоболка на жителите на улицата „Дејан Војвода“. Претседателот на месната заедница, „7-ми Ноември“, Митрески Димитрија, информира дека станува збор за проблем кој досега резултира само со оштетување на нивните возила. Доколку не се реагира подитно, може да дојде до посериозн…
Камерата на ТВМ, вчера попладне, забележа мрсна дамка на површината на Охридското Езеро покрај кејот во центарот на Охрид Потеклото не е познато, но се претпоставува дека се работи за материјал од нафтени деривати истурен во канализациската мрежа. Денес на местото се излезени претставници на Државниот инспекторат за животна средина, локален комунален иснпекторат и од меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“, кое стопанисува со Колекторскиот систем за заштита на езерото.Според државниот инспектор за животна средина Фирус Мемет, причината за излевањето е непозната, но се претпоставува де…