Апр 26, 2010

Пешачката патека е за пешаци, не за велосипеди

Од кога единствената велосипедска патека во Охрид од мостот кај Билјанини извори до Горица е забранета за велосипедисти? Денеска бев сведок како сообраќаен полицаец ги отстранува велосипдистите кои возеа по таа патека, стои во дел од дописот кој наш сограѓанин го испрати во редакцијата на ТВМ. Во продолжение на е-маилот нашиот гледач бара да откриеме зошто соопраќајната полиција изминатиов викенд вршела вакви контроли на овој потег.Во интерес на вистината, се обративме во СВР Охрид. Портпаролот Стефан Димовски вели дека изминатиов викенд на целото подрачје на Општина Охрид се спровеле акцис…

Апр 26, 2010

Прославен патронатот на ОУ „Христо Узунов“

Со свечена приредба основното училиште „Христо Узунов“ го прослави по 33 –ти пат патрониот празник. Пред присутните гости од Словенија и Србија, родители, вработени и ученици  обраќање имаше директорката на училиштето Оливија Пирузева Јанева. Таа се осврна на развојот, успехот и проектите кои ги реализира училиштето во изминатата година. Поминаа многу генерации ученици и професори кои оставија свој белег во неговата историја. Приоритет на училиштето е да се понуди што  поквалитетно образование како сервис на учениците и партнер  на родителите истакнаа Јанева, а при тоа искажа и благодарност…

Апр 24, 2010

Бунт на станарите против урбанизацијата на парковите

Бунт на станарите од централното градско подрачје. Имено, тие се револтирани поради новиот објект кој деновиве интензивно се гради помеѓу трите кули наспроти старата автобуска станица. Оваа градба била оспорувана со анкетни листови уште во 1998 година, велат станарите кои тогаш успеале да го спречат издигнувањето на зградата. Но, проблемот и понатаму останал. Инвеститорот Славе Келешоски кој од неодамна добил решение за градба од пред еден месец започнал со градба на новиот објект  кој според станарите го нагрдува просторот. Тие повторно покренале постапка за стопирање на градбата и се пожа…

Апр 24, 2010

Грција со ултиматум и врз туризмот

Надежта последна умира. Туристичките работници од градов, а и пошироко сметаат дека и покрај големиот број песимистички најави ќе имаме успешна туристичка сезона. Тие сериозно се зафатија за работа сакајќи во Охрид повторно да ги вратат гостите од соседна Србија. За таа цел во нашиов град пристигнаа српски туроператори и еминентни новинарски куќи за да им се покаже дека Охрид е подготвен за туристичката сезона. Перо Јакимовски, сопственик на туристичка агенција, вели дека преку годината се прават сериозни напори што поголем број туристи да дојдат и да го посетат градов. Ставот на претставцн…

Апр 24, 2010

Планот на Домот за стари лица наскоро пред советниците

Се очекува успешно да завршат преговорите помеѓу локалната самоуправа и  Министерството за транспорт и врски за отстапување на државно земјиште кое ќе биде наменето за изградба на Дом за стари лица најавува Бранко Арнаудов, началник на секторот за урбанизам и просторно планирање. Тој ги појаснува деталите околу  подготовката  на документацијата за градба. „Завршени се измените на Законот за просторно и урбанистичко планирање, а со изработка на локалната планска документација сме при крај“, истакна Арнаудов. „Извршена е ревизија  и до крајот на април ќе се најде за усвојување пред охридските…

Апр 23, 2010

Бродарите бараат проширување на бродските линии низ езерото

Во Охрид нема организиран воден сообраќај. Во моментов бродовите пловат низ езерото слободно без ред на возење. Бродарите бараат проширување на пловидбата низ Oхридското езеро бидејќи како што тврдат иако езерскиот брег е во должина од 90 км во моментот тие сообраќаат само кон Св. Наум. За да се посетат  и останатите интересни дестинации на брегот  би требало да се одреди бродска линија.Охридската капетанија како и многу пати досега се огради од проблемите во водниот сообраќај. Негираат   дека тие се надлежни на организирањето на истиот. Овде се наметнува прашањето како го контролираат и ре…

Апр 23, 2010

Заштити-спречи-вакцинирај

Охриѓани  навреме ги вакцинираат своите деца од детските заразни болести, но сеуште постои отпор кон ХПВ имунизацијата. Причини за тоа, недоволна и неправилна информираност, велат експертите.Заштити-спречи-вакцинирај. Тоа е слоганот на овогодинешната европска недела на имунизација. Право на секое дете е да биде редовно вакцинирано, а обврска на секој родител е навремено да го носи своето дете на имунизација. Охриѓани го сфаќаат нејзиното значење. „Можеме да се пофалиме со 98% опфатеност во Охридско-струшкиот регион, а со неа се искоренети многу заболувања кои во минатото однеле доста животи…

Апр 22, 2010

Се сели ли Охридско лето во Скопје…

Претставништво на фестивалот „Охридско лето“ наскоро ќе биде отворено и во Скопје – ова денес за ТВМ го потврди директорот на фестивалот Тони Симоноски. Станува збор за помошна канцеларија чиешто седиште ќе биде во зградата на „Нова Македонија“. “Целта  на оваа канцеларија ќе биде да се олесни функционирањето на фестивалот“ информира Симоноски и додава “…канцеларијата ќе функционира и како прес-центар и место каде ќе може да се одржуваат состаноци помеѓу уметниците и селекторското тело на фестивалот“ Симоноски потенцира дека ова во никој случај нема да значи деноминација на улогата на Охр…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top